Пирс Броснан на црвениот тепих позира со внуката, ретко е во нејзино друштво (ВИДЕО) - Канал 5

Пирс Броснан на црвениот тепих позира со внуката, ретко е во нејзино друштво (ВИДЕО)

Криминалистичката комедија „Клубот за убиства во четврток“ премиерно се прикажа во Лондон вчера навечер.

Пирс Броснан на црвениот тепих позира со внуката, ретко е во нејзино друштво (ВИДЕО)

Во филмот глумат Хелен Мирен, Пирс Броснан, Бен Кингсли и Селија Имри.

Пирс Броснан прошета по црвениот тепих во друштво на членови на семејството. Синот Дилан Броснан и внуката Изабела Смит позираа со него.

Сите тројца членови на семејството беа облечени елегантно за премиерата на филмот. Двајцата беа во одела, а Изабела беше во долг фустан.

Изабела, која вообичаено не сака да биде во центарот на вниманието, е видена неколку пати со својот дедо на јавни настани. Таа е дете на посвоената ќерка на Пирс, Шарлот, која почина во 2013 година на 41-годишна возраст по борба со рак на јајниците.

Шарлот и нејзиниот брат Кристофер се деца на првата сопруга на Броснан, Касандра, а актерот ги посвоил откако нивниот биолошки татко Дермот Харис починал во 1986 година. Касандра, исто така, починала од рак на јајниците во 1991 година. Пред смртта на Касандра, двојката имала син, Шон, а Пирс има уште две деца, Дилан и Парис, од неговиот втор брак со Кили Шеј Смит.

За филмот „Клубот за убиства во четврток“

Филмот е режиран од Крис Колумбус и е адаптација на истоимениот роман од 2020 година, напишан од британскиот телевизиски водител и продуцент Ричард Осман.

Во главните улоги се Хелен Мирен, Пирс Броснан, Бен Кингсли и Селија Имри, приказната ги следи четирите бестрашни пензионери кои го поминуваат своето слободно време решавајќи нерешени убиства како хоби. Но, она што не го очекувале е дека нивното хоби ќе добие неочекуван и возбудлив пресврт кога ќе се најдат во средината на вистинска мистерија за убиство.

YouTube video

Филмот ќе биде прикажан на Нетфликс на 28 август.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Целосно е реконструирана старата чаршија во Гевгелија, продолжуваме со работа

Немам јас што да додадам на тоа што е веќе кажано од претходните говорници, можам само да посакам уште многу вакви проекти во периодот којшто следи да реализираме.

Мицкоски: Целосно е реконструирана старата чаршија во Гевгелија, продолжуваме со работа

Убеден сум дека ќе ги реализираме бидејќи овде во Гевгелија, како впрочем и низ цела Македонија имаме амбициозна локална самоуправа без разлика на партиската припадност, ние како Влада ги поддржуваме општините насекаде, низ цела држава.

До сега имаме издвоено како Влада некаде околу половина милијарда евра за проекти, повеќе од 1.200 проекти што се завршени, што се завршуваат, што се отпочнуваат, уште мал дел и ќе се завршат.

Така што очекувам еве до крајот на годината овој проект да биде завршен од децентрализираните средства, од централниот буџет кон општините и веќе во следната година да размислуваме за нови средства коишто ќе ги одвоиме за општините, за реализирање на капитални инвестиции коишто имаат за цел да го подобрат квалитетот на животот на граѓаните.

Ја користам оваа прилика да му честитам на градоначалникот за инспиративната работа којашто ја врши како градоначалник, да се заблагодарам на советниците во Советот коишто ја поддржуваат неговата работа, на администрацијата без којашто овие проекти би биле невозможни да се решат, на пратеничката којашто доаѓа од Гевгелија којашто се бори за проект повеќе за Гевгелија и се разбира и за овој дел од Македонија, на колегите од Владата, на министерот за култура и туризам, на потпретседателот на Влада и министер за транспорт, на поранешниот министер за култура и туризам сега национален координатор, на сите институции коишто учествуваа во реализацијата на овој проект и на овие проекти бидејќи без тимска работа реализирањето на вакви проекти е невозможно.

Така што уште еднаш нека ни е со среќа и нека ни се множат вакви проекти.“, рече премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски е уплашен од незадоволство на лозарите – во полиција повикан советник на СДСМ за објава на Фејсбук

Советникот на СДСМ од Кавадарци, Вуко Мелов, бил повикан на информативен разговор во полициска станица за пост на Фејсбук објавен на страницата Мое Кавадарци.

СДСМ: Мицкоски е уплашен од незадоволство на лозарите – во полиција повикан советник на СДСМ за објава на Фејсбук

Објавата алармира за реалните проблеми кои ги имаат лозарите со откупот и најавува можен протест.

Ете колку е голем стравот на Мицкоски од незадоволството на граѓаните, од незадоволството на лозарите.

За Фејсбук постови прави притисок и повикува во полиција советници.

Ова е класичен притисок, обид за заплашување и замолчување.

Наместо Мицкоски да се занимава со решавање на проблемите на лозарите, криминалната организирана група на власт се обидува да изврши притоск и да замолчи советници на СДСМ.

Прво со Декрет во Собранието ни забранија да зборуваме за „економските работници“. Потоа во Ново Село посегнаа да тепаат деца, само затоа што ја кажаа вистината за водата во Гостивар. сега прават притисок врз советник на СДСМ за објава на Фејсбук.

Ова се истите методи на Вучиќ во Србија.

Христијан Мицкоски е уплашена од вистината, од незадоволството на лозарите, Мицкоски е уплашен од својот народ.

Народот е буден, ниту можете да го замолчите ниту да го исплашите.

Нема да ви помине!

Доаѓа време на вистина и правда.

Сите што ги спроведуваа насоките на криминалната група и се обидуваат некого да замолчат или да заплашат - ќе одговараат, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Драго ми е што помогнавме во обнова на Старата чаршија- културно наследство во Гевгелија

Министерството за транспорт ги издаде сите одобренија за реконструкција на објектите во Старата чаршија во Гевгелија, со што допринесовме да го заштитиме ова културно наследство, истакна денеска заменик претседателот на Владата, Александар Николоски.

Николоски: Драго ми е што помогнавме во обнова на Старата чаршија- културно наследство во Гевгелија

Тој заедно со премиерот Христијан Мицкоски, министерот за култура и туризам и градоначалникот на Гевгелија, ја пуштија во употреба реконструираната Стара чаршија.

"Драго ми е што Министерството за транспорт можеше да помогне во реализација на обновување на Старата чаршија во Гевгелија.

Издадени се вкупно 27 одобренија за реконструкција на 27 објекти коишто навистина прекрасно изгледаат. Сакам да се заблагодарам на Управата за заштита на културно наследство и Министерството за култура со коишто заеднички работевме, како и на сите вработени во Министерството за транспорт коишто заедно со Општина Гевгелија на дневна основа работеа. Не беше лесно, особено што се работи за заштитени објекти, но тие 27 дозволи се случија, а после тоа се реализира и проектот. Исто така, се дадоа соодветни дозволи и решенија за партерно уредување и реконструкција на сите пристапни улици, како и на самата главна улица во чаршијата" истакна заменик пртеседателот на Владата, Николоски.

Тој додаде дека во Гевгелија дополнително се инвестираат околу 165 милиони денари преку буџетот во различни проекти

" Дел се завршени, дел се во тек. Тука се трите големи проекти кои што се веќе завршени и кои што ги реализиравме преку Министерството за транспорт во соработка со општина Гевгелија во селата Моин, Прдејци и Богородица. Понатаму, завршувањето на западниот булевар „Св. Климент Охридски“, тука е реконструкцијата на улицата „Железничка“, реконструкцијата на улицата „Маршал Тито“, „Гевгелиски партизански одреди до железничката станица, како и улицата „Новопланирана“.

Ќе продолжиме да работиме и во следниот период, да ја поддржуваме општината и заеднички со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и градоначалникот, Андон Сарамандов, да правиме уште убави работи за Гевгелија" -изјави заменик претседателот на Владата, Николоски.

Министерство за транспорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер