3Хуманоидните роботи се подготвени за масовен влез во фабриките- до 2035. би се произведувале 1,5 милион годишно
ЖивотНа планината Фуџи сè уште нема снег Крај на октомври е, а на јапонската планина Фуџи чијашто надморска височина е поголема од 3.700 метри, сè уште нема снег.Јапонија, инаку, имаше едно од најжешките лета во историјата. Откако се бележи нивото на снежната покривка, ова е најдолгиот период во последните 130 години без снег. Инаку, тука снегот обично паѓа на почетокот на октомври, но поради невообичаено топлото време годинава снег воопшто нема, пренесуваат западните медиуми. Занимливо е и тоа што температурата во јули и август била за 1,7 Целзиусови степени повисока од просечната. Причината за топлото време и во јуни е северната положба на тн. суптропски млазен поток, којшто овозможува продор на топол јужен воздух над Јапонија. Млазниот поток е брза воздушна струја што патува низ планетата. Се создава кога потопол воздух од југ се сретнува со постуден воздух од север. Температурите, следствено, надминаа 35 Целзиусови степени. Речиси 1.500 области беа погодени од екстремно топли денови, соопшти Јапонското метеоролошко друштво. За дождот да се претвори во снег, температурата мора да биде околу нула. Во октомври горештините малку попуштија, но сепак беа натпросечни. Како што наближува ноември, а сè уште нема снег, тоа ќе биде „најдолгото чекање снег“ во една година од 1894. досега, кога почнале мерењата, соопштија властите. - Претходниот рекорд - поставен на 26 октомври, се случи во 1955. и 2016 година, изјави метеорологот Јутака Катсута. Иако еден настан не може директно да се поврзе со климатските промени, недостатокот на снег на Фуџи е токму она што климатските експерти го предвидуваат за глобалното затоплување. Фуџи се наоѓа југозападно од Токио, и е највисоката планина во Јапонија со 3.776 метри надморска височина. Вулканот којшто последен пат еруптираше пред нешто повеќе од 300 години, е една од знаменитостите на Јапонија, и инспирација за многу уметнички дела. Меѓу јули и септември лани, на пр., повеќе од 220.000 луѓе се искачија на врвот. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПредлог буџет за 2027 година на собраниска комисија 08:31По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МетеоПроменливо облачно со сончеви периоди и температура до диури 25 степениВремето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 13, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 24 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Под влијание на серија од влажни бранови следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Утре ќе преовладува релативно топло време со температури кои ќе бидат значително над просекот за овој период од годината и ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање, особено во северните делови.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 13. ноември 2026 година Дневен хороскоп за петок, 13. ноември 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Веселба , забавување , опуштеност и среќа- сето тоа интензивно може да го почуствувате денеска. Кариера Повеќето денеска ќе се опуштат со спортски настани. Некои ќе се занимаваат со спорт , а другите ќе бидат во публика. Работата ќе ја завршите набрзина. Здравје и совет Ќе почуствувате родителска љубов , било да ја давате или да ја примате. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Освен добро и интересно друштво , денеска неочекуѕвано би можеле да запознаете личност која изгледа како да не е од оваа планета. Кариера Своите необични идеи јасно може да ги претставите без страв дека ќе ве сметаат за несериозен. Овој пат ве почитуваат. Здравје и совет Сѐ ќе ви биде интересно. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Оние во врска ќе поминат интересен ден полн со размена на идеи. Оние кои се сами , исто така ќе имаат квалитетна дружба. Кариера Многумина денеска повеќе ќе се потрпираат на сопствениот авторитет , отколку на знаењето. Сепак , ќе успеете во она што сте го наумиле. Здравје и совет Бидете малку поскромни. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Не се чудњете веќе на ништо , па дури и ако некој неповикан ви заѕвони на врата. Се е можно. Кариера Со нетрпение ќе го дочекате крајот на работното време , бидејќи сте полни со идеи кои не се поврзани со вашата работа. Здравје и совет Ќе истражувате интересни работи . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Во попладневните часови ќе дојде до подобрување на комуникацијата меѓу вас и саканата личност , што ќе ве расположи. Кариера Во текот на денот ќе сфаттите дека може повеќе и подобро. Ситуацијата ќе биде во ваша полза и ќе ви се отворат нови можности. Здравје и совет Не сте сами на светот. Овен 21.3-20.4. Љубов Некои ќе се однесуваат како да се сенки . Нема да се осмелат ништо да направат , зашто се свесни дека не им оди најдобро во врската. Кариера Учете и подгответе се за поквалитетно работно место. Ова што сега го работите е добро , но можете и подобро. Здравје и совет Бидете трпеливи. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе ве измачува недостиг од самодоверба. Ќе гледате една личност , но ќе се двоумите како да и пријдете. Кариера Оние кои го рашириле кругот на деловни контакти и врски , денеска ќе искористат нешто од тоа. Здравје и совет Верувајте во поубаво утре. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе се двоумите дали да останете дома или да излезете меѓу луѓе. Ќе реши вашиот партнер , доколку го имате , или случајноста ако немате партнер. Кариера Не носете заклучок без да ги добиете сите информации . Викендот пред вас е добар за концентрирано размислување во самотија и тишина. Здравје и совет Потрудете се да се храните здраво. Рак 22.6-22.7. Љубов Интелектуалното ниво на односите со партнерот ќе биде во експанзија и така ќе ја надополните празнината во емотивното. Кариера Размислувајќи за работата ќе бидете се посигурни дека сте на вистинскиот пат и дека пред вас е светла иднина. Здравје и совет Имате право. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе изгледа како малку да може да влијаете на работите , но вистина е дека може да влијаете на себеси и на своето однесување. Преку тоа и на другите. Кариера Ќе ве изненади еден предлог со кој би можеле да направите вистински скок на скалилото на хиерархија. Не сте сигурни дека тоа ви е потребно. Здравје и совет Размислувајте во тишина. Девица 23.8.-23.9. Љубов Мал дисбаланс во чувствата ќе бидат со преоден карактер , па немојте на тоа да придавате некакво значење. Кариера Ќе се покаже дека вие имате повеќе заслуги за некои деловни резултати отколку вашите шефови , но немојте тоа да го потенцирате. Здравје и совет Игнорирајте ги грижите . Вага 24.9.-23.10 Љубов Како што ќе минува денот, вие ќе станувате се посвесни дека сте повторно вљубени , било во нова или пак во личноста со која веќе сте во врска. Кариера Оние чија работа е поврзана со млади луѓе , ќе бидат дополнително ангажирани. Добро ќе работите. Здравје и совет Подобрување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПредлог буџет за 2027 година на собраниска комисија 08:31По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаПетар Арсовски и Иван Анастасовски во „Само вистина“ Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Петар Арсовски и Иван АнастасовскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook