Клековски апелира сите граѓани кои се или мислат дека се оштетени во кардиохирургијата да поднесат претставка - Канал 5

Клековски апелира сите граѓани кои се или мислат дека се оштетени во кардиохирургијата да поднесат претставка

Директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Клековски вечерва упати апел до можните оштетени граѓаните во кардиохирургијата и до сите други пациенти, да поднесат жалби. 

Клековски апелира сите граѓани кои се или мислат дека се оштетени во кардиохирургијата да поднесат претставка

Изјавата на Клековски, кој гостуваше во „Вести плус“ на Канал 5 ТВ, доаѓа откако кардиохирургот, Сашко Кедев пред неколку дена изјави дека во некои приватни болници се вршат непотребни интервенции со цел профит, вклучувајќи и стентирања и операции. По оваа изјава МЗ најави формирање комисија со експерти од три различни земји за проверка на работењето во приватните здравствени институции, но и продолжување на контролите во јавните здравствени установи кои се занимаваат со истата проблематика.

-Апел до можните оштетени во Кардиохирургија и до сите други пациенти службено да се жалат. Да се жалите, без да се пожалат ништо нема да се реши. Да, се жалат до вас, но вие не сте службена институција за постапување. Нас ни требаат конкретни случаи, бидејќи сега има илјадници стентирани луѓе и ќе биде повеќегодишна работа ако тргнеме да проверуваме досие по досие. Апелирам секој еден граѓанин што е оштетен или мисли дека е оштетен со своите аргументи да поднесе претставка. Јас одговорно тврдам дека ќе ја истражиме и ќе одговориме, рече Клековски.

Тој нагласи дека Фондот нема склучено договори за стентирање со „Жан Митрев“ и „Систина“ за стентирање.

-Кога еден врвен експерт како доктор Кедев ќе изнесе такви тврдења, секако треба да се обрне повеќе внимание, што не значи дека не се водат соодветни контроли и без такви изјави. Во ФЗО имаме договор со јавни и приватни здравствени установи исклучиво во полето на кардиохирургијата, не во полето на кардиологија. Кардиологија, границата интервентна кардиологија е она што популарно го нарекуваат стентирање, се работи на Клиниката во Скопје, во Клиничката болница во Тетово, во Битола, во Штип, во Специјалната болница во Охрид, и спрема нашите сознанија тие капацитети за интервентна кардиологија или стентирање се доволни. Поради тоа, ние немаме договори за стентирање со „Жан Митрев“ и „Систина“, две други приватни болници каде што овој зафат се врши. Стентирањето многу често е итно, односно во случај на срцеви проблеми или прегледи да треба во моментот да се направи. Додека, друг тип на интервенции се елективни кои можат да се закажуваат или договараат во друго време, рече тој

Клековски потенцира дека Фондот склучува договор со приватните здравствени установи во оние подрачја каде што нема давател или нема доволен капацитет на јавни даватели.

-Кардиохирургијата има два дела, едниот е кардиолошкиот, а другиот васкуларниот дел. Кардиолошкиот дел се работи во Кардиохирургија, „Жан Митрев“ и „Систина“. Тоа се трите установи со кои Фондот има договор. И васкуларната се работи во овие три клиники и во Клиниката за торакална хирургија и васкуларна хирургија и ми се чини во Штип и во Охрид. Фондот склучува договор со приватните здравствени установи во оние подрачја каде што нема давател или нема доволен капацитет на јавни даватели. И Кардиохирургијата во Македонија почна како приватна кардиохирургија, а не како јавна кардиохирургија, изјави тој.

Потенцира дека Фондот врши редовни и вонредни контроли во сите здравствени установи со кои има договор за работите за кои има договор.

-Во основа Фондот врши редовни и вонредни контроли на сите установи со кои има договор за работите за кои има договор. Нормално дека можеме да контролираме тоа за кое имаме договор. За тоа што немаме договор, не можеме да го контролираме. Тоа значи дека во поголемите установи вршиме редовни годишни контроли кои опфаќаат, на пример кај една приватна здравствена установа од март до мај контролирани се 20 досиеја кои се лекувани по ДРГ каде цената се формира по ДРГ и 10 каде што цената се дефинира преку пакет услуги. Контролите опфаќаат дијагноза, дополнителни дијагнози, медицинска документација поврзана со тие дијагнози, кои се интервенциите кои се направени со точен опис на секоја поединечна интервенција и за тие работи мора да има медицинска документација како поткрепа. Она што Фондот не го контролира, овие редовни и вонредни контроли ги прават доктори, меѓутоа ги правата доктори по општа пракса кои се стручни за медицина но не навлегуваат што пишува во ултразвукот, што пишува во ЕКГ, но дека мора да има соодветна медицинска документација да се поткрепат наводите и тие се чуваат во болниците кои ги чуваат во одреден рок. Ние вакви контроли правиме во сите поголеми здравствени установи, не само во кардиолошките, рече тој.

Клековски истакна дека стручна проценка дали еден зафат требало да се направи или не, може да го направи само стручна комисија во која ќе има соодветни специјалисти и експерти.

-Редовно секоја година, конкретно во „Жан Митрев“ и „Систина“ секоја година се прават редовни контроли. Сме направиле 9 вонредни контроли заради наплата на приватни средства. И во сите девет случаи пациентите потпишале изјава дека се согласуваат дека оперативните зафати треба да ги платат самите, а да не чекаат на листа. За добар дел од интервенциите, посебно васкуларните интервенции има листа на чекање. Не е дека нема доволно пациенти, туку напротив има повеќе пациенти од што можеме во јавното и во приватното здравство да опслужиме. И сите девет поплаки се поврзани со васкуларна хирургија каде што редовниот термин за пациентот да се оперира бил во ноември а пациентот сакал да направи операција во април на сопствени средства. Нема ниту една поплака на стручниот дел. Ако имало поплаки, ќе сме ги упатиле до ДЗСИ. Стручна проценка дали еден зафат требало да се напра ви или не, може да го направи само стручна комисија во која ќе има соодветни специјалисти и експерти, рече тој.

Клековски соопшти дека Фондот најмногу тужби има од странски болници.

-Станува збор за странски болници. Не станува збор за домашни болници. Најмногу тужби имаше од една болница Фризбург во Германија, каде што пациенти се упатуваа за третман со матични клетки, најчесто хематолошки болни. Тие се наследени процеси и некои од процесите се одбиени. Не станува збор дека Фондот бил крив или не бил, едноставно комуникацијата меѓу Фондот и болницата не била соодветна и не биле соодветно разменувани информациите меѓу двете страни, рече Клековски.

Пирс Броснан на црвениот тепих позира со внуката, ретко е во нејзино друштво (ВИДЕО)

Криминалистичката комедија „Клубот за убиства во четврток“ премиерно се прикажа во Лондон вчера навечер.

Пирс Броснан на црвениот тепих позира со внуката, ретко е во нејзино друштво (ВИДЕО)

Во филмот глумат Хелен Мирен, Пирс Броснан, Бен Кингсли и Селија Имри.

Пирс Броснан прошета по црвениот тепих во друштво на членови на семејството. Синот Дилан Броснан и внуката Изабела Смит позираа со него.

Сите тројца членови на семејството беа облечени елегантно за премиерата на филмот. Двајцата беа во одела, а Изабела беше во долг фустан.

Изабела, која вообичаено не сака да биде во центарот на вниманието, е видена неколку пати со својот дедо на јавни настани. Таа е дете на посвоената ќерка на Пирс, Шарлот, која почина во 2013 година на 41-годишна возраст по борба со рак на јајниците.

Шарлот и нејзиниот брат Кристофер се деца на првата сопруга на Броснан, Касандра, а актерот ги посвоил откако нивниот биолошки татко Дермот Харис починал во 1986 година. Касандра, исто така, починала од рак на јајниците во 1991 година. Пред смртта на Касандра, двојката имала син, Шон, а Пирс има уште две деца, Дилан и Парис, од неговиот втор брак со Кили Шеј Смит.

За филмот „Клубот за убиства во четврток“

Филмот е режиран од Крис Колумбус и е адаптација на истоимениот роман од 2020 година, напишан од британскиот телевизиски водител и продуцент Ричард Осман.

Во главните улоги се Хелен Мирен, Пирс Броснан, Бен Кингсли и Селија Имри, приказната ги следи четирите бестрашни пензионери кои го поминуваат своето слободно време решавајќи нерешени убиства како хоби. Но, она што не го очекувале е дека нивното хоби ќе добие неочекуван и возбудлив пресврт кога ќе се најдат во средината на вистинска мистерија за убиство.

YouTube video

Филмот ќе биде прикажан на Нетфликс на 28 август.

САД ги проверуваат сите иматели на американска виза: Веднаш ќе им ги укинеме на возачите на камиони

САД ги проверуваат сите носители на американски визи за да утврдат дали ги прекршиле условите за влез или престој во земјата, јавуваат американските медиуми.

САД ги проверуваат сите иматели на американска виза: Веднаш ќе им ги укинеме на возачите на камиони

Портпарол на Стејт департментот изјави за Асошиејтед Прес дека повеќе од 55 милиони луѓе со американски визи ќе бидат предмет на „континуиран преглед“.

Визите ќе бидат поништени, а оние во САД ќе се соочат со депортација доколку има докази за „пречекорување на престојот, криминална активност, закани за јавната безбедност, учество во каква било форма на терористичка активност или давање поддршка на терористичка организација“, рече функционерот.

Претседателот Доналд Трамп ја направи борбата против имиграцијата централен дел од својата втора администрација, од масовни депортации и целосни забрани за патување кон некои земји до одземање на 6.000 студентски визи.

„Непријателство кон САД, поддршка за терористи, антисемитизам“

Идни студенти и посетители на САД ќе бидат проверувани на социјалните медиуми, а службениците ќе бараат „какви било индикации за непријателство кон луѓето, културата, владата, институциите или фундаменталните принципи на САД“.

Службениците на Стејт департментот добија инструкции да ги забележат лицата „кои се залагаат за, помагаат или поддржуваат странски терористи и други закани за националната безбедност, или оние кои се вклучуваат во антисемитско вознемирување или насилство“.

„Странските возачи на камиони ги загрозуваат американските животи“

Најновото соопштение дојде откако државниот секретар Марко Рубио изјави дека САД „веднаш“ ќе ги суспендираат работните визи за возачите на камиони. „Зголемениот број странски возачи на големи камиони со приколки на американските патишта ги загрозува американските животи и ги поткопува средствата за живот на американските возачи на камиони“, објави Рубио вчера на X.

Трамп против имигрантите

Откако Трамп се врати на власт во јануари, неколку странски студенти беа уапсени на американските универзитетски кампуси поради учество во протести против војната во Појасот Газа, предводени од сојузникот на САД Израел.

САД објавија пред неколку недели дека граѓаните на Малави и Замбија ќе мора да платат депозит од 15.000 долари за туристичка или деловна виза.

Трамп, исто така, им забрани на странските државјани од 12 земји да патуваат во САД и воведе делумни ограничувања за седум други земји. Во мај, на администрацијата на Трамп ѝ беше дозволено привремено да го поништи правниот статус на повеќе од 500.000 мигранти кои живеат во САД. Трамп дури вети дека ќе го укине правото на државјанство по раѓање.

Најубавата статуа на Исус се наоѓа под вода, таму е веќе седум децении (ВИДЕО)

Меѓу приказните што ги поврзуваат морето, верата и уметноста, малкумина се попознати од онаа за Христос од бездната.

Најубавата статуа на Исус се наоѓа под вода, таму е веќе седум децении (ВИДЕО)

Станува збор за бронзена статуа што стои на дното на морето, во близина на Џенова, седум децении, со раширени раце и лице свртено кон површината.

Статуа висока 2,5 метри

Статуата е поставена во 1954 година во заливот Сан Фрутуозо, помеѓу Џенова и Портофино, и е висока 2,5 метри.

Идејата ја дал нуркачот Дулио Марканте, во чест на неговиот пријател Дарио Гонзати, пионер во нуркањето кој починал, објавува Индекс.

Во чест на починат пријател

Проектот го реализирал скулпторот Џудо Галети, а уникатноста лежи во материјалот - бронзата е добиена со топење стари бродски ѕвона, делови од подморници и други донирани метали.

Исус Христос стои на пиедестал, со раширени раце и гледа кон површината, што симболизира помирување, надеж и врска помеѓу човекот и морето.

Симбол на целиот регион

За нуркачите, тој стана еден вид заштитник, а за верниците, потсетник дека дури и во тишината на морските длабочини има место за духовност.

YouTube video

Христос од Бездната се наоѓа на длабочина од 17 метри, што го прави достапен за рекреативни нуркачи. Местото денес е едно од најпосетуваните места за нуркање во Италија, а со текот на времето стана симбол на целиот регион.

притисни ентер