ГРОМ со осуда за упадот во редакацијата на „Инфомакс“ - Канал 5

ГРОМ со осуда за упадот во редакацијата на „Инфомакс“

Граѓанската Опција за Македонија-ГРОМ, најостро го осудува вчерашното хулиганско упаѓање во редакацијата на „Инфомакс“ за време на емисија во живо од страна на хулиган-симпатизер на ВМРО-ДПМНЕ, стои во партиското соопштение.

ГРОМ со осуда за упадот во редакацијата на „Инфомакс“

Со овој флагрантен чин, практично се поместува границата на кршење на демократрските права на граѓаните, а тоа е да слушнат поинакво мислење од секојденвните самофалечки вести на власта преку дузината свои медиумски мегафони. На ваков начин, Христијан Мицкоски се обидува неговата пропаганда преку своите апологети да ја претстави Македонија како рај на земјината кугла. За жал, премиот Мицкоски секојднвно упатува кон некого закани: уметници, институции, медиуми, неистомисленици и со ова јасно ставајќи им до знаење на неговиоте слепи послушници дека тие треба да го следат во заканите и дека токму тие ќе бидат наградени за притисокот врз неистомислениците. Ако овој хулиган се дрзна насилно да влезе во медиум и тоа опозиционен, а за волја на вистината еден од водечките, да се обидува физички да се пресмета со сопственикот на медиумот, да ја прекине емисијата која оди во живо, истото тоа да го прави кон гостинот во емисијата, покажува како власта и неговите симпатизери се однесуваат кон неистомислениците на своето работно место, во комшилукот, во кафеана или било каде. Овој чин без преседан беше крајно непријатен, а пораката е јасна, да се заплаши сопственикот на медиумот, а исто така и гостинот, нашиот лидер Стевче Јакимовски.

Ако физички е нападнат претседателот на ГРОМ и поранешен градоначалник, јасно е дека ова не е упатено само кон него, туку кон сите потенцијални гости на Инфомакс, да го избегнуваат учеството во емисии, а уште повеќе да внимаат што зборуваат

Владејачката партија и Христијан Мицкоски, полека но сигурно се движат кон демократското дно. Ни ги украдоа изборите, купуваа гласачи, правеа бугарски возови, користеа нарко дилери и ракетари во нивната нечесна битка, како и уцени и закани и конечно се докопаа до власта во Карпош.

Но очигледно тоа не им било доволно, сега влегуваат во нова фаза, а тоа е да не замолчат, да немаме критички однос кон нивните политики и да ни остават две опции на располагање, или да замолчиме или да се приклучиме кон пофалбите на „успешните “ политики на владетелот. Овој филм, Христијан Мицкоски заедно со неговата партија може да го гледа од секого но не и од ГРОМ.

На крајот пофалби до полицијата за навремената реакција, но имаме сериозна забелешка на официјалното соопштение на МВР кое целиот настан го претставува како оштетување на две врати, прекин на емисија со обид за релативизирање на овој гнасен чин за наводно непресметливост и поранашни психијатрески лечења на сторителот.

Вчера во Инфомакс имаше упатување на удари кон сопственикот и гостинот, обид да бидат погодени со тврди предмети, закани по живот на присутните и семејствата, вулгарни навреди, пцовки, плуканици и што уште не. Затоа ГРОМ смета дека ова е настан без преседан, лицето мора да заврши зад решетки, а во исто време бараме да уследи промена на кривичниот закон со кој секој насилник кој спречува медиум, политичар или партија кој ја вирши својата фунција за која е основан мора драстично да биде санкциониран.

ГРОМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Граѓаните веќе гледаат: Платформата ЗНАМ 2.0 со писмо за дефокус токму пред Фон дер Лајен

Кога стигна документот од Платформата-ЗНАМ 2.0? 

СДСМ: Граѓаните веќе гледаат: Платформата ЗНАМ 2.0 со писмо за дефокус токму пред Фон дер Лајен

Вчера, токму пред прес конференцијата на Фон дер Лајен на која кажа дека македонските јазик и идентитет се добредојдени во ЕУ, на која кажа дека нема патокази за Македонија и го упати Мицкоски во Бугарија.

Иако најавија дека два дена порано ќе го донесат писмото го донесоа токму еден час после нашиот прес за Лаура Ковеши и пред прес конференцијата на Фон дер Лајен.

Уште еден дефокус. Да го тргат вниманието од главниот проблем: застанувањето на Македонија кон ЕУ .

Далечинско кога болат фактите.

Кога се случува?

Кога СДСМ објавува дека услов за кандидатите е прво да се пушти во работа европското обвинителство.

Еден час по прес-конференцијата каде се потврдува целата вистина којашто ја говори СДСМ, кога се потврдува целата вистина зошто Мицкоски не сака во Унијата.

Кога имаме целосна потврда од Фон дер Лајен.

Со месеци го говориме. Сега се потврдува.

Лаура Ковеши пред членство. Не после.

Кога се јави Платформата минатиот пат? Закажаа собир во хотел. Тргна медиумската поддршка од Орбан–Вучиќ медиумско небото. Кога беше тоа?

Токму кога објавивме кој му плаќа на Мицкоски лобирање за состаноци. Кога објавивме за антимонот.

Кога објавивме план за пет нови рудници за распродажба на Македонија.

Кога откирвме дека Дејвид Гета не е „нула денари“ туку 5.53 милиони евра.

Кога го откривме тендерот за фирмата поврзана со Ќуркчиев вреден 1,6 милиони евра.

Кога ја откривме големата пљачка на Македонија.

Кога го откривме тендерот Адамовиќ–Мицкоски, преку Божиновска, Лазаревиќ и Руднап.

Од вчера има најава за нови таканаречени „паметни“ броила. Паметни се. За арамијата и екипата. Не за сметката на граѓанинот.

Сега граѓаните гледаат дека повеќе не е чудно како работи Платформата знам 2.0. На далечинско. По потреба.

Секогаш во важен момент, кога откриваме работи за иднината на земјата и на граѓаните - баш тогаш се јавуваат шемаџиите. ЗНАМ 2.0.

Истите што седат со руската Левица. Анти-НАТО. Анти-ЕУ. Против стратешкиот партнер Америка. Баш со нив прават сојуз.

Ете вчера Левица објави, средба во Москва, со Комунистичката партија на Русија.

Немаат програма. Имаа тајминг. Нема антикорупција. Има корупција и дефокус.

Писмото не е за СДСМ. Писмото е да не се зборува за признатиот македонски идентитет, заглавениот европски пат, Лаура Ковеши, за скандалите на власта, за рудници и за броила.

СДСМ не влегува во шемата. Останува со граѓаните и ќе продолжи да се бори за нив и интересите на државата.

Бандата бега од европски обвинител. Сателитите бегаат од темата. Народот веќе гледа кој кога се јавува!

Наското доаѓа времето на вистина и правда. А бандата ќе одговара пред европско обвинителство!

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вечерва Бела ноќ во Скопје

Вечерва од 19:00 до 03:00 часот, плоштадите, мостовите, галериите, музеите и чаршијата ќе бидат места за нови доживувања и средби што се паметат.

Вечерва Бела ноќ во Скопје

- Има ноќи во кои градот се доживува поинаку. Ноќи во кои улиците стануваат сцена, уметноста ни доаѓа во пресрет, а музиката нè спојува. Скопје повторно ќе живее една таква ноќ, нашата Бела ноќ! Ве поканувам заедно да го исполниме Скопје со љубопитност, насмевки и енергија и да ја почувствуваме неговата креативна сила – истакна Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Само за „Бела ноќ“, работното време на угостителските објекти на подрачјето на Град Скопје се продолжува за два часа, за дружењето и убавата атмосфера да траат подолго.

За сите полесно да бидат дел од оваа ноќ, превозот со ЈСП ќе биде бесплатен од 18:00 часот на 3 октомври до 05:00 часот на 4 октомври.

Во рамките на „Бела ноќ“, бесплатен ќе биде и влезот во Зоолошката градина Скопје.

Уметноста ве очекува на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ, во МКЦ, на Мостот на уметноста, на Боемска улица и во Старата скопска чаршија.

Дел од оваа ноќ ќе бидат и Музејот на Град Скопје, „Аудио Култура“, Домот на градежници, „Мала станица“, ДКЦ „Карпош“, Градската библиотека, Чифте амам, улицата „Македонија“ и Музејот на современа уметност.

Излезете со семејството, повикајте ги пријателите и одберете ја својата прва станица. Дозволете му на Скопје да ве изненади со нешто што досега не сте го виделе, слушнале или почувствувале.

Бела ноќ е покана за сите генерации, за сите што го сакаат овој град и за сите што допрва ќе го доживеат.

Да ги наполниме улиците со живот и да создадеме уште еден убав спомен за нашето Скопје!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на увид на градежни активности на мостот на улица „Љубљанска“ во Карпош

Претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски ќе изврши увид на градежни активности на мостот во изградба на улица „Љубљанска“ во Општина Карпош.

Мицкоски на увид на градежни активности на мостот на улица „Љубљанска“ во Карпош

По завршување на увидот предвидено е премиерот да даде изјава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер