МакедонијаРистовски: Кога имате техничка влада, тоа е сигнал дека нешто во општеството не функционира„Немаме валиден веродостоен резултат на парламентарни и на локални избори“Вакви латерални решенија не се додадена вредност на општеството, кога имате техничка влада, тоа е сигнал дека нешто во општеството не функционира. Технички влади праќаат лоша порака и дома и кон меѓународната заедница. Тоа е доказ дека нема сигурност, а до сега и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со свое владеење имаа можност да го сменат политичкиот систем. Нам ни треба сериозен рез и длабоки реформи. Ако СДСМ ја напушти работната група за изборниот законик, тоа е одраз на немоќ. Ние имаме дисторзиран изборен систем. На денот на Парламентарните избори имате 2980 гласа по избирачко место во 19 часот дента значи во 12 и 10 на полноќ биле 2980 во едно избирачко место, во 19 часот се смалиле на 21 глас. Секаде делеле со количник 12. Значи тоа го прави некој октуриран центар на моќ. Оттука СДСМ знае дека имаме лажирање на на избори. Ние немаме валиден веродостоен резултат на парламентарни и на локални избори во Македонија, вели Љупчо Ристовски во Само Вистина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНови мерки за заштита на животните: АХВ предлага казни до 5.000 евра за сопствениците на миленици 09:19Првомајски протест на ССМ: Побараа повисоки плати и работнички права15:05Мицкоски: Нема застој во реформската агенда, ќе испорачаме сѐ и навреме12:26ССМ со првомајски протест за повисока минимална плата, СОНК останува на дијалог08:32Мицкоски: Луѓето се качија на Марс, вие уште се занимавате со популистички прашања 15:21
Нови мерки за заштита на животните: АХВ предлага казни до 5.000 евра за сопствениците на миленици 09:19
МакедонијаСДСМ: Уште ли патуваат документите од Министерството за Правда за Груевски?Уште ли патуваат документите од Министерството за Правда за Груевски или се заглавија во Пошта?Поминаа три недели откако новиот унгарски премиер Петер Маѓар изјави дека Унгарија нема да биде "безбедна" куќа за криминалци и посебно го спомена Никола Груевски. Од страна на Владата на Мицкоски и Министерството за правда сè уште нема поднесено барање за екстрадиција на осудениот криминалец Груевски. Мицкоски не сака да го побара Груевски. Не знае што да прави со него. Ако го апси – ќе се соочи со осуда на сопственото членство. Затоа Мицкоски тивко му дава можност на Груевски да побегне. Затоа документите или патуваат или се заглавија во Пошта. Ова не е случајност. Ова е свесна заштита на криминалецот од страна на шефот на криминалната организација ВМРО-ОКГ. Граѓаните јасно гледаат: тој не го враќа Груевски затоа што не сака да го врати. Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста! СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеАлиу: Телемедицината ќе ги поврзе лекарите од дијаспората со пациентите во земјатаМинистерот за здравство, Азир Алиу, соопшти дека телемедицината ќе биде една од клучните столбови за подобрување на здравствениот систем и справување со недостигот на лекари во земјата.Говорејќи за предизвикот со заминувањето на здравствените професионалци од земјата, тој нагласи дека дел од решението лежи во вклучувањето на лекарите од дијаспората преку технологијата. „Денес имаме голем број лекари во дијаспората кои се многу добри специјалисти, работат на високо ниво и се почитувани во земјите каде што работат. Ние не сакаме овој човечки капацитет да остане неискористен“, изјави министерот Алиу. Според него, преку телемедицината ќе се овозможи овие професионалци да придонесуваат директно или од далечина во здравствениот систем на Северна Македонија. Тој информираше дека имал директна комуникација со претставници на академските институции и многумина од нив изразиле подготвеност да придонесат, дури и без финансиски надомест. Проектот веќе влезе во почетната фаза на имплементација. Телемедицината е пилотирана во два града, во Дебар и во Делчево, каде што здравствените услуги се обезбедуваат од далечина од главниот град, Скопје. „Првата фаза е пилотирање, додека втората фаза ќе се фокусира на стандардизација на процедурите за телемедицина, со цел системот да се прошири и да ги вклучи и лекарите кои работат надвор од земјата“, истакна Алиу. Тој додаде дека третата фаза ќе вклучува развој на дигитални системи за напредни анализи, особено во областа на радиологијата. Преку овие системи, лекарите специјалисти од дијаспората ќе можат да даваат професионални мислења за случаите кои се третираат во здравствените институции во земјата. Според министерот, телемедицината не само што ќе помогне во подобрување на пристапот до здравствени услуги, туку ќе создаде и одржлива мост-соработка со професионалците од дијаспората. Тагови: Азир Алиу Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСАД бараат поддршка за Ормутскиот теснец по нападот врз сојузницитеАдминистрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп бара меѓународна коалиција за обезбедување на Ормутскиот теснец, и покрај неговите остри вербални напади врз сојузниците и тврдењата дека САД можат да го сторат тоа сами. Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп бара меѓународна коалиција за обезбедување на Ормутскиот теснец, и покрај неговите остри вербални напади врз сојузниците и тврдењата дека САД можат да го сторат тоа сами. Според интерен документ што го виде американскиот NBC News, САД започнаа нова иницијатива за помош на бродовите да поминат низ клучен воден пат блокиран од Иран, објавува Sky News. Иницијатива за слобода на навигација Иницијативата, наречена „Конструкт за морска слобода“, предвидува хармонизација на дипломатските и економските мерки против Иран од страна на сојузниците и размена на разузнавачки информации за безбеден транзит. Во меморандумот се вели дека тоа ќе ги надополни „напорите за поморско планирање предводени од Обединетото Кралство и Франција“. „Со нетрпение очекуваме да воспоставиме комуникациски канали со Велика Британија и Франција за да избегнеме преклопување и да соработуваме тесно на овие напори“, се додава во документот. Повикот за соработка е во спротивност со неодамнешните изјави на претседателот, во кои тој остро ги критикуваше европските сојузници и НАТО. „Не добивме никаква помош, ниту малку од НАТО“, рече Трамп синоќа.Тагови: Ормутскиот теснец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook