МакедонијаКлековски апелира сите граѓани кои се или мислат дека се оштетени во кардиохирургијата да поднесат претставкаДиректорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Клековски вечерва упати апел до можните оштетени граѓаните во кардиохирургијата и до сите други пациенти, да поднесат жалби. Изјавата на Клековски, кој гостуваше во „Вести плус“ на Канал 5 ТВ, доаѓа откако кардиохирургот, Сашко Кедев пред неколку дена изјави дека во некои приватни болници се вршат непотребни интервенции со цел профит, вклучувајќи и стентирања и операции. По оваа изјава МЗ најави формирање комисија со експерти од три различни земји за проверка на работењето во приватните здравствени институции, но и продолжување на контролите во јавните здравствени установи кои се занимаваат со истата проблематика. -Апел до можните оштетени во Кардиохирургија и до сите други пациенти службено да се жалат. Да се жалите, без да се пожалат ништо нема да се реши. Да, се жалат до вас, но вие не сте службена институција за постапување. Нас ни требаат конкретни случаи, бидејќи сега има илјадници стентирани луѓе и ќе биде повеќегодишна работа ако тргнеме да проверуваме досие по досие. Апелирам секој еден граѓанин што е оштетен или мисли дека е оштетен со своите аргументи да поднесе претставка. Јас одговорно тврдам дека ќе ја истражиме и ќе одговориме, рече Клековски. Тој нагласи дека Фондот нема склучено договори за стентирање со „Жан Митрев“ и „Систина“ за стентирање. -Кога еден врвен експерт како доктор Кедев ќе изнесе такви тврдења, секако треба да се обрне повеќе внимание, што не значи дека не се водат соодветни контроли и без такви изјави. Во ФЗО имаме договор со јавни и приватни здравствени установи исклучиво во полето на кардиохирургијата, не во полето на кардиологија. Кардиологија, границата интервентна кардиологија е она што популарно го нарекуваат стентирање, се работи на Клиниката во Скопје, во Клиничката болница во Тетово, во Битола, во Штип, во Специјалната болница во Охрид, и спрема нашите сознанија тие капацитети за интервентна кардиологија или стентирање се доволни. Поради тоа, ние немаме договори за стентирање со „Жан Митрев“ и „Систина“, две други приватни болници каде што овој зафат се врши. Стентирањето многу често е итно, односно во случај на срцеви проблеми или прегледи да треба во моментот да се направи. Додека, друг тип на интервенции се елективни кои можат да се закажуваат или договараат во друго време, рече тој Клековски потенцира дека Фондот склучува договор со приватните здравствени установи во оние подрачја каде што нема давател или нема доволен капацитет на јавни даватели. -Кардиохирургијата има два дела, едниот е кардиолошкиот, а другиот васкуларниот дел. Кардиолошкиот дел се работи во Кардиохирургија, „Жан Митрев“ и „Систина“. Тоа се трите установи со кои Фондот има договор. И васкуларната се работи во овие три клиники и во Клиниката за торакална хирургија и васкуларна хирургија и ми се чини во Штип и во Охрид. Фондот склучува договор со приватните здравствени установи во оние подрачја каде што нема давател или нема доволен капацитет на јавни даватели. И Кардиохирургијата во Македонија почна како приватна кардиохирургија, а не како јавна кардиохирургија, изјави тој. Потенцира дека Фондот врши редовни и вонредни контроли во сите здравствени установи со кои има договор за работите за кои има договор. -Во основа Фондот врши редовни и вонредни контроли на сите установи со кои има договор за работите за кои има договор. Нормално дека можеме да контролираме тоа за кое имаме договор. За тоа што немаме договор, не можеме да го контролираме. Тоа значи дека во поголемите установи вршиме редовни годишни контроли кои опфаќаат, на пример кај една приватна здравствена установа од март до мај контролирани се 20 досиеја кои се лекувани по ДРГ каде цената се формира по ДРГ и 10 каде што цената се дефинира преку пакет услуги. Контролите опфаќаат дијагноза, дополнителни дијагнози, медицинска документација поврзана со тие дијагнози, кои се интервенциите кои се направени со точен опис на секоја поединечна интервенција и за тие работи мора да има медицинска документација како поткрепа. Она што Фондот не го контролира, овие редовни и вонредни контроли ги прават доктори, меѓутоа ги правата доктори по општа пракса кои се стручни за медицина но не навлегуваат што пишува во ултразвукот, што пишува во ЕКГ, но дека мора да има соодветна медицинска документација да се поткрепат наводите и тие се чуваат во болниците кои ги чуваат во одреден рок. Ние вакви контроли правиме во сите поголеми здравствени установи, не само во кардиолошките, рече тој. Клековски истакна дека стручна проценка дали еден зафат требало да се направи или не, може да го направи само стручна комисија во која ќе има соодветни специјалисти и експерти. -Редовно секоја година, конкретно во „Жан Митрев“ и „Систина“ секоја година се прават редовни контроли. Сме направиле 9 вонредни контроли заради наплата на приватни средства. И во сите девет случаи пациентите потпишале изјава дека се согласуваат дека оперативните зафати треба да ги платат самите, а да не чекаат на листа. За добар дел од интервенциите, посебно васкуларните интервенции има листа на чекање. Не е дека нема доволно пациенти, туку напротив има повеќе пациенти од што можеме во јавното и во приватното здравство да опслужиме. И сите девет поплаки се поврзани со васкуларна хирургија каде што редовниот термин за пациентот да се оперира бил во ноември а пациентот сакал да направи операција во април на сопствени средства. Нема ниту една поплака на стручниот дел. Ако имало поплаки, ќе сме ги упатиле до ДЗСИ. Стручна проценка дали еден зафат требало да се напра ви или не, може да го направи само стручна комисија во која ќе има соодветни специјалисти и експерти, рече тој. Клековски соопшти дека Фондот најмногу тужби има од странски болници. -Станува збор за странски болници. Не станува збор за домашни болници. Најмногу тужби имаше од една болница Фризбург во Германија, каде што пациенти се упатуваа за третман со матични клетки, најчесто хематолошки болни. Тие се наследени процеси и некои од процесите се одбиени. Не станува збор дека Фондот бил крив или не бил, едноставно комуникацијата меѓу Фондот и болницата не била соодветна и не биле соодветно разменувани информациите меѓу двете страни, рече Клековски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНеочекувана средба во Париз: Макрон ја прими Камала Харис, познато е за што разговарале Францускиот претседател Емануел Макрон ја угости поранешната потпретседателка на САД, Камала Харис, во Елисејската палата во Париз, соопшти кабинетот на францускиот претседател.Како што е наведено, средбата се одржала на приватен начин, како кратка средба од учтивост, на која присуствувал и сопругот на Камала Харис, а која Макрон повремено ја организира на барање на поранешни државни лидери, објавува бриселскиот портал Политико. Француските медиуми претходно објавија дека Макрон и Харис требало да вечераат заедно, што Елисејската палата првично го потврди, но подоцна објави дека ќе се одржи само приватна средба. Според бриселскиот медиум, средбата се одржала по убедливата победа на демократите на изборите за Конгресот во САД и во време на зголемени несогласувања меѓу Париз и Вашингтон во врска со мировните преговори за војната во Украина. Односот на Макрон со сегашниот американски претседател Доналд Трамп, кој ја победи Харис на претседателските избори во 2024 година, помина низ различни фази во последните години, а двајцата лидери неодамна разменија остри коментари во врска со немирите во Франција, додава порталот. Трамп и неговите сојузници ги поврзаа немирите со неконтролираната имиграција, што Макрон ја опиша како „глупост“. За разлика од неговиот однос со Трамп, односот на Макрон со Харис се смета за значително подобар. Според медиумските извештаи, Харис не ја исклучува можноста повторно да се кандидира за претседател на САД на изборите во 2028 година. 🔴🇫🇷🇺🇸 ALERTE INFO - Emmanuel Macron doit recevoir Kamala Harris à dîner à l’Élysée ce vendredi 20 novembre, en pleines tensions diplomatiques entre Paris et Washington. L'ancienne vice-présidente américaine est pressentie comme une possible candidate démocrate à la présidentielle de 2028. Cette invitation pourrait provoquer la colère de la Maison-Blanche, alors que les relations entre Emmanuel Macron et l'administration Trump sont déjà tendues. (Source : Intelligence Online) — Jon De Lorraine (@jon_delorraine) November 19, 2026 Макрон, од друга страна, ќе ја напушти претседателската функција во мај следната година, бидејќи францускиот Устав не му дозволува да служи трет последователен мандат.Тагови: Емануел Макрон Камала Харис Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветДоналд Трамп се обраќа од Белата куќа по враќањето од Кина- ги пофали Путин и Си Џинпинг (ВИДЕО)Американскиот претседател Доналд Трамп одржа прес-конференција во Белата куќа за да разговара за неговата средба со Си Џинпинг и Владимир Путин.Трамп се качи на подиумот во Белата куќа, 25 минути подоцна од претходно најавеното. Тој беше придружуван од потпретседателот на САД Џ.Д. Венс и државниот секретар Марко Рубио. Пофалби за патувањето во Кина и претседателскиот авион Тој ја пофали својата посета на Кина уште од самиот почеток. „Се вративме дома синоќа од една од најуспешните претседателски посети на Азија во американската историја“, рече тој. „Тоа е најдолгиот лет што некогаш го направил Ер Форс Уан. Новиот Ер Форс Уан може да лета без да застане за да наполни гориво.“ Тој рече дека новиот авион е „подобар од старата опрема“ и посочи дека оставил силен впечаток. „Кина беше многу импресионирана, а и Русија беше импресионирана“, додаде тој. Измама на Иран и цените на енергијата Доналд Трамп потоа се префрли на прашањето за Иран, велејќи дека цените на гасот ќе зависат од „како ќе го решиме прашањето со Иран“. „Тие сакаат да постигнат договор, но не сакаат да постигнат договор што би бил прифатлив за мене“, рече тој. „Ние сакаме вистински договор, а не лажен договор каков што го прават 51 година. Тие ги лажат луѓето 51 година“, додаде Трамп. Изјавите доаѓаат во време кога тензиите меѓу Вашингтон и Техеран продолжуваат, а спорот меѓу двете земји има големи импликации врз глобалните енергетски пазари. Ормутскиот теснец, кој се наоѓа меѓу Иран и Оман, е клучен превозен пат. Секое нарушување на превозот или страв од понатамошна ескалација на конфликтот може да предизвика зголемување на цените на нафтата, што се одразува на цените на горивата низ целиот свет. „Ново богатство“ Во говорот во кој се осврна на различни теми, Доналд Трамп тврдеше дека неговата администрација создала 25 трилиони долари „ново богатство“ откако ја презеде функцијата. „Тоа е рекорд“, рече тој, тврдејќи дека ја достигнал бројката за помалку од две години. Сепак, веб-страницата на Белата куќа ја става бројката на 11,2 трилиони долари нови инвестиции, значително помалку од сумата што ја наведува Трамп, објави Скај њуз. Бројката на Белата куќа дури се чини дека вклучува и некои инвестициски обврски направени за време на администрацијата на Џо Бајден. Трамп редовно тврди за големи износи на инвестиции, но не успева да даде детали за да ги поткрепи, додаде Скај њуз. „Љубов и почит“ за САД Потоа Трамп се префрли на „љубовта и почитта“ што САД ја добија на летниот самит на АСЕАН овој месец. Тој рече дека им се обратил на лидерите на 14 земји на самитот во Манила, Филипини. „Тие ѝ покажаа на Америка извонредна љубов и почит. Тие повторно нè почитуваат. Мислам дека нè сакаат, но всушност би сакал да нè почитуваат“, рече тој. „Но, тие нè почитуваат и веројатно нè сакаат.“ „Имавме многу добри разговори за проширување на нашите економски партнерства и обезбедивме повеќе од 17 милијарди долари во трговски договори што ќе им користат на илјадници американски работници.“ Самитот на АСЕАН е состанок на лидерите на 10-члената Асоцијација на земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН), регионален блок кој поттикнува економска соработка, политичка стабилност и безбедност низ Југоисточна Азија. Си Џинпинг и вештачката интелигенција Зборувајќи за деталите од неговите разговори со кинескиот претседател Си Џинпинг, Доналд Трамп рече дека една од темите била вештачката интелигенција. Тој рече дека се согласиле да воспостават „заеднички заштитни мерки“, а потоа повтори дека САД се светски лидер во развојот на оваа технологија. Трамп објави дека САД нема да им дозволат на своите компании да градат центри за податоци надвор од земјата и се закани дека ќе наметне „огромен данок“ ако го сторат тоа. „Тие дозволија тоа да се случи со чипови и сè друго“, рече Трамп. „Тоа беше многу штетно за нашата земја. Тогаш почнавме да заостануваме.“ Старата теза за завршени осум војни Доналд Трамп потоа го повтори своето тврдење дека завршил осум војни откако се вратил на функцијата. Во својата многу јавна кампања за Нобеловата награда за мир, како и во жалбите за тоа што не ја добил, Трамп постојано го изнесуваше ова тврдење. Сепак, овој број е преувеличен и бара дополнителен контекст и појаснување, според „Скај њуз“. Конфликтите за кои тој тврдеше дека ги завршиле се: • Израел - Хамас • Израел - Иран • Египет - Етиопија • Индија - Пакистан • Србија - таканареченото Косово • Руанда - ДР Конго • Ерменија - Азербејџан • Камбоџа - Тајланд „Глупави луѓе“ и „пријатели“ Си Џинпинг и Владимир Путин Осврнувајќи се на вчерашниот трилатерален состанок со Владимир Путин и Си Џинпинг, Трамп истакна дека тоа е „првиот трилатерален состанок во историјата меѓу лидерите на САД, Русија и Кина“. „Отидов таму и реков дека се сложувам одлично со овие двајца луѓе и дека ќе ги решиме нашите разлики“, рече тој. „Успеавме да ги решиме. И тогаш сфатив колку голем настан беше тоа. Беше неверојатно. Мислам, навистина неверојатно.“ Трамп, исто така, рече дека луѓето кои го критикуваат неговиот однос со Путин и Си се „глупави“, одговарајќи на критиките што ги доби откако го нарече Путин свој „пријател“. „Имаме многу добри односи. Тоа е позитивна работа, патем“, им рече претседателот на новинарите. „Глупави луѓе, а некои од нив се во оваа просторија, велат: „О, тоа е ужасно. Тој се сложува со нив“. Јас се сложувам со Русија. Се сложувам со Кина. Се сложувам со многу луѓе. Не се сложувам со некои луѓе.“ Кинеските патишта се совршено закрпени Потоа дојде квалитетот на кинеските патишта. Американскиот претседател рече дека за време на неговата посета на Кина, тој „ги погледнал тие патишта“. „Немало дупки таму каде што биле закрпени, бидејќи, знаете, кога крпите дупка на патот...“ рече тој, потоа прекина и им рече на новинарите: „Не сакам да ви досадувам“. „Не зборувам премногу, воопшто не зборувам премногу. Но, кога ќе закрпите дупка на патот, добивате сосема нов асфалт покрај стариот, бел асфалт, кој не изгледа добро, но барем не го уништувате автомобилот“, рече тој. „Но, овие патишта беа беспрекорни, сè беше беспрекорно. Имам голема почит кон работата што ја завршија.“ „Добриот човек“ Хуанг и кинеската шпионка За време на неговиот говор за чиповите со вештачка интелигенција, Доналд Трамп го спомена поранешниот извршен директор на Nvidia, Јенсен Хуанг, кој беше обвинет дека имал афера со кинеска шпионка. „Тој е добар човек, донесе некои лоши одлуки, но е брилијантна личност“, рече Трамп. Иако претходно го препорача поранешниот извршен директор на Apple, Тим Кук, за позицијата, Трамп сега вели дека „би сакал искрено да го види Јенсен како се извинува и да се врати“. Тој рече дека разговарал со кинескиот претседател Си Џинпинг за ова прашање, кој, според Трамп, го нарекол Хуанг „брилијантен човек“. „Пријателот Путин“ и скандалот „наместен од демократите“ Трамп беше прашан за неговата претходна изјава во која го нарече Путин свој „пријател“. Новинарот истакна дека Русија е „најголемиот сојузник“ на Иран и праша: „Дали мислите дека Путин е пријател на Америка?“ „Не можам да зборувам во име на Америка. Јас работам со Путин уште од измамата со Русија.“ „И, да бидам искрен, тој се справи со тоа многу праведно. Тоа беше наместена измама.“ „Тоа беше измама што ја измислија демократите. Веројатно ми помогна да ги добијам изборите.“ „Тој има многу нуклеарно оружје. Тој е втор по нас по бројот на нуклеарни боеви глави. Мислам дека тоа ни дава многу дополнителна сила“, додаде Трамп.Тагови: Белата куќа Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваМајли Сајрус ќе се венча викендов, со избраникот се запознала на „слепа средба“ (ФОТО)Мајли Сајрус и нејзиниот вереник Макс Морандо наводно ќе се венчаат овој викенд во Јужна Калифорнија. Извори блиски до двојката изјавија за TMZ дека ги финализираат подготовките, додека деталите за церемонијата се уште не се познати. Пејачката го покани Морандо да ѝ се придружи на сцената на Холивуд Боул минатиот месец. Заедно, тие изведоа песна што ја нарекоа „Let's Get Married“. По веста за венчавката, нивниот избор на песна звучи како најава што публиката веќе ја слушнала. Сè започна со состанок на слепо Мајли и Макс се заедно од крајот на 2021 година, а пејачката за британскиот Вог изјави дека се запознале на состанок на слепо. Како што таа рече тогаш, состанокот беше на слепо за неа, додека тој сепак знаеше нешто повеќе. - Мислев дека најлошото што може да се случи е да си заминам, се присети Мајли во интервју од 2023 година. Двојката се сврши минатата година, а пејачката подоцна откри дека предлогот за брак дошол како целосно изненадување за неа. Ова ќе биде нејзин втор брак Мајли претходно беше во брак со актерот Лиам Хемсворт. Тие се венчаа во 2018 година, но се разделија по помалку од една година брак. Доколку се потврдат информациите за свадба овој викенд, нејзиниот брак со Моранда ќе биде нејзин втор.Тагови: Мајли Сајрус Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook