Фото: Со серија фотки Дејвид и Викторија Бекам ја слават 27-годишнината од бракот - Канал 5

Фото: Со серија фотки Дејвид и Викторија Бекам ја слават 27-годишнината од бракот

Светскиот џет сет брачен пар, Дејвид и Викторија Бекам ја слават 27-годишнината од бракот, а по тој повод објавија серија заеднички фотографии на социјалните мрежи.

Фото: Со серија фотки Дејвид и Викторија Бекам ја слават 27-годишнината од бракот

И покрај сите проблеми и минати афери, Дејвид и Викторија Бекам ја слават својата 27-годишнина од бракот, иако никој можеби не го очекувал тоа порано. Многумина сè уште се сеќаваат на познатата афера со Ребека Лос, но Викторија не дозволи ништо да им го наруши бракот и мирот.

Викторија призна дека тој период бил најтежок во нејзиниот живот, но тие успеале да ја надминат својата најголема криза.

Последната работа што ги погодила бил конфликтот со нивниот син Бруклин, кој предизвикал голем скандал кога ги открил деталите за својот однос со родителите.

Без разлика на се, денеска на годишнината се огласи на Инстаграм славниот екс фудбалер а сега сопственик на Мајами Интер, Дејвид се огласи за да ја одбележи годишнината и сподели серија фотографии.

„Заедно 29 години, во брак 27, а ти ми даде сè што некогаш би можел да посакам. Нашето најголемо достигнување засекогаш ќе биде нашето семејство. Те сакам и среќна годишнина“, напиша Дејвид покрај објавата.

Во коментарите, Викторија (52) одговори: „Среќна годишнина. Многу те сакам.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Спортска звезда од базен ја потврди врската со 12 години помладиот спортист

Една од најдобрите светски скијачка во историјата, 41 годишната  Линдзи Вон за првпат јавно ја потврди врската со францускиот скијач Матје Баје преку Инстаграм.

Фото: Спортска звезда од базен ја потврди врската со 12 години помладиот спортист

Шпекулациите траеја со месеци, но сега се чини дека сè конечно е потврдено.

Една од најдобрите светски скијачка во историјата, 41 годишната Линдзи Вон за првпат јавно ја потврди врската со францускиот скијач Матје Баје преку Инстаграм.

Таа објави серија фотографии од нивниот заеднички одмор, вклучително и снимка на која се бакнуваат во базен, како и други многу интимни фотографии.

Првите сериозни шпекулации се појавија во мај 2026 година, кога беа забележани заедно во Њујорк. Сега, Бејл одговори на нејзината објава, а Вон возврати со бакнеж и црвено срце, со што дополнително ги отстрани сите сомнежи.

Французинот има 30 години и е професионален алпски скијач, специјализиран за дисциплините спуст и супер-велеслалом. Од друга страна, Линдзи важи за една од најдобрите скијачки во историјата.

Сексапилната русокоса, која две години беше во врска со голф-ѕвездата Тајгер Вудс, испиша историја пред 16 години кога стана олимписка шампионка во спуст на Игрите во Ванкувер.

На истиот настан во 2010 година, таа освои и бронза во супер-велеслалом, а осум години подоцна во Пјонгчанг, освои бронза во спуст.

Покрај тоа, таа е една од најатрактивните и најубавите скијачки на векот. Четири пати ја освои титулата во генералниот пласман на Светскиот куп и обезбеди осум медали од светските првенства. Оствари 83 победи во Светскиот куп.

Преживеа тешка драма на неодамнешните Зимски игри во Милано; по еден пад, ја скрши ногата, што доведе до бројни операции. Нејзините крици одекнуваа низ Кортина и се слушнаа низ целиот свет.

Таа важи за фасцинантна и истакната спортска личност. Освен со Вудс, таа беше во романтична врска со тренерот од НФЛ, Кенан Смит, и со хокеарот П.К. Субан. Исто така, беше во врска со Диего Осорио (2021–2025), мексиканско-американски бизнисмен. Од 2007 до 2013 година, Вон беше во брак со Томас Вон, нејзин колега од американската репрезентација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Откриени фантастичните хонорари на боксерите Џошуа и Фјури за долгоочекуваната борба

Долгоочекуваниот боксерски меч меѓу двајца британски тешкаши и поранешни светски шампиони, Ентони Џошуа (36) и Тајсон Фјури (38), ќе се одржи во Кардиф  на 11 декември, и ќе се емитува на „Нетфликс“. 

Откриени  фантастичните хонорари на боксерите Џошуа и Фјури за долгоочекуваната борба

„Со години се подготвувавме за ова. Една ноќ за врвниот дуел“, објави промоторот Турки Алалшик на платформата „Икс“ (X). Џошуа (36) и Фјури (38) се поранешни светски шампиони во тешка категорија, а нивниот судир е тема на јавна дебата речиси една деценија.

Тие првично потпишаа договор за борбата во 2021 година, но мечот беше откажан откако Деонтеј Вајлдер, преку правна постапка, обезбеди трета борба против Фјури.

На тој меч, Фјури по вторпат го победи Вајлдер и го задржа својот WBC појас. Само еден месец подоцна, Олександр Усик го победи Џошуа на поени и му ги одзеде обединетите титули, нанесувајќи му го вториот пораз во кариерата. Џошуа загуби од Усик и во реваншот во 2022 година.

Во текот на 2024 година, украинскиот боксер исто така двапати го победи Фјури на поени.

Иако во меѓувреме и двајцата ги загубија своите светски титули и статусот на непоразени борачи, интересот за нивниот дуел не опадна. Британските медиуми сега откриваат колку би можел да заработи секој од борците со влегувањето во рингот кон средината на декември.

Се очекува боксерите да излезат во рингот околу 3:00 часот наутро за да се прилагодат на американската публика, согласно барањата на „Нетфликс“, кој ќе го пренесува овој спектакл во тешка категорија. За оваа борба, секој од нив ќе ја зголеми својата банкарска сметка за 75 милиони фунти (приближно 87 милиони евра).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Отстранет небезбеден објект во Маџир Маало, хигиената и здравјето на граѓаните се приоритет

Општина Центар отстрани руиниран и напуштен објект на улицата „Петричка“ во Маџир Маало, кој со години претставуваше сериозен ризик за безбедноста и здравјето на граѓаните.

Герасимовски: Отстранет небезбеден објект во Маџир Маало, хигиената и здравјето на граѓаните се приоритет

По извршената инспекциска проверка е утврдено дека станува збор за објект без сопственик, импровизирана градба која беше претворена во дива депонија, легло на глодари и други штетници. Објектот е отстранет, а теренот целосно расчистен од шутот и наталожениот отпад.

„Секаде каде што имаме надлежност, ги расчистуваме вакви критични точки. Најчесто станува збор за објекти кои со децении имаат проблем со нерасчистени имотно-правни односи. Ваквите стари и распаднати градби со тек на времето стануваат депонии, места каде се собираат бездомници и животни. Но, секогаш кога законот ни дозволува, постапуваме веднаш и решително, бидејќи безбедноста на граѓаните, хигиената и чистата и здрава животна средина се врвен приоритет“, порача градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Од Општина Центар апелираат до граѓаните да ги пријавуваат ваквите локации, со цел надлежните служби навреме да реагираат и да ги отстранат потенцијалните ризици по безбедноста, здравјето и хигиената.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер