- Канал 5

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фредериксен: САД да не испраќаат закани кон своите историски сојузници за Гренланд

Данската премиерка Мете Фредриксен синоќа им порача на САД да не гледаат поента во зборувањето за потребата од преземање на данската автономна територија Гренланд и да престанат да се закануваат на „историски близок сојузник“.

Фредериксен: САД да не испраќаат закани кон своите историски сојузници за Гренланд

Таа тоа го напиша во порака на мрежата X откако сопругата на помошник шефот на кабинет на Белата куќа, Кејт Милер, објави на социјалните мрежи мапа на Гренланд покриена со американско знаме заедно со зборовите „наскоро“.

И американскиот претседател, Доналд Трамп, кој постојано повторуваше дека на Америка ѝ е потребен Гренланд за национална безбедност, вчера во интервју за списанието „Атлантик“, рече дека на Америка „навистина ѝ е потребен Гренланд“, кој, додаде тој, е опкружен со руски и кинески бродови.

Тензиите меѓу САД и Данска околу Гренланд повторно ескалираа кон крајот на декември, кога Трамп објави дека назначува специјален пратеник за големата данска автономна територија.

Данската премиерка вчера ги повика САД да престанат да се закануваат „на историски близок сојузник, и на друга земја и на друга нација што многу јасно кажала дека не се на продажба“.

„Кралството Данска, а со тоа и Гренланд, е членка на НАТО и затоа е опфатено со колективната безбедносна гаранција на Алијансата. Веќе имаме договор за одбрана меѓу Кралството Данска и САД што им обезбедува на САД широк пристап до Гренланд. Покрај тоа, Кралството направи значајни инвестиции во безбедноста на Арктикот“, напиша данската премиерка на мрежата X.

Премиерот на Гренланд, Јенс-Фредрик Нилсен, реагираше на Фејсбук, посочувајќи дека сликата покажува непочитување и дека односите меѓу земјите и народите се темелат на почитување и на меѓународното право, а не на симболи што го игнорираат нивниот статус и права, објави Фигаро на својата веб-страница.

„Но, нема причина за паника или грижа“, додаде премиерот на островот и потсети дека Гренланд „не е на продажба“ и дека неговата иднина „не се одлучува на социјалните мрежи“.

И шведскиот премиер Улф Кристерсон напиша на мрежата X дека „само Данска и Гренланд имаат право да одлучуваат за прашања што се однесуваат на Данска и Гренланд“ и додаде дека Шведска целосно ја поддржува својата соседка, Данска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шалтерите на ЈП Водовод и канализација – Скопје утре ќе работат од 7:30 до 15:30 часот, среда е неработен ден

Шалтерите за наплата и рекламации во Дирекцијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје утре ќе работат од 7:30 до 15:30 часот, а среда 7 јануари е неработен ден.

Шалтерите на ЈП Водовод и канализација – Скопје утре ќе работат од 7:30 до 15:30 часот, среда е неработен ден

Шалтерите за наплата и рекламации во Дирекцијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје утре ќе работат од 7:30 до 15:30 часот, а среда 7 јануари е неработен ден, информираат од јавното градско претпријатие.

Како што посочуваат, со редовно работно време продолжуваат од четврток 8 јануари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп го предупреди Иран дека ќе биде „многу силно погоден“ ако бидат убиени уште демонстранти

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера го предупреди Иран дека ќе биде „многу силно погоден“ доколку загинат уште демонстранти за време на немирите што ја потресоа земјата во текот на изминатата недела.

Трамп го предупреди Иран дека ќе биде „многу силно погоден“ ако бидат убиени уште демонстранти

„Го следиме тоа многу внимателно. Ако почнат да убиваат луѓе како што правеа во минатото, мислам дека ќе бидат многу силно погодени од САД“, изјави Трамп пред новинарите во авионот „Ер Форс Уан“, јави ДПА.

Тој не објасни какви чекори би можеле да разгледаат САД.

Најмалку 19 демонстранти се убиени за време на немирите, објави вчера организацијата „Иран хуман рајтс“, со седиште во Осло, додавајќи дека стотици други се повредени и уапсени, пренесе ДПА.

Иранската влада и натаму не дава информации за немирите и жртвите. Сегашните бројки се потпираат главно на извештаи од социјалните медиуми и активисти во странство. Овие извештаи не можат да бидат независно потврдени.

Првично, луѓето протестираа само во Техеран против економската политика на владата, но наскоро тоа прерасна во национални политички немири. Покрај критиките кон раководството, има и повици за враќање на монархијата, која беше соборена од Исламската револуција во 1979 година, пренесува ДПА.

Трамп во петокот преку својата мрежа „Truth Social“ вети поддршка за оние што учествуваат во протестите.

„Ако Иран пука и насилно убие мирни демонстранти, што е нивен обичај, САД ќе им дојдат на помош“, напиша тој, додавајќи дека САД се „подготвени да тргнат со оружје“.

САД и Иран се големи непријатели уште од Исламската револуција и немаат формални дипломатски односи.

Американската војска во јуни се придружи кон војната на Израел против Иран и ги бомбардираше клучните ирански нуклеарни постројки. САД и Израел го обвинуваат Иран дека сака да изгради нуклеарна бомба, обвинение што Техеран го негира, потсетува ДПА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер