Трамп: Иран „сака договор“, но предлогот не е прифатлив за САД - Канал 5

Трамп: Иран „сака договор“, но предлогот не е прифатлив за САД

мериканскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е задоволен од најновиот ирански предлог за разговори за војната со Иран,.

Трамп: Иран „сака договор“, но предлогот не е прифатлив за САД

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е задоволен од најновиот ирански предлог за разговори за војната со Иран, оценувајќи дека Техеран бара работи на кои Вашингтон не може да се согласи.

Трамп рече дека Иран „сака договор“, но дека предлогот не е прифатлив за САД. Според него, иранското раководство е поделено, а преговорите продолжуваат телефонски, иако двете страни сè уште немаат договор за нова средба по краткиот самит во Исламабад минатиот месец.

Иранскиот министер за надворешни работи, пак, порача дека Техеран е подготвен за дипломатија, но само ако САД го сменат, како што рече, „прекумерниот пристап“. И покрај прекинот на огнот од 8 април, двете земји остануваат во судир околу иранската нуклеарна програма и контролата врз Ормускиот теснец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно со врнежи од дожд

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

Утре променливо облачно со врнежи од дожд

Локално врнежите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд (над 15l/m2), грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец, кој повремено ќе достигнува брзина од 40 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 15 l/m²), проследени со грмежи и засилен северен ветер (над 40 km/h). Дневната температура ќе биде во опаѓање. Потоа следува период на сончево време со мала до умерена облачност. Во вторник и четврток наместа ќе има услови за врнежи од дожд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ПИАЦ „Љубиша Георгиевски“ и Фондација „Конрад Аденауер“ со нова иницијатива за стратешко лидерство и добро владеење

Во Маврово се одржува тридневниот семинар на тема „Стратешко лидерство и ефективна комуникација за добро владеење“, организиран од Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со ПИАЦ „Љубиша Георгиевски“. 

ПИАЦ „Љубиша Георгиевски“ и Фондација „Конрад Аденауер“ со нова иницијатива за стратешко лидерство и добро владеење

На настанот се обратија Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ, и Светислав Васев, раководител на ПИАЦ „Љубиша Георгиевски“, заедно со Даниел Браун, официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер, а свое обраќање имаше и Христијан Мицкоски, претседател на Владата и претседател на ВМРО ДПМНЕ.

Семинарот е наменет за членови на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, министри и заменици министри, пратеници, градоначалници и други носители на јавни функции. Во фокусот се стратешкото лидерство, визијата и одговорноста, ефективната јавна и политичка комуникација, како и соработката и заедничката одговорност во процесите на добро владеење.

Од Фондацијата Конрад Аденауер порачаа дека во услови на современи политички и општествени предизвици, од особено значење е политичките лидери континуирано да стекнуваат нови знаења, да ги следат актуелните дебати и да бидат во тек со релевантните теми, без оглед на тоа колку долго се наоѓаат на раководни позиции.

Токму континуираното надградување и размената на искуства, како што истакнаа од Аденауер, се важен дел од нивната соработка, како во Германија, така и во земјите во кои истите дејствуваат. Во партнерство со политичките партии и организации,оваа фондација работи на препознавање и надминување на новите предизвици, како и на отворање и продлабочување на дискусиите за актуелни и значајни прашања.

Присуството на Драган Ковачки и Светислав Васев од Фондацијата Конрад Аденауер го оценија како потврда за постоењето подготвеност и интерес од страна на партијата за активно соочување со современите предизвици и за посветеност на темите од значење за општеството.

Од Фондацијата Конрад Аденауер изразија задоволство што и понатаму продолжува долгогодишното партнерство и соработка со нивните партнери во земјата, и посочија дека заедничката размена на искуства и идеи може да придонесе кон креирање успешни политики и кон градење подобра иднина за државата.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Вандализам врз автобуска постојка на територијата на Општина Кавадарци

Регистриран е случај на вандализам врз автобуска постојка на територијата на Општина Кавадарци.

Јанчев: Вандализам врз автобуска постојка на територијата на Општина Кавадарци

Лицето кое го сторило делото е пронајдено, а се очекува надлежните институции да постапат согласно законските прописи.

Упатуваме апел до сите граѓани да го чуваме заедничкиот имот и јавните површини. Општината е заедничка на сите нас, а секоја оштетена клупа, автобуска постојка или друг јавен објект е штета за целата заедница.

Да ја чуваме нашата општина – затоа што таа е дом на сите нас.- објави првиот човек на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер