ФудбалМундијалска сензација преку Инстаграм си бара нов клубНајголемото изненадување на Светското првенство, голманот на Зеленортските острови 40 годишниот Возиња бара нов клуб преку Инстаграм. На 40-годишна возраст, Возиња блесна на Светското првенство и го сврте вниманието кон себе со фантастични одбрани. Во меѓувреме, тој стана најследениот голман на Инстаграм, а нема сомнеж дека ќе се зборува за неговите одбрани, особено оние против Шпанија и Аргентина. Познато е дека Возиња немаше клуб пред заминувањето на Светското првенство, а сега се дозна дека тој ја бараше следната дестинација каде што би можел да ја заврши кариерата. Тој преку Инстаграм стапи во контакт со Родни Страсер, поранешен играч на Милан, со намера овој да му помогне да ја најде својата следна дестинација. Возиња истакна дека би сакал да одигра уште една или две сезони и додаде дека се надева оти ќе добие понуда од второлигашки клуб од Турција или Италија. „Му реков да оди на Светското првенство и да го даде својот максимум. Тој е премногу добар голман за да бара клуб на таков начин, а големата светска сцена е таква што, ако малку го привлечеш вниманието – некој ќе те забележи. Верував дека Светското првенство може да му ја промени кариерата и бев во право“, рече Штрасер и додаде: „За мене, тој е најдобриот голман на Светското првенство, а сега е и најбараниот во светот. Поуката е едноставна – никогаш не се откажувај. Верувај во себе и бори се. Возраста, потеклото или твојата ситуација се неважни. Едноставно – животот може да ти се промени преку ноќ“, вели Штрасер, раскажувајќи интересна приказна и приложувајќи снимки од екранот што ја потврдуваат нејзината веродостојност.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаIn memoriam: Почина Љупчо Пупаковски еден од доајените на коњичкиот спорт во МакедонијаСо длабока тага се простуваме од Љупчо Пупаковски еден од доајените на коњичкиот спорт во Македонија, кој вчера, на 80-годишна возраст, го напушти овој свет.Уште од најмали нозе беше дел од коњичкиот спорт, како спортист, а потоа својата долгогодишна дејност ја продолжи како посветен спортски работник. Својата работа најпрво ја започна во Коњичкиот клуб „Илинден“, а потоа продолжи со несебичен ангажман и во Коњичката федерација на Македонија. Со својата посветеност, знаење и љубов кон коњичкиот спорт остави длабока трага и ќе остане запаметен како човек кој со децении придонесуваше за неговиот развој во нашата земја. Неговото име и делото ќе останат трајно запишани во историјата на македонскиот коњички спорт. Федерација за коњички спорт на Р. МакедонијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски се обраќа на Генералното собрание на Обединетите нации (Во живо) 18:16Премиерот Мицкоски денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН08:52Регистриран земјотрес во Грција, почувствуван и во Битола, Ресен и околината08:33Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00
Шоу бизБезвременските хитови на Тоше Проески сега се објавени на двоен албум Компилацијата „ The Very Best of Toše Proeski“ е објавена, за прв пат на двоен винил. Изданието носи шеснаесет песни кои ја одбележаа кариерата на нашиот пејач, а кои сега го најдоа своето место на грамофонска плоча. Пресек од кариерата на двоен албум Луксузното двојно ЛП издание нуди пресек од кариерата на Тоше Проески, објави Индекс. Меѓу избраните песни се и некои од неговите најпознати, како што се „Игра без граници“, „Једина“, „Чија си“, „Боже, заштити ја од зло“, „Те следам“, „Срце није камен“ и „Несоница“. На албумот се појавуваат и автори како Мира Буљан, Антонија Шола, Леонтина Вукомановиќ, Ѓорѓе Новковиќ и Марина Туцаковиќ, кои соработуваа со Проески. Изјава од главниот уредник на Hit Records Главниот уредник на Hit Records, Мирослав Рус, кој имал пријателски и професионален однос со Проески, изјави дека објавувањето на ова издание е посебен момент за него. Нивната авторско-пејачка соработка резултираше со неколку познати песни, меѓу кои и „Игра без граница“. „Работата на објавување на голем уметник е пред сè чест, а имајќи го предвид нашето пријателство и обврска. Не можам да замислам дека делото на Тоше Проески ќе остане без албум кој е вистинска, сериозна трага на уметник без граници каков што беше тој. Верувам дека ова издание ќе биде пречекано со радост од слушателите, како и од сите што на кој било начин придонеле за неговото создавање“, рече Рус. Дизајн и визуелен идентитет Визуелниот идентитет на изданието е дизајниран од дизајнерот Игор Келчец. Предната и задната страна на корицата се украсени со портрети на Тоше Проески, додека внатрешноста содржи колаж од неговите приватни и професионални фотографии на кои се прикажани детали од неговиот живот и кариера. Комбинацијата од фотографии од настапите и фотографиите надвор од сцената дава увид во неговиот професионален и приватен живот. Достапност на изданието Двојното винилно издание на „ The Very Best of Toše Proeski“ е достапно на веб-продавницата на Hit Records и во други продавници за плочи. Секој што ќе купи ЛП преку веб-продавницата на Hit Records, исто така, добива подарок ЦД албум „ The hardest thing“.Тагови: Тоше Проески Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски се обраќа на Генералното собрание на Обединетите нации (Во живо) Премиерот Христијан Мицкоски го држи својот говор на 75. Генерално собрание на обединетите нации во Њујорк. Премиерот Мицкоски како деветти по ред го држи говорот пред учесниците на Генералното собрание на Обединетите нации. Мицкоски ги претстави трите главни стратешки определби на државата. „Македонските граѓани знаат каде припаѓаат. Ние сме сојузник во НАТО. Соединетите Американски Држави се наш стратешки партнер. Полноправното членство во Европската Унија е наша стратешка определба. Тоа не се три одвоени политики. Тоа е една геополитичка ориентација, втемелена врз демократијата, колективната безбедност, владеењето на правото и отворената економија. Во време на неизвесност, нашиот одговор не е стратешка двосмисленост. Нашиот одговор е јасност,“ истакна премиерот Мицкоски на 81. Генерално собрание на ОН. Тој нагласи дека јасноста во сојузите не претставува вртење грб на остатокот од светот. „Напротив. Токму држава што е сигурна во своите демократски и стратешки избори може со поголема самодоверба да разговара и да соработува со земји што имаат поинаква историја, поинакви интереси и поинакви политички погледи. На светот не му е потребна уште една поделба на трајни табори. Потребна му е конкуренција со граници и со правила што сите мора да ги почитуваат. Сојузи што преземаат одговорност. И меѓународни институции што остануваат простор за дијалог токму тогаш кога дијалогот е најтежок,“ порача Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook