Трајановски: Денешната средба покажува созревање на демократскиот капацитет - Канал 5

Трајановски: Денешната средба покажува созревање на демократскиот капацитет

„Иако денешните теми не беа толку важни и круцијални“

Трајановски: Денешната средба покажува созревање на демократскиот капацитет

Денешната лидерска средба имаше политички карактер, затоа што како приоритетно прашање беше наметната техничката влада, кое што сметам дека е толку истрошено и излишно да се коментира во јавноста. Општеството има многу поважни теми кои треба да се третираат во јавноста, како што се евроинтеграциите. За СДСМ би упатил сериозна критика за неприсуство на денешната средба, затоа што буквално му ја предадоа палката на Апасиев и Левица, кој што пак денеска буквално ги застапуваше опозициските ставови, какви што се на најголем дел од опозицијата -вклучувајќи ја и мојата партија, која што е помал политички субјект. Во многу наврати израувавме незадоволство од поделбата на 6 избори единици, кои што сметаме треба да бидат една, а исто така и средствата кои што од државата завршуваат најголем дел кај поголемите партии и тоа власт-опозиција македонски и албански блок. Денешните теми не се толку важни и круцијални, но денешната средба покажува созревање на демократскиот капацитет во општеството. Секоја иницијатива и седнување на маса е добра посебно дека е нешто што не го гледаме толку често, вели Александар Трајановски во Само Вистина.

YouTube video

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

X презема мерки за усогласување со британскиот закон, вели Стармер во услови на спорот за Грок

 Платформата X на Илон Маск презема мерки за да се усогласи со британскиот закон, изјави денеска британскиот премиер Кир Стармер пред пратениците, по спорот околу нејзиниот четбот со вештачка интелигенција, Грок.

X презема мерки за усогласување со британскиот закон, вели Стармер во услови на спорот за Грок

Стармер рече дека се добредојдени вестите дека компанијата за социјални медиуми презема мерки во врска со загриженоста дека Грок произведува сексуализирани слики на жени и деца.

Сепак, тој додаде дека владата нема да се „повлече“, нагласувајќи дека независната истрага на британскиот медиумски регулатор Ofcom за Грок ќе продолжи.

Во меѓувреме, Маск тврди дека неговиот четбот одбива да произведува нелегална содржина и се чини дека го обвини „непријателското хакирање“ за генерирањето на сексуализираните слики од страна на Грок, пренесе ДПА.

Стармер повторно го осуди Грок како „одвратен“ и „срамен“ и рече дека Ofcom има целосна поддршка од министрите да дејствува доколку X не го стори тоа.

- Да го известам Домот, утрово бев информиран дека X дејствува за да обезбеди целосна усогласеност со британскиот закон. Ако е така, тоа е добредојдено, но нема да се повлечеме и тие мора да дејствуваат. Ќе ги преземеме неопходните мерки. Ќе ги зајакнеме постојните закони и ќе подготвиме легислатива доколку е потребно да се оди понатаму, а Ofcom ќе ја продолжи својата независна истрага, рече тој.

Официјалниот портпарол на Стармер изјави дека тој одговарал на „одредени извештаи од утрово во врска со некои од промените на платформата во однос на способноста за генерирање слики на жени“.

Ofcom почна истрага за X во понеделникот, по зголемената загриженост поради извештаите дека Грок им дозволува на корисниците да манипулираат со слики на жени и деца за да ги сексуализираат.

Министерката за технологија, Лиз Кендал, изјави дека регулаторот ќе има целосна поддршка од министрите да преземе мерки против X, вклучително и ефективна забрана на платформата во Обединетото Кралство, доколку компанијата не направи измени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АС: Реал Мадрид ја напушта Евролигата

Реал Мадрид планира да ја напушти кошаркарската Евролига и да се приклучи на НБА Европа.

АС: Реал Мадрид ја напушта Евролигата

Информацијата денеска ексклузивно ја објави мадридскиот спортски весник АС, повикувајќи се на клупски извори.

Ништо не е официјално објавено сè уште, но АС пишува дека двете страни се блиску до договор, бидејќи „кралскиот клуб“ е решен да ја прифати понудата од НБА Европа.

„Разговорите со НБА напредуваа, иако договорот сè уште не е потпишан. Дијалогот е во тек и работите се движат кон соработка што ќе ја промени сликата за кошарката“, пишува АС.

Најголемиот ривал на Реал, Барселона, потпиша нов десетгодишен договор со Евролигата, со што се стави крај на шпекулациите за напуштање на елитното натпреварување. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Конор Галагер се пресели од Атлетико во Тотенхем

Англискиот фудбалер Конор Галагер ги напушти редовите на мадридски Атлетико и потпиша денеска договор во траење од пет и пол години со лондонски Тотенхем.

Конор Галагер се пресели од Атлетико во Тотенхем

За услугите на 25-годишниот Галагер беше заинтересирана и Астон Вила, која настојуваше да го доведе на позајмица со опција да го откупи неговиот договор, но таквата опција не беше прифатлива за Атлетико.

Според англиските медиуми, Тотенхем платил 34 милиони фунти за трансферот на Галагер, кој во летото 2024 година се пресели од Челзи во Атлетико за околу 38 милиони фунти.

Галагер претходно настапуваше за Вест Бромвич, Кристал Палас, Чарлтон и Свонси, и одигра 136 натпревари во Премиер лигата.

Тотенхем го ангажираше Галагер, откако Родриго Бентанкур се повреди и ќе го пропушти поголемиот дел од сезоната./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер