МакедонијаЗајкова: Македонија има или нема миграциона политика?„Позначајно е да говориме дали државата има потреба од работници од надвор или нема?“Ако говориме отворено за миграциска стратегија, поинаку треба да ги водиме наративите. Во британските медиуми не видов да се збори за кампови, туку за депортација на луѓе кои што тука ќе работат. Ако зборуваме за статистика и според неа видиме дека Македонија има околу 7320 празни работни места, тогаш треба да видиме дали ни требаат работници од надвор, зборувам за интегрирана миграциска политика за која сметам дека треба да говорат сите држави. Не говорам за неконтролирана илегална миграција, но како да интегрираме луѓе. Имаме ли „де-факто“ луѓе пд Непал што работат во угорстителски сектор- имаме. Во „Бехтел и Енка“ имаме околу 50 % работници кои што се од Непал или Индија, вели Моника Закјкова од ЛДП во „Само Вистини со Видиновски“ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НБАСтеф Кари со најголема заработка во 2025 годинаПредводникот на Голден Стејт Стеф Кари е кошаркарот со најголема заработка во 2025 година во најсилното светско кошаркарско првенство, НБА лигата. На листата на најплатени кошаркари Кари е на првата позиција со неверојатна заработка од 159,6 милиони долари, втор на листата е легендарниот кошаркар на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс со 137,6 милиони. „Тројката“ најплатени ја комплетира Кевин Дурант со 104,3 милиони. Блиску со „стотката“ е Јанис Адетокумбо со 99,1 милион, а потоа следуваат Џејсон Тејтум (79,1); Ентони Едвардс (65,6); Џоел Ембид (65,2); Џими Батлер (65,1); Шај Гилџус-Александер (63,3) и Никола Јокиќ (63,2), со што се комплетира листата на ТОП 10 најплатени кошаркари во НБА лигата. Податоците се според Форбс.Тагови: НБА Стеф Кари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжи судењето за пожарот во Кочани, денеска одбрана даваа екс вработени во економија и ДПИ18:00Продолжи судењето за пожарот во Кочани, денеска одбрана даваа екс вработени во Економија и ДПИ15:14Денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени11:25Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани08:11За обвинетите, „Пулс“ е политички монтиран процес- судењето продолжува утре 18:05
Денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени11:25
АвтомобилизамТениска ѕвезда е новата глобална амбасадорка на Мерцедес- БенцMercedes-Benz објави дека светската тениска ѕвезда Коко Гоф стана нејзин нов глобален амбасадор.20-годишната Американка, моментално трета во светот, веќе освои две титули на Гренд слем турнири во поединечна конкуренција и една во двојки. „Коко Гоф претставува спортска извонредност - фокусиран, отпорен и бестрашен лидер. Нејзиното влијание на и надвор од теренот ја прави извонреден амбасадор“, изјави Кристина Шенк, потпретседател за дигитални комуникации и односи со инвеститори во Мерцедес- Бенц АГ. Придружување на тениската легенда Младата тенисерка ѝ се придружува на тениската икона Роџер Федерер како амбасадор на брендот, дополнително зајакнувајќи го учеството на Mercedes-Benz во женскиот тенис. „За мене, тенисот отсекогаш бил повеќе од победа. Станува збор за раст, страст и решителност. Затоа ова партнерство со Mercedes-Benz се чувствува толку посебно - го делиме истиот поттик и верба во поместувањето на границите“, рече Гоф.Тагови: мерцедес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотЛинд одбива да продава чоколадо во дисконтите Алди и ЛидлШвајцарскиот производител на чоколадо Lindt & Sprüngli одби партнерство со германските дисконтни супермаркети Алди и Лидл, со образложение дека тоа ќе ги поткопа нивните производи.- Во спротивно, ќе завршиме со сè повеќе специјални понуди и ќе ја девалвираме нашата марка, рече извршниот директор Адалберт Лехнер во интервју за германскиот весник Ди Цајт (Die Zeit). Во другите супермаркети, Линд добива „премиум пласман што му дава простор на брендот“, рече Лехнер, додека дисконтите ги продаваат производите по ниски цени. Лидл и Алди одбиле да коментираат на прашањата на ДПА. Производителите на чоколадо како што се Lindt, Mondelez (Milka) и Ritter Sport се борат со растечките цени на суровото какао поради слабите жетви и други проблеми со снабдувањето. Ова има забележителни последици за потрошувачите, бидејќи цената на чоколадото брзо расте во последните години. Во октомври, клиентите платиле во просек 77 проценти повеќе за чоколадо отколку во 2020 година. Според истражувачите на пазарот како што е YouGov, ова довело до пад на купувањето чоколадо. Иако цените на стоковите берзи неодамна се намалија, тие остануваат релативно високи. Лехнер не очекува чоколадото повторно да стане поевтино во скоро време. - Дури и ако цената на какаото падне, не очекувам цените на чоколадото да паднат, изјави тој за Ди Цајт.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter