10- годишниот син на Бен Афлек со неговото Ламборџини удрил во паркирано БМВ - Канал 5

10- годишниот син на Бен Афлек со неговото Ламборџини удрил во паркирано БМВ

Самјуел, 10-годишниот син на славниот актер Бен Афлек, деновиве му зададе многу проблеми на својот славен татко.

10- годишниот син на Бен Афлек со неговото Ламборџини удрил во паркирано БМВ

Момчето се обидело да седне зад воланот на Ламборџинито на татко му во Лос Анџелес, кога несакајќи се судрило со БМВ паркирано зад него.

Семјуел со Бен и неговата девојка Џенифер Лопез се упатиле кон застапништвото за луксузни автомобили, а во еден момент Афлек му дозволил на синот да седне на возачкото седиште додека работел моторот на неговото жолто Ламборџини. Во еден момент автомобилот тргнал во рикверц и го допрел предниот дел на белото БМВ кое било паркирано зад него, пренесува Page Six.

Момчето било на возачкото седиште со отворена врата, додека Афлек бил помеѓу вратата и возачкото седиште, а Лопез седела зад Самјуел на возачката страна. По контакт со другото возило, Афлек отишол да види што точно се случило, а неговиот син излегол од автомобилот.

Кога утврдиле дека штетата не е преголема, актерот го гушнал синот, додека Џенифер го фатила за рака и си заминале. Портпаролот на познатиот актер за TMZ изјавил дека нема штета и дека двете страни се задоволни и нема никакви проблеми.

Семјуел е најмалото дете на Бен Афлек и поранешната сопруга Џенифер Гарнер, а заедно имаат две ќерки, тринаесетгодишната Серафина и шеснаесетгодишната Вајолет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најмалку 109 мигранти загинаа кога бродот се преврте во близина на Џибути

Најмалку 109 мигранти, меѓу кои и 15 деца, загинаа, а повеќе од 116 се водат како исчезнати откако брод со околу 350 луѓе се преврте на пат од Џибути кон Јемен, соопшти Меѓународната организација за миграции (ИОМ). 

Најмалку 109 мигранти загинаа кога бродот се преврте во близина на Џибути

Бродот се преврте во текот на ноќта меѓу 8 и 9 октомври во близина на Гухере, северно од Обок, пристанишен град во Џибути. Според податоците на ИОМ, повеќе од 80 луѓе ја преживеале несреќата и сите тие се државјани на Етиопија, пренесува Срна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Алкараз изненади со нов имиџ

Вториот светски тенисер Карлос Алкараз изненади со нов изглед.

Фото: Алкараз изненади со нов имиџ

Шпанскиот тенисер се појави на тенискиот терен без препознатливата брада, но со мустаќи.

Карлос Алкараз се појави на мечот од второто коло во Шангај со нов, интересен изглед. Шпанскиот тенисер ја избричил брадата и остави само мустаќи, а потоа на теренот ја оправда улогата на фаворит.

Во второто коло го победи Аргентинецот Хуан Мануел Серундоло со 6:3, 6:3 и се пласираше во третото коло. Мечот траеше само 66 минути.

Новиот изглед не бил случаен. Алкараз открил дека сè започнало откако победил на турнирот во Токио, каде што ја освоил својата прва титула по враќањето по повредата на зглобот.

Тој се договорил со членовите на својот тим дека, доколку победи на турнирот, сите ќе пуштат мустаќи и ќе настапат во Шангај со тој изглед.

„Ќе ги задржат цела недела. Отсекогаш сум сакал да излезам на теренот со мустаќи. Пред Токио рековме: 'Ако победам на турнирот, сите мора да имаме мустаќи и да играме со нив во Шангај'. Навистина е забавно, се смееме и уживаме“, објасни Алкараз.

По победата, тој се потпиша на камерата со пораката „Тим Мустаќи“, со што дополнително покажа дека целата приказна ја прифатил како забавен предизвик заедно со луѓето од својот тим.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Винисиус му се извини на Реал, потоа ги нападна судиите: „Каква срамота!

Бразилецот Винисиус Жуниор им се извини на соиграчите и на навивачите на Реал Мадрид поради исклучувањето на натпреварот против Виљареал, но набрзо потоа се огласи и ги критикуваше судиските критериуми.

Винисиус му се извини на Реал,  потоа ги нападна судиите: „Каква срамота!

Бразилскиот фудбалер доби директен црвен картон во 72. минута, откако за време на натпреварот го повлече Нејтан Салиба за коса.

Реал Мадрид оствари минимална победа над Виљареал, но натпреварот го одбележа еден необичен потег на бразилскиот напаѓач. Винисиус влезе во игра во второто полувреме, а само 20 минути подоцна беше исклучен по проверка преку ВАР.

Инцидентот се случи близу средината на теренот, во ситуација кога топката не беше во непосредна близина.

Контроверзниот Вини го повлече Салиба за косата, поради што судијата, по прегледувањето на снимката, одлучи директно да му покаже црвен картон.

Поради исклучувањето, голот што Бразилецот го постигна во продолжението на акцијата беше поништен.

По натпреварот, Винисиус се огласи на социјалните мрежи и им се извини на Реал Мадрид и на навивачите. „Радоста продолжува, им се извинувам на тимот и на навивачите“, напиша Винисиус на Инстаграм.

Сепак, тој не застана тука. Во следната објава, тој сподели неколку ситуации за кои смета дека покажуваат нееднакви критериуми при судењето, тврдејќи дека токму тој бил казнет во случаи кога други играчи поминале без истите санкции.

„Кој доби жолти и црвени картони овде? Само Винисиус, каква штета!“, напиша Бразилецот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер