- Канал 5

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тесла укинува два модела

Производството на моделите од времето што означија пресвртница во електричната мобилност е прекинато.

Тесла укинува два модела

Порано оваа година, Тесла објави планови за прекин на производството на Model S и Model X. Фокусот на компанијата треба да се префрли на зголемено производство на роботи. Пред овие модели да заминат во историјата, на фановите на брендот ќе им бидат понудени специјални ограничени изданија наречени Signature Series.

Според MotorTrend, двата модели ќе добијат посебни дизајнерски детали, ќе бидат базирани на најсилните Plaid верзии и ќе бидат достапни за купување само со покана.

Елементите на Signature Series вклучуваат златни значки на каросеријата, специјални Plaid значки и златни детали на седиштата, додека Model S ќе добие и златни сопирачки. Внатрешноста ќе има плоча на контролната табла што го покажува серискиот број на автомобилот во рамките на ограничената серија.

Моделите од Signature Series ќе доаѓаат со пакетот Luxe, кој вклучува бесплатна доживотна употреба на Supercharger, четири години одржување и системот за целосно самостојно возење на Тесла.

Купување само со покана

Се наведува дека Тесла планира да изгради 250 од Модел С и само 100 од Модел Х.

Доколку некој сака да купи еден од овие автомобили, самото поседување пари нема да биде доволно. Ќе биде потребна и посебна покана од Тесла.

Според неофицијални информации, цената треба да се движи помеѓу 150.000 и 160.000 долари, односно помеѓу приближно 138.000 и 147.000 евра. Тоа е значително повеќе од моменталната цена на целосно опремен Модел Х Плаид, кој чини околу 120.000 евра.

Тесла на тој начин подготвува еден вид збогување со Модел С и Модел Х, кои со години беа меѓу најпрепознатливите електрични автомобили на пазарот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Низ Ормутскиот теснец помина првиот крузер од почетокот на војната

Крузерот „Селестијал Дискавери“ стана првиот патнички брод што помина низ Ормутскиот теснец од почетокот на војната.

Низ Ормутскиот теснец помина првиот крузер од почетокот на војната

Бродот под малтешко знаме денеска исплови од Дубаи, каде што беше закотвен 47 дена, а неговата дестинација е Оман. Според извештаите, тој плови без патници, пишува „Еуроњуз“.

Преминувањето на крузерот се случи неколку часа откако Иран и САД објавија дека овој стратешки воден пат, кој практично е затворен од почетокот на конфликтот, ќе биде целосно повторно отворен за комерцијален сообраќај до крајот на прекинот на огнот.

Според податоците од службата за следење на морскиот сообраќај „МаринТрафик“, пристигнувањето на бродот во Оман се очекува утре. Приказната е во фаза на изработка и ќе се ажурира штом ќе бидат достапни нови информации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Брза реакција на професионален војник спречи ширење на пожарот на скопското Кале (ВИДЕО)

Професионалниот припадник на Армијата Христијан Божиновски со навремена и пожртвувана реакција помогна да се спречи ширење на пожар кој попладнево избувна под скопското Кале, при што беа опожарени повеќе паркирани возила. 

Брза реакција на професионален војник спречи ширење на пожарот на скопското Кале (ВИДЕО)

При интервенцијата, војникот се здобил со полесна повреда на раката, по што му била укажана соодветна медицинска помош, информираат од Армијата.

Професионалниот војник при заминување од работното место, меѓу првите го забележал пожарот кој избувнал на улицата „Лазар Личеноски“, спроти Градскиот стадион. Оценувајќи дека постои опасност огнот да се прошири, веднаш алармирал и побарал поддршка од припадниците на Армијата кои ја извршувале службата на воениот стадион во Скопје.

-Проценувајќи ја сериозноста на ситуацијата и опасноста пожарот да се прошири врз останатите паркирани возила, војникот Божиновски веднаш стапил во контакт со командирот на воениот стадион во Скопје, барајќи поддршка за локализирање на огнот. Припадниците на Армијата кои ја извршувале должноста на воениот стадион во Скопје, веднаш пружале помош, употребувајќи противпожарни апарати од едницата, се наведува во објавата на Фејсбук на профилот на Армијата.

Со употреба на противпожарни апарати и со брза дислокација на неопожарените возила, тие успеале да спречат поголема материјална штета до пристигнувањето на противпожарните екипи.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека пожарот бил пријавен околу 15:40 часот, при што гореле сува трева, смет и паркирани автомобили. Според првичните полициски информации, во пожарот е повредено едно лице, а опожарени се неколку возила.

Командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Звонко Томески, за МИА изјави дека во пожарот биле опожарени пет возила, од кои три делумно, а две целосно изгорени. На терен интервенирале три противпожарни возила и осум пожарникари, а пожарот бил локализиран и целосно изгаснат во 16:40 часот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер