102- годишен Јапонец е најстарата личност која се искачила на планината Фуџи - Канал 5

102- годишен Јапонец е најстарата личност која се искачила на планината Фуџи

102-годишен Јапонец кој страда од сериозно срцево заболување е потврден како најстариот човек кој се искачил на планината Фуџи, но тој само ги крена рамената кога му беше признаено толку големо достигнување, како да не направил ништо посебно.

102- годишен Јапонец е најстарата личност која се искачила на планината Фуџи

Јапонецот Кокичи Акузава, роден во 1923 година, стоел на највисокиот врв во Јапонија откако речиси секоја недела пешачел како дел од неговата обука. Неговото искачување на Фуџи на почетокот на август било исто така признато во Гинисовата книга на рекорди.

„Јас сум шест години постар од последниот пат кога се искачив на Фуџи“, рече Акузава, осврнувајќи се на неговото искачување на планината од 3.776 метри на 96-годишна возраст.

„Бев на тој врв многу пати и го доживеав погледот од таа висина. А последниот пат кога стигнав до врвот, ништо посебно“, рече Акузава.

Веќе не планира да се искачува на Фуџи

Страствениот планинар, овој пензиониран сточар од централната покраина Гунма, исто така, волонтира во дом за стари лица и ги учи луѓето како да сликаат.

Подготовките за ново искачување на Фуџи, кој е исто така активен вулкан, започнаа откако тој се сопнал и се повредил додека се качувал на рид во близина на својот дом во јануари, потоа доби херпес зостер и на крајот беше хоспитализиран поради срцев удар.

Семејството беше загрижено за неговата намера повторно да се искачи на врвот на Фуџи, со оглед на неговата здравствена состојба, но Акузава беше непоколеблив. „Тој се опорави толку брзо што лекарите не можеа да поверуваат“, рече неговата 75-годишна ќерка Јукико.

Акузава го подели искачувањето на Фуџи на три дена. Помина две ноќи во планински засолништа и речиси се откажа поради големата надморска височина, што почна да му предизвикува проблеми. Но, тој успеа да стигне до врвот со помош и охрабрување од неговите придружници, вклучувајќи ја и неговата внука која е медицинска сестра.

Кога го прашаа дали би сакал повторно да се искачи на Фуџи, тој категорично рече „не“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП анализа: Спротивно од премиерот, иселувањето ќе се интензивира во наредните години!

Македонија денес не се соочува со изолирани грешки, туку со невидена серија на скандали што го уништуваат секојдневието на граѓаните.

ЛДП анализа: Спротивно од премиерот, иселувањето ќе се интензивира во наредните години!

Додека премиерот шири розева пропаганда за наводен просперитет, суровата реалност и најновите PISA резултати покажуваат поразителна слика за Македонија: загрижувачка елементарна и функционална неписменост кај младите и целосен слом на образовниот систем. Оваа општествена хаварија директно се пресликува и во судството, каде што одлуките станаа целосно неразбирливи за обичниот човек. Во оваа држава, за ситен криминал се одговара експресно, додека за најголемите коруптивни процеси постапките немаат завршница или завршуваат со ослободителни пресуди за кои дури и не се објавуваат пишани образложенија, како што е случајот со „Талир 2“ и седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. За да се види каде завршиле искрадените пари од џебот на граѓаните, не треба замислување или правни филозофии — доволно е само да се отворат очите во центарот на Скопје и да се погледнат онаа огромна камена палата со толку спратови и целиот плоштад пред неа.

Македонија денес не се соочува со изолирани грешки, туку со невидена серија на скандали што го уништуваат секојдневието на граѓаните. Власта новата учебна година ја започна со скандалозно преображение на наставните програми и слушање црковни писма наместо наука, додека прославата на независноста ја претвори во коруптивен спектакл со приватизација на државни функции. Генералната неказнивост гарантирана преку Кривичниот законик, законите заглавени со месеци, и трагичниот, животозагрозувачки недостиг на лекови на Онкологија се само потврда дека системот е целосно заглавен. По истиот овој коруптивен модел денес на сите им е јасно зошто бегаме од европските правила и зошто по истиот принцип паѓаат економијата, здравството и образованието.

Во вакви катастрофални околности, Либерално-демократската партија (ЛДП) констатира дека, спротивно од празниот оптимизам на премиерот, иселувањето од Македонија не само што нема да запре, туку драматично ќе се интензивира во наредните години како директна последица на ова лошо владеење. Кој нормален човек, млад професионалец или родител би останал да живее во земја каде што ги нема основните услови за здравје, правда и заштита на сопствените деца? Единствените кои со задоволство ќе останат во ваква заглавена држава се луѓето од партиската елита на ВМРО-ДПМНЕ, кои се и единствените кои ја градат сопствената иднина врз грбот на оние кои си заминуваат.

Со почит,

Либерално-демократска партија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мобилниот тим „Task Force“ пронајде дрога во Љубаништа, лишено од слобода едно лице

При извршениот преглед кај лицето биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана, како и една сина таблета.

Мобилниот тим „Task Force“ пронајде дрога во Љубаништа, лишено од слобода едно лице

Вчера (12.09.2026) во 22:20 часот, полициски службеници од мобилниот тим „Task Force“ при Регионалниот центар за гранични работи Запад-Охрид, во рамки на преземените мерки и активности во врска со недозволена трговија со дрога, кај Автокамп „Љубаништа“ извршиле контрола и преглед над А.Ш.(43) од Прилеп.

При извршениот преглед кај лицето биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана, како и една сина таблета.

Лицето било лишено од слобода, а за настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид. По целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Нови улици, училишта, спортски содржини и зголемена поддршка за семејствата, Илинден се развива со дела

За период од една година Општина Илинден со посветена работа и јасна визија продолжува да се сразвива и да создава подобри услови за живот на сите граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ: Нови улици, училишта, спортски содржини и зголемена поддршка за семејствата, Илинден се развива со дела

Во изминатиот период во Општина Илинден се реализираа бројни проекти кои директно го подобруваат секојдневието на граѓаните.

Општина Илинден продолжува со силни инвестиции во инфраструктурата. Реконструирани и изградени се повеќе локални улици и патишта во Илинден, Кадино, Мршевци Дељадровци и населбата Јака, а во тек се и нови инфраструктурни проекти.

Посебен фокус е ставен на иднината на децата. Започната е изградбата на новата училишна зграда во ООУ „Гоце Делчев“, со 10 училници и современи услови за настава. Во училиштата низ општината продолжуваат реконструкциите, опремувањето и создавањето подобри услови за учениците.

Грижата за семејствата останува еден од приоритетите. Еднократната финансиска поддршка за новороденчињата е зголемена на 6.000 денари, а од учебната 2026/2027 година е воведена и поддршка од 3.000 денари за секое прваче, покрај бесплатните ранци и прибор.

Се инвестира и во спортот. Се гради нова трибина на фудбалскиот стадион во Илинден со капацитет од околу 1.100 гледачи, додека спортската сала „Гоце Делчев“ се реновира по речиси две децении. Реконструирани се и спортски игралишта во Мралино и Марино.

Инвестициите во животната средина и комуналната инфраструктура продолжуваат. Изградени се повеќе километри канализациска мрежа во Кадино, започнат е голем проект за канализација во Миладиновци, продолжува проширувањето на водоводната мрежа, а во рамките на проектот „Зелена Општина Илинден“ засадени се над 1.000 нови садници.

Ова се само дел од проектите кои се реализирани.

Општина Илинден продолжува со уште посилно темпо, за современа инфраструктура, подобри услови за живот, повеќе можности за младите и сигурна иднина за секое семејство.

Илинден продолжува да се развива и да се менува на подобро.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер