3Герасимовски: Да ги вратиме дебатите во партиските простори, СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен
ХороскопДневен хороскоп за 5. јануари 2026 година Дневен хороскоп за понеделник, 5. јануари 2026 година. Јарец 22.12.-20.1. Љубов На оригинален начин ќе се справите со проблемите во својот љубовен живот и ќе отворите врата за негово подобрување. Кариера Само продолжете да го развивате она што е се појасно. Денеска добивате потврда од новите соработници , кои ве поддржуваат. Здравје и совет Разбудете се. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Во сексуалните прашања ќе имате мало двоумење околу стилот . Секој ќе сака да ужива на свој начин. Кариера Во работата што ја работите ќе се вмешаат други луѓе , со кои ќе треба да научите како да комуницирате. Ќе има мали проблеми. Здравје и совет Погледнете добар филм и опуштете се. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Мали нервози малку ќе ви ја пореметат самодовербата , но само ако вие тоа го дозволите. Контролирајте се и се ќе биде добро. Кариера Постојат луѓе кои ве нервираат , зашто не знаат да работат онака прецизно како вас, па сепак ќе мора со нов да соработувате. Здравје и совет Бидете трпеливи. Овен 21.3-20.4. Љубов Од вас ќе се бара да бидете внимателни и со интерес да слушате што ви зборува другата страна. Послушајте ја. Кариера Прекрасни идеи ќе доаѓаат од вашата потсвест. Потребно е што повеќе да се сконцентрирате на себеси. Здравје и совет Наполнете си ги батериите. Бик 21.4- 20.5. Љубов И покрај понекое ситно недоразбирање во комуникациите , вие сепак успешно ги градите љубовните мостови. Кариера Пред вас се многубројни нови работни задачи. Ќе мора да работите повеќе и посветено. Најдобро е веднаш да почнете. Здравје и совет Сконцентрирајте се на целта. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Работите доаѓаат во памнотежа и се движат со вообичаен тек. Успеавте да се договорите и сега одите понатаму. Кариера Она што потајно сте го истражувале , денеска се отвора и добивате договори ир ешение на таа тема.Ова ќе го употребите за да го комплетирате успехот. Здравје и совет Преминете од зборови на дела. Рак 22.6-22.7. Љубов Препознавате нови љубовни шанси , а во тоам ви помагаат вашите пријатели. Денеска немојте да бидете сами , туку излезете. Кариера Немојте да се чудите доколку ви предложат некои мали промени. Тие се многу извесни и ќе ви донесат сигурност и стабилност. Здравје и совет Можете малку да земете пауза. Лав 23.7-22.8. Љубов Веројатно ќе покажете извесна несигурност , што малку ќе ја обесхрабри другата страна. Потрудете се да верувате во она што го живеете. Кариера Ќе ви изгледа како вашите деловни обврски да се тешки и заплеткани. Ќе ви недостига енергија и концентрација. Здравје и совет Ќе ги почувствувате последиците на хедонизмот. Девица 23.8.-23.9. Љубов Вашиот позитивен став полн со хумор ќе ви доенсе убави поени во љубовта. оние кои и натаму се сами , ќе освојуваат со леснотија. Кариера Оние кои лажеле ќе бидат разоткриени на неочекуван начин. Така ќе се осрамотат. Немојте да ги исмевате. Здравје и совет Одете каде што ви е добро. Вага 24.9.-23.10 Љубов Вашите додворувања денеска би можеле да бидат речиси извештачени . Потрудете се да бидете поедноставни и поискрени, Кариера Младите лица со кои соработувате денеска ќе ја покажат својата мрзеливост и неспособност. Ќе мора подобро да ги обучите. Здравје и совет Вежбајте гимнастика. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Своите грижи ќе им ги препуштите на другите и ќе се свртите кон секојдневието. Така ќе си ја олесните душата и ќе станете реални. Кариера Оние чија работа не е конкретна , ќе имаат одлични достигнувања. Другите и натаму ќе го слушаат својот внатрепен глас и ќе им биде одлично. Здравје и совет Бидете упорни. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Веројатно ќе бидете во искушение денот да го минете играјќи видео игри.Пресечете и со паметно молчење, издржете. Кариера Пред вас е тежок ден во кој ќе мора добро да утврдите што сакаат шефовите , која е целта, кои се пријатели ,а кои непријатели. Здравје и совет Прошетајте се на воздух.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеМЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 73 пациентиВо јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 73 пациенти кои побарале лекарска помош, информира преку соопштение министерството за здравство. Во Општа болница „Д-р Ферид Мурад" Гостивар се регистрирани вкупно 45 нови прегледи, од кои 26 на инфективно (со две нови хоспитализации) и 18 на педијатриското одделение. Во моментот се хоспитализирани по двајца пациенти на инфективно и на одделението за педијатрија. Во Здравствени дом Гостивар се регистрирани 28 нови прегледи во дежурната служба.Тагови: Гостивар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГрад Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50Нови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00МЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 71 пациент13:33
МакедонијаГрад Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 10Утрово, во раните утрински часови, беше спроведена десеттата фаза од дезинсекцијата против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје.Активностите продолжуваат и утре, согласно Годишната програма, законските обврски и Елаборатот изготвен од Центарот за јавно здравје - Скопје. Во изминатиот период беа реализирани повеќе третмани за сузбивање на ларвите и возрасните форми на комарци: Дезинсекција против ларви: 7 мај - авионска дезинсекција; 11 јуни - авионска дезинсекција; 26 јуни - теренска дезинсекција; 10 јули - авионска дезинсекција; 23 јули - теренска дезинсекција. Дезинсекција против возрасни комарци: 1 и 2 јуни - авионска дезинсекција; 18 и 20 јуни - теренска дезинсекција; 27 и 28 јуни - авионска дезинсекција; 13 и 15 јули - теренска дезинсекција. Наредната недела ќе се спроведе и теренска дезинсекција од земја, со цел дополнително сузбивање на комарците и заштита на здравјето и благосостојбата на граѓаните. Продолжуваме одговорно, навремено и системски да работиме на заштита на јавното здравје и подобар квалитет на живот за граѓаните. https://www.facebook.com/reel/2110716592811003Тагови: комарци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Мбапе во жешка акција на јахта со сексапилна русокоса По крајот на Светско фудбалско првенство, капитенот на Франција, Килијан Мбапе и покрај неуспехот на тимот ужива во заслужен одмор. Деновиве вниманието на јавноста го привлекува и неговата сакана... Според пишувањата на странските медиуми, тој моментално престојува на јахта на Сардинија во друштво на својата девојка, шпанската актерка Естер Експосито. Нивното опуштено дружење веднаш го привлече вниманието на јавноста и дополнително ги поттикна шпекулациите за нивната блискост. Фотографите на странските медиуми ги уловија во интимен момент – додека се прегрнуваа и бакнуваа на јахтата. Soccer star Kylian Mbappé and "Elite" star Ester Expósito were photographed kissing and cuddling during their yacht vacation. Photos: Backgrid pic.twitter.com/CUyNRA50re — JustJared.com (@JustJared) July 29, 2026 Сепак за јавноста поинтересна е убавата Естер, која покажа совршена фигура и витко тело од кое беше тешко да се тргне погледот. Фотографиите од јахтата брзо се проширија на мрежите, по што јавноста го доби одговорот на прашањето - дали Мбапе се бакнува со убавица? Естер е актерка која се прослави во 2018 година, кога ја доби улогата на Карла Росон во тинејџерската серија на „Нетфликс“, „Елита“ (Elite). Инаку според фотките може да се заклучи дека Килијан и Естер вистински уживаат во летниот одмор на луксузната јахта. Тагови: Килијан Мбапе Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter