Првомајски протест на ССМ: Побараа повисоки плати и работнички права - Канал 5

Првомајски протест на ССМ: Побараа повисоки плати и работнички права

Под слоганот  „За плата се бориме – не се молиме“ Сојузот на синдикати излегоа на протестен марш на меѓународниот ден на трудот 1-во Мај. 

Првомајски протест на ССМ: Побараа повисоки плати и работнички права

Под мотото „За плата се бориме не се молиме“ од пред работничкиот дом Сојузот на синдикати на Македонија точно во 11 часот го започна првомајскиот марш, по повод одбележување на Меѓународниот ден на трудот... Голем број работници, синдикалци и граѓани се собраа со барања за минималец од 600 евра, повисоки плати за сите, подобри услови за работа, почитување на колективните договори и поголема заштита на работничките права.

Први мај живее и ќе продолжи да живее се додека има работници коишто се борат за своите права – порачаа синдикалците од пред првата дестинација – Законодавниот дом.

„Бараме во најбрз можен рок да се започне со почитување на колетивните договори и достоинствено вреднување на трудот на вработените во секторот образование. Бараме достоинствена плата и достоинствено вреднување на трудот за вработените во детска заштита. Не се откажуваме од ове барања не затоа што нас така ни текнало туку затоа што така е предвидено во колективните договори.“

Со поздрав да Живее први мај – синдикалците од пред Собранието се упатија кон Стопанските комори. Рабоникот е столбот на економијата им порачаа работниците на работодавачите, со посебен акцент ставен на почитување на работничките права и нивната заштита и безбедност при работа.

„Не знам зошто сакаат макеоднскиот работник да биде најсиромашен во Европа и светот. Дали треба да дозволиме оваа година статистика од 31 работник кој не се вратил дома при семејството? Сакаме да ставиме крај на сите лоши политики, на сите лоши газди, да има црна листа каде што луѓето не треба да работат пред да го загубат својот живот. Сакаме да им кажеме дека работникот е темелот на државата.... “

Речиси двочасовниот марш заврши пред Владата со испорачување на главните барања од страна на првиот синдикалец, Слободан Трендафилов. Вели 80 години како синдикат се бореле и ќе продолжат да се борат за своите права, а денештниот марш нема да биде последен...

„Денеска дојдовме да им кажеме дека по нивните податоци од УЈП пола народ, живее со плата под 600 евра. Денеска дојдовме да им кажеме дека една третина од вкупниот работнички народ во МАкедонија живее на прагот на сиромаштијата....Да живее први мај да живее работничката класа да живее Македонија....“

На денешниот марш критки беа упатени и до останатите сидникати во земјава кој овој 1ви мај решија битката за работничките права ја водат преку социјален дијалог а не на улица....

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски.

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

На средбата, министерот Ристовски ѝ го честиташе изборот на претседателската функција и ѝ посака успешна работа, со уверување дека со посветеност, визија и добра соработка можат да се постигнат значајни резултати во унапредувањето на скијачките спортови во Македонија.

Ристовски ја истакна подготвеноста на Министерството за спорт да даде поддршка на активностите и иницијативите на Федерацијата насочени кон развој на скијањето, создавање подобри услови за работа и тренинг на спортистите, како и поттикнување на младите да се вклучат во скијачките спортови.

На средбата беше потврдена важноста од континуирана соработка меѓу институциите и спортските федерации, со заедничка цел за создавање посилни основи за развој и афирмација на скијачките спортови во Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Брутален нокаут на хокеј

Натпреварот во  американската хокеарска лига, НХЛ помеѓу Отава Сенаторс и Вашингтон Капиталс беше одбележан со брутален нокаут, по кој Ник Казинс остана да лежи на мразот. 

Видео: Брутален нокаут на хокеј

Напаѓачот на Отава прими силен удар од одбранбениот играч на Вашингтон, Џејкоб Чикран, кој го собори додека тој се обидуваше да ја контролира пакот во сопствената зона.

Казинс не го забележа приближувањето на противникот, а силината на ударот го фрли на мразот. Тој остана да лежи неподвижен, со лицето надолу, што предизвика итна реакција од медицинскиот тим и неговите соиграчи.

По неколку моменти, тој успеа да стане, но го напушти мразот со помош на други играчи и членови на персоналот. Тој не се врати во игра.

Одлуката на официјалните лица привлече посебно внимание. Тие ја прегледаа снимката за да утврдат дали е оправдана голема казна, но на крајот заклучија дека немало прекршок. Главниот тренер на Отава, Тревис Грин, не се согласи со таа проценка.

По натпреварот, тој изјави дека е изненаден од одлуката, истакнувајќи дека, според него, станува збор за удар во главата на играч кој не бил подготвен за контакт.

„Не е добро“, рече кратко Грин кога новинарите го прашаа за состојбата на неговиот играч, додавајќи дека Казинс не бил однесен во болница.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најавена нова дипломатска офанзива: Кушнер и Виткоф заминуваат директно кај Путин

Џаред Кушнер, советник и зет на американскиот претседател, изјави дека тој и специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф, утре ќе отпатуваат за Москва за да се сретнат со рускиот претседател Владимир Путин.

Најавена нова дипломатска офанзива: Кушнер и Виткоф заминуваат директно кај Путин

Како што пренесува „Скај њуз“, Кушнер на прес-конференција во Абу Даби изјави дека разговорите водени денес ќе бидат разгледани за време на средбата со Путин. Кушнер најави дека по посетата на Москва, тој и Виткоф ќе заминат за Даблин за да се сретнат со украинскиот претседател Володимир Зеленски и „дополнително да ги разгледаат некои од идеите до кои дојдошле денес“.

Тој нагласи дека Вашингтон гледа „одредени можности и шанси за напредок“ во преговорите. На прашањето од новинар дали постојат планови за директна средба меѓу Путин и Зеленски, Кушнер одговори дека Русија сака да види „поголем напредок пред такво нешто да може да се случи“.

Кушнер исто така истакна дека е очигледно оти постои мала доверба или меѓусебна блискост меѓу Путин и Зеленски.

Владимир Медински, помошник на рускиот претседател и шеф на руската делегација, денес изјави дека Русија и Украина, за време на разговорите во Абу Даби, постигнале договор за нова, голема размена на затвореници, при што конкретните услови за размената ќе бидат објавени наскоро.

Како што пренесува агенцијата ТАСС, тој им изјавил на новинарите дека за време на преговорите меѓу Русија, САД и Украина било покренато и едно хуманитарно прашање. „Во принцип, се договоривме за нова, голема размена на затвореници, чии конкретни параметри ќе бидат објавени во блиска иднина“, рече Медински. Преговорите меѓу делегациите на Русија, САД и Украина завршија денес во Абу Даби.

Сите делегации го напуштија местото на одржување на разговорите под придружба на полициски возила. Разговорите се одвиваа зад затворени врати, без присуство на медиумите.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер