22 годишна девојка загина на „Партизанска“ , во неа удрило „пежо“ управувано од 20 год.момче - Канал 5

22 годишна девојка загина на „Партизанска“ , во неа удрило „пежо“ управувано од 20 год.момче

Уште еден млад живот згасна на скопските улици, синоќа околу полноќ на „Партизанска“, на пешачкиот премин кај Универзалана сала беше прегазена 22 годишна девојка.

22 годишна девојка загина на „Партизанска“ , во неа удрило „пежо“ управувано од 20 год.момче

Зад воланот на возилото бил 20 годишен скопјанец кој е приведен и задржан во полициска станица. Од обвинителството посочија дека истрагата е во тек и дека се земени примероци од крв и урина од возачот... Во меѓувреме се прибираат снимките од околните камери за да се утврди што точно се случило.

„Патничко возило „пежо 207“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Ј.(20) од Скопје удрило во пешакот Ф.К.(22) од Скопје. Од здобиените повреди на местото на несреќата починала Ф.К, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.“, велат од МВР

Трагите од крв се уште се јасно видливи како нем сведок за трагичното случување, а на улицата можат да се видат и расфрлани делови од автомобил, како и од семфарот кој се искршил, а денеска е заменет со нов. Ако имало кочење, трагите ги нема оти вчера коловозот беше мокар од дождот, а според оние кои ги заткна Канал 5, а посведочиле на случувањето, возилото застанато неколку метри од местото на ударот.

Според очевидците, но засега официјално неутврдено, девојката била удрена на овој пешачки премин, при што прелетала преку оваа заштитна ограда удирајќи во семафорот кој што се искршил, а под него, се уште се видливи трагите од крв.

Граѓаните велат секојдневно сведочат на „лудо“ возење на булеварот „Партизански одреди“ од кое стравуваат да преминат улица, но велат невнимание има и кај пешаците. Сметаат дека треба поригорозни казни за побезбедни улици..

“Сообраќајки секој ден, колку се виновни возачите, толку и пешаците. Треба да се воспостави ред, а ред кај нас е само казна, друго ништо. Да сега слушнав, значи на ваква крстосница да се направи таква несреќа е навистина греота и срамота.“/ „Небаре писта е, терај. Внимаваме, лево-десно, мораш да гледаш не знаеш од каде може да излезе некој да те удри“./„ „Се вози лудо и тоа претежно помладите. Тоа е штета, жалосно, немам збор како да го кажам тоа, девојчето отишло.“/„ Стравувам пред се за своите деца, стравувам и за себе, меѓутоа, како да кажам, кога не се почитуваат основни правила во сообраќајот и од пешаците и од возачите, луѓе страдаат.“

Ова не е прв пат „партизанска“ да биде смртоносна за пешаците.

Пред нешто повеќе од еден месец смртно беше прегазена 74 годишна жена, на крстосницата со „Рузвелтова“. Пред три години кај Сити мол загина 24 годишна девојка која минувала на пешачки, а неколку години пред тоа возило усмрти уште една девојка од 19 години кај Градежен факултет. Инаку, во уште една сообраќајка вчера пред олимписикиот базен во Скопје тешко била повредена и 79 годишна жена, која била удрена од возило Опел Корса, управувана од 21 годишник.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Германија, 52% од подстанарите не се селат, иако становите се скапи. Се плашат од уште поскапи

Киријата претставува голем финансиски товар за многу станари во Германија, но стравот од уште поскапи договори ги одвраќа од преселба, и покрај нивната желба за промена, според студија на Институтот Аленсбах.

Во Германија, 52% од подстанарите не се селат, иако становите се скапи. Се плашат од уште поскапи

Киријата претставува голем или многу голем финансиски товар за 52 проценти од испитаниците, според студија нарачана од компанијата за недвижности Хајмстаден.

Сепак, станарите остануваат во квадратните метри што ги изнајмиле, плашејќи се од уште повисоки кирии, што го продолжи просечното време на живеење во истиот дом на 18 години. Пред десет години, 40 проценти од станарите живееле во истиот стан помалку од пет години, додека денес само 26 проценти од нив укажуваат на толку краток период на изнајмување.

Уделот на оние кои живееле во истиот дом најмалку 20 години се зголемил на 24 проценти, што е за шест процентни поени повисоко отколку во 2019 година. Кога ќе се земат предвид дополнителните трошоци, закупците сега им плаќаат на сопствениците на станови 20 проценти повеќе кирија, од просек од 807 евра месечно.

Закупците се претежно задоволни од самите станови

Новите договори за изнајмување станбен простор носат значително повисоки цени во многу градови. Во Хамбург и Минхен, тие сега се речиси 50 проценти повисоки отколку во 2016 година, а во Берлин за околу 66 проценти. И покрај финансискиот притисок, огромното мнозинство закупци се задоволни од изнајмените квадратни метри, вкупно 83 проценти.

Закупците дале најдобри оценки за локацијата на зградата, распоредот на станот и достапноста на топла вода, додека најмногу поплаки изразиле за недостатокот на паркинг места, потрошувачката на енергија и износот на киријата.

Прашањето за експропријација на големи компании за недвижности е предмет на дебата со години

Околу една четвртина од испитаниците веруваат дека би било оправдано да се експропријатираат големи сопственици на имоти, додека 34 проценти се против таква опција. Прашањето за експропријација на големи компании за недвижности е тема на дискусија во Германија, особено во Берлин, со години.

Анкетата на Институтот Аленсбах е спроведена преку лични интервјуа со примерок од 1.057 лица помеѓу 23 март и 9 април. Резултатите се репрезентативни за населението над 16 години, со статистичка грешка од околу три процентни поени.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Политички потрес во Литванија- премиерката наеднаш поднесе оставка

Литванската премиерка Инга Ругине поднесе оставка, објави ЛРТ.

Политички потрес во Литванија- премиерката наеднаш поднесе оставка

Владата во заминување на седница донесе одлука да поднесе оставка и да му го врати мандатот на претседателот.

„И покрај сите тешкотии, имаме многу со што да бидеме горди, а секој од вас даде значаен придонес за благосостојбата на нашата земја и подобрувањето на животот на нашиот народ“, им рече Ругине на министрите.

Таа по седницата изјави дека ја напушта функцијата „со крената глава и мирно срце“, отфрлајќи ги тврдењата дека нејзината сопствена партија ја принудила да си замине.

Писмото за оставка ќе биде доставено до литванскиот претседател Гитанас Науседа, кој ќе побара од владата во заминување да продолжи да ја извршува функцијата со технички мандат додека не се формира нов кабинет. Според коалицискиот договор, лидерот на социјалдемократите Миндаугас Синкевичиус е предложен за нов премиер.

Претседателот на земјата има 15 дена да предложи кандидат за премиер до парламентот, по што, доколку биде потврден, ќе има уште 15 дена да го презентира составот на новата влада и нејзината програма.

Новото владејачко мнозинство го сочинуваат Социјалдемократската партија, Сојузот на демократи „За Литванија“ и Сојузот на литвански земјоделци, зелени и христијански семејства, кои заедно имаат 75 места во парламентот.

Коалицискиот договор предвидува и промени во составот на владата, вклучително и ново раководство на министерствата за земјоделство, енергетика, здравство и заштита на животната средина.

Ова е втора промена на владата во текот на тековниот парламентарен мандат, откако претходниот литвански премиер Гинтаутас Палукас поднесе оставка минатата година поради истрага за неговите деловни врски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почина градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски

Причините за смртта засега не се објавени.

Почина градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски

Илиевски беше позната политичка фигура во оваа општина, каде што ја водеше локалната институција во последните години.

Тој беше оженет и татко на две полнолетни деца.

Од 1999 година до ноември 2021 година беше вработен во ЈЗУ Клиничка болница Тетово. Од 11 ноември 2021 година беше избран за градоначалник на Општина Брвеница за периодот 2021–2025 година. Во периодот 2013–2017 година беше член на Советот на Општина Брвеница. Како голем вљубеник, беше активно вклучен во областа на спортот, беше поддржувач на голем број спортски настани и даваше големи придонеси во спортот. Од 2001 до 2013 година имаше учество во младите категории во рамките на ФФМ, а од 2013 до 2021 година беше член во младата репрезентација до 21 година (У21) во рамките на ФФМ. Од средината на 2021 година беше член во А-репрезентацијата. Исто така, од 2016 година па сè дотогаш беше потпретседател на Фудбалскиот сојуз Тетово.

Мицкоски: Со длабока тага ја примив веста за ненадејната смрт на Јовица Илиевски, градоначалникот на општина Брвеница.

Премиерот на Фејсбук напиша:

Со длабока тага ја примив веста за ненадејната смрт на Јовица Илиевски, градоначалникот на општина Брвеница.

Јовица беше работлив, чесен и скромен човек, целосно посветен на луѓето и на општината што ја водеше.

Функцијата ја разбираше како обврска кон граѓаните, а довербата што ја доби ја оправдуваше со работа, со присуство и со резултати.

Беше секогаш меѓу луѓето. Ги слушаше, им помагаше и се бореше за нивните потреби. Затоа граѓаните му ја дадоа довербата и за втор мандат.

Ќе го паметиме и како голем вљубеник во спортот, човек со силна енергија, искрен пристап и отворено срце.

Во овие болни моменти, моите мисли се со неговото семејство, со неговите најблиски, со граѓаните на Брвеница и со сите што го познаваа и почитуваа.

Јоцо на последните избори ја добивме најважната битка за твојата Брвеница, твоето дело и споменот за тебе нема да биде заборавен.

Вечен спомен!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер