Куба жестоко му одговори на Вашингтон: „Нема да не исплашите“ - Канал 5

Куба жестоко му одговори на Вашингтон: „Нема да не исплашите“

Американскиот претседател Доналд Трамп во синоќа потпиша извршна наредба со која се прошируваат санкциите на САД против кубанската влада, изјавија за Ројтерс двајца претставници на Белата куќа

Куба жестоко му одговори на Вашингтон: „Нема да не исплашите“

Американскиот претседател Доналд Трамп во синоќа потпиша извршна наредба со која се прошируваат санкциите на САД против кубанската влада, изјавија за Ројтерс двајца претставници на Белата куќа, во обид да се зголеми притисокот врз Хавана по соборувањето на Николас Мадуро.

Новите санкции се насочени кон поединци, компании и филијали кои го поддржуваат безбедносниот апарат на кубанската влада или се вклучени во корупција и сериозни кршења на човековите права, како и кон агенти, службеници и поддржувачи на режимот, соопштија претставниците.

Во копија од наредбата, објавена од Белата куќа, се наведува дека санкциите можат да се воведат против „секое странско лице“ кое работи во енергетскиот, одбранбениот, рударскиот, финансискиот или безбедносниот сектор на кубанската економија, како и во други сектори што Вашингтон последователно ќе ги утврди.

Уредбата, исто така, дозволува воведување секундарни санкции за секој што врши или олеснува трансакции со субјекти кои се на црната листа на САД.

Кубанскиот министер за надворешни работи, Бруно Родригез, изјави дека Хавана ги отфрла новите мерки, кои беа објавени за време на традиционалните прослави на Први мај. Тој оцени дека овие „еднострани мерки“ ја кршат Повелбата на Обединетите нации и претставуваат обид за колективно казнување на кубанскиот народ.

„Соединетите Американски Држави немаат право да наметнуваат мерки врз Куба, ниту врз трети земји или субјекти. Тие нема да нè заплашат“, рече Родригез на социјалните мрежи.

Со децении, САД бараа Куба да ја либерализира својата државна економија, да плати надомест за имотот национализиран по револуцијата и да одржи слободни и фер избори. Сепак, Куба инсистира дека нејзиниот социјалистички систем не е предмет на преговори.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Филков и ЗНАМ се срам за ова општество, ЕК ja потврди катастрофаta во правосудството

Филков од ЗНАМ вели дека ЕК го потврдила сработеното. За две години ги поставиле темелите за реформа на правосудството.

СДСМ: Филков и ЗНАМ се срам за ова општество, ЕК ja потврди катастрофаta во правосудството

Македонија доби катастрофален Извештај од ЕК. Нула напредок во борбата против корупцијата. Нула во слободата на изразување. Нула во јавните набавки. Судството и медиумите под политичка опсада.

Корупцијата на високо ниво останува широко распространета и сериозна причина за загриженост.

Предметите застаруваат. Се создава перцепција на неказнивост.

Во најважниот кластер Темели има чиста нула. Во девет области оценката е пониска од лани.

Покрај тоа што не се направени реформите, има криминал и корупција на највисоко ниво.

Максим Димитриевски правел состаноци со Вулин за Алта банка. Вулин - директор на БИА, министер за полиција и одбрана, споменуван во Sky преписките како еден од главните за шверц на наркотици во Вучиќевиот клан. Една од темите на состанокот во Куманово била Aлта банка.

Филков додека беше министер за правда не ги испрати документите за екстрадиција на Никола Груевски.

Максим со земјуште за Лидл, бугарски пасоши и фирми во Бугарија што треба да ги испита обвинителството. Тендери во Пошта за советници од ЗНАМ.

ЗНАМ прво ја издадоа партијата. Ги финансираше Мицкоски. Потоа ги издадоа гласачите и влегоа со ОКГ во тендер коалицијата. Денес ги лажат граѓаните.

Срам за нашата земја кој го претставува правосудството.

Уште малку и ќе бидат испратени на политичко-историското ѓубриште, а потоа и да одговараат пред европското обвинителство и слободните судови.

Вистината излегува. Бандата ќе одговара, се наведува во партиската реакција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Русија ги засилува нападите- 250.000 Украинци се без струја

Новите руски напади врз енергетската инфраструктура во Украина, извршени синоќа, оставија стотици илјади корисници без електрична енергија во регионите на Дњепропетровск и Харков, објавија властите и украинскиот снабдувач со енергија. 

Русија ги засилува нападите- 250.000 Украинци се без струја

Украина се подготвува за уште една исклучително тешка зима на војна, додека Русија го зголемува своето секојдневно воздушно бомбардирање, насочувајќи ја електричната мрежа кон беспилотни летала и ракети.

Во централниот регион на Дњепропетровск, „повеќе од 600.000 Украинци останаа без електрична енергија“, објави украинскиот оператор DTEK на Телеграм, по „ноќните напади во кои беа оштетени важни енергетски објекти“. Поправките на мрежата се попречени од повторени напади, забележа компанијата.

Во одделен напад, руски дрон погоди „клучен објект“ во североисточната област Харков, објави на социјалните медиуми Микола Бакшеев, градоначалник на градот Златопил. „Речиси 250.000 корисници во регионот Харков останаа без електрична енергија“, рече тој. Поправките се во тек.

Енергетската инфраструктура во пет украински региони, вклучувајќи ги Дњепропетровск и Харков, веќе беше цел на масовни руски напади преку ноќ, што доведе до прекини во електричната енергија.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги осуди нападите како форма на „притисок“ што го применува Москва пред трилатералните разговори, за кои се очекува да продолжат следната недела.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трагедија која ги потресе Полска и светот: Убиецот делувал под влијание на екстремно-десна идеологија

Бројот на жртвите од страшниот масакр во Краков се искачи на девет, откако во семејниот дом на напаѓачот беа пронајдени и телата на неговите родители и сестра. 

Трагедија која ги потресе Полска и светот: Убиецот делувал под влијание на екстремно-десна идеологија

Од час во час истрагата зад масакрот во Краков отвора, нова, уште помрачна димензија – во домот на 24 годишниот Михал, во Островјец Швјентокшиски полицијата пронајде уште три мртви тела, родителите и 21 – годишната сестра на напаѓачот, по што бројот на жртви се искачи на девет. Тројцата пронајдени, кои ги потврди полскиот премиер Доналд Туск, биле со прострелни рани, а според првичните сомнежи, ги убил токму Михал, пред да тргне во крвавиот поход во Краков.

„Имаме потврда, две жени и еден маж се мртви во домот на сторителот. Навистина е неверојатна трагедија. Постојат силни показатели дека биле најблиското семејство.“

Но, убиеното семејство не била единствена вознемирувачка глетка за истражните органи. При претресот на станот биле пронајдени седум парчиња оружје, пушки и пиштоли, складирани во метален сеф. Сомнежите се дека дел од нив припаѓале на неговиот татко со кој заедно поседувале клуб за стрелаштво.

„Сторителот и неговото семејство поседувале оружја, конкретно спортски пушки. Во овој момент, oсвен што ги обезбедуваме местата на злосторството, правиме форензички истражувања и во координација со обвинителот, интервјуираме сведоци.“

Полицијата во меѓувреме полека ја склопува сложувалката за неговиот мотив, сомнежите укажуваат на екстремна идеологија. Убиецот имал голема колекција од втората светска војна во неговиот дом.

„Се укажува на фактот дека напаѓачот бил под влијание на екстромно-десна идеологија, прашање кое ќе биде предмет на истрага.“

Обесени луѓе, вооружен човек кој влегува во училиште, мртви тела на ученици и себеси како извршител – биле цртежите 24 годишниот убиец Михал уште од училишните денови, сведочат неговиоте соученици. Други пак се целосно изненадени од грозоморниот чин.

„Се знаеме уште од основно и средно училиште. Бевме добри другари во одделението и бевме многу поврзани. Не покажа никаква тенденција која може да се опише како екстремно-десна. Навистина останав без зборови. Се знаеме со години. Тој веројатно почна да студира, а веројатно се вклучил во одредени кругови.“

Брзата полицикса реакција, која на местото на масакрот се нашла за неполна минута, спречила уште потрагични последици. Хоророт во историскот дел на Краков го прекина полицаец кој е прогласен за херој, кој не само што го застрела напаѓачот, кој бил облечен во воена, маскирна облека, и го запре крвопролевањето, туку го поставил своето тело како жив штит пред цивилите и заврши со три прострелни рани – во моментов му се борат за живот.

Во Ринек Глувни – стариот град на Краков, хоророт веќе го замени тагата, се палат свеќи и се положува цвеќе во чест убиените. Жителите и натаму се шокирани од она што го просведочиле во место кое секогаш важело за безбедно.

“Одеднаш слушнав некакво пукање и ссамо видов тела како лежат позади мене. Видов една мртво лице, не се помрднуваше и уште неколку лица кои лежат малку подолу, луѓе се обидуваа да ги реанимираат. Им ја соблекуваа облеката, крвареа преку облеката. Невозможно е да се опише, глетката е како од најстрашниот филм. / Секако, ова е нешто што го планирал, бидејќи делува испланирано. Рутата, каде да сврти, како бил облечен, облеката изгледаше, војна, паравоена, воен тип на оружје, како и одредени вештини.“

Во нападот во Краков, убиецот одзеде шест животи, усмрти четири жени и двајца мажи. Убиени се туристички кочијаши, а меѓу мртвите се три жени, како и еден британски државјанин. Повредени се 16 лица, од кои двајца се полициски службеници.. повеќето со кои дошол во контакт убиецот се тешко ранети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер