Тениска ѕвезда е новата глобална амбасадорка на Мерцедес- Бенц - Канал 5

Тениска ѕвезда е новата глобална амбасадорка на Мерцедес- Бенц

Mercedes-Benz објави дека светската тениска ѕвезда Коко Гоф стана нејзин нов глобален амбасадор.

Тениска ѕвезда е новата глобална амбасадорка на Мерцедес- Бенц

20-годишната Американка, моментално трета во светот, веќе освои две титули на Гренд слем турнири во поединечна конкуренција и една во двојки.

„Коко Гоф претставува спортска извонредност - фокусиран, отпорен и бестрашен лидер. Нејзиното влијание на и надвор од теренот ја прави извонреден амбасадор“, изјави Кристина Шенк, потпретседател за дигитални комуникации и односи со инвеститори во Мерцедес- Бенц АГ.

Придружување на тениската легенда

Младата тенисерка ѝ се придружува на тениската икона Роџер Федерер како амбасадор на брендот, дополнително зајакнувајќи го учеството на Mercedes-Benz во женскиот тенис.

„За мене, тенисот отсекогаш бил повеќе од победа. Станува збор за раст, страст и решителност. Затоа ова партнерство со Mercedes-Benz се чувствува толку посебно - го делиме истиот поттик и верба во поместувањето на границите“, рече Гоф.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Четворица пингопонгари ќе ги бранат боите на Македонија на Европското младинско првенство

Групната фаза на програмата на 15-ти Јуни, четворица наши ќе ги бранат боите на Македонија на Европското младинско првенство.

Четворица пингопонгари ќе ги бранат боите на Македонија на Европското младинско првенство

Мартин Ристески и Бојана Јовевска во категоријата до 15 години и Александар Јакимовски и Софија Хасану до 19 години ги играат првите натпревари на 15-ти Јули од 10 часот.

Во категоријата до 15 години Мартин Ристески се сретнува со Матејус Адамонис од Литванија.

Бојана Јовевска ќе игра против Солек Натиа од Полска

Во категоријата до 19 години настапуваат Софија Хасану против Ковалова Дариа од Украина, а Александар Јакимовски ќе ги одмери силите со Дусине Нејтан од Франција.

Европското пинг-понг првенство се одржува во Гондомар, Португалија, од 10 до 19 Јули.

Пинг-понгарска федерација на Македонија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кривична пријава против поранешен директор на ЈКП „Брегалница“-Делчево

Кривична пријава против поранешен директор на ЈКП „Брегалница“-Делчево поради „злоупотреба на службената положба и овластување“

Кривична пријава против поранешен директор на ЈКП „Брегалница“-Делчево

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево на 13.07.2026 поднесе кривична пријава против С.С.(61) од Делчево, поранешен директор на ЈКП „Брегалница“- Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,„злоупотреба на службената положба и овластување“, по член 353 ст.1 во врска со член 45 ст.1 од КЗ.

С.С. како службено лице - директор на ЈКП „Брегалница“- Делчево ја злоупотребил службената положба и овластување со пречекорување на границите на своите службени овластувања, при што во периодот од 2023 до 2025 година, на вкупно 112 вработени во ЈКП „Брегалница“-Делчево им издал вкупно 92 решенија за зголемување на основната плата поради работна успешност, при тоа без да има предлози од непосреден раководител на работникот и без согласност на непосреден раководител на работникот, со што постапил спротивно на член 51 ст.1 од Колективниот договор за комуналните дејности и спротивно на член 81 ст.2 од Колективниот договор за уредување на правата, обврските и одговорностите од работниот однос на работниците од ЈКП „Брегалница“- Делчево и предизвикал вкупна материјална штета на јавното претпријатие од 267.873 денари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НЛБ Банка и „Прагма Продукција“ го официјализираа партнерството за претстојната летна концертна сезона

НЛБ Банка и „Прагма Продукција“ денеска го официјализираа партнерството за претстојната летна концертна сезона.

НЛБ Банка и „Прагма Продукција“ го официјализираа партнерството за претстојната летна концертна сезона

На заедничка прес-конференција ги најавија музичките настани што ќе ја одбележат летната програма, како и ексклузивните поволности што ќе бидат достапни за клиентите на НЛБ Банка, со посебен акцент на пакетот **nlb next**, наменет за младите.

На прес-конференцијата присуствуваа и членовите на дуото „Дупер“ и Слаткаристика, кои ги најавија претстојните настапи и ја поздравија иницијативата за поддршка на домашната музичка сцена.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер