,,Зомби Анџелина Џоли” е осудена на 10 години затвор - Канал 5

,,Зомби Анџелина Џоли” е осудена на 10 години затвор

Иранската Анџелина Џоли, Сахар Табар, е осудена на 10 години затвор, пишува Гардијан.

,,Зомби Анџелина Џоли”  е осудена на 10 години затвор

Табар (19), чие вистинско име е Фатемех Кишванд, била уапсена минатата година за своите активности на социјалните мрежи. Таа е обвинета за „морална корупција на младите“ и непочитување на Исламската Република, сето тоа затоа што на Инстаграм објавила крајно изменети фотографии од своето лице.

Странските медиуми поради фотографиите ја нарекоа „зомби Анџелина Џоли“ или „Иранска Анџелина Џоли“, а во еден момент на Инстаграм ја следеле скоро половина милион луѓе.

"Секоја нова фотографија ја уредувам сè повеќе и повеќе за да биде што е можно посмешно. Тоа е форма на изразување, уметничка форма. Моите обожаватели знаат дека тоа не е моето вистинско лице", рече тинејџерката во 2017 година.

Првите обвиненија против неа вклучувале богохулење, поттикнување на насилство и постапување со несоодветни средства, но таа била ослободена од обвинението.

Иранската државна телевизија го емитувала нејзиното покајание кон крајот на октомври минатата година, а снимката предизвика голема симпатија во јавноста. Нејзините адвокати до судот доставија и медицински наоди, кои покажуваат дека Сахар исто така страдала од ментална болест и дека во последните десет години посетувала психијатриски институции, но судот сепак одлучи да ја осуди на 10 години затвор.

Во април, таа се зарази со коронавирус во затворот и заврши во болница поради тешкотии при дишењето.

Сахар сè уште се надева на помилување, па не сака да коментира ништо, пишува Гардијан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ријана позира во црвена чипка од својата нова колекција на долна облека (ФОТО)

Ријана продолжува да ја промовира својата линија долна облека Savage X Fenty. 

Ријана позира во црвена чипка од својата нова колекција на долна облека (ФОТО)

Пејачката и претприемачка објави серија нови фотографии на Инстаграм на кои позира во црвен чипкаст ансамбл од свој бренд.

На фотографиите, таа носи црвен чипкаст градник и соодветни гаќички. Станува збор за модели во нијанса Timeless Red, а градникот е направен од еластична чипка, нема постава и има прилагодливи ремени и копче на задната страна.

Колку чини комплетот?

Цените на производите на Savage X Fenty варираат во зависност од членството и тековните промоции. Сличен црвен чипкаст модел од понудата на брендот, кој е означен и како „Rihanna's Pick“ на нивната страница, чини 56,95 евра за клиенти кои не се членови, додека новите членови моментално можат да го купат за 22,78 евра.

Таа постојано ја промовира својата облека на Инстаграм

Новите фотографии се само продолжение на промотивната стратегија на Ријана. Таа редовно ги претставува своите колекции долна облека лично, па неодамна објави фотографии во црно-бел сет со огрмушки, како и во жолто летно издание. Пред тоа, таа позираше во неглиже со животински принт и сет од три дела во корално црвена боја со цветен дезен.

Нејзините објави редовно го привлекуваат вниманието на нејзините следбеници. „Токму тоа ни требаше“, е еден од коментарите. Други напишаа: „Го испуштив телефонот! Ни треба предупредување за оваа голема жештина!“ и „Кралицата се врати“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Андоновски: Уште едно исполнето ветување, нов Центар за услуги за граѓаните на Кочани

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска е во работна посета на Општина Кочани, каде што заедно со градоначалникот Влатко Грозданов го промовираше новиот Центар за услуги – ЕТУ Кочани. 

Андоновски: Уште едно исполнето ветување, нов Центар за услуги за граѓаните на Кочани

Со отворањето на центарот, жителите на Кочани и околината добиваат можност на едно место да пристапат до електронските услуги и да добијат поддршка при нивното користење.

Во изјавата за медиумите, Андоновски ја истакна важноста на приближувањето на дигиталните услуги до граѓаните, особено до оние на кои им е потребна помош при поднесувањето електронски барања.

„Со овој Центар за услуги им го олеснуваме пристапот на граѓаните на Кочани до услугите на институциите. Овде ќе можат да добијат помош за користење на Националниот портал uslugi.gov.mk, да поднесат барање за потребниот документ и полесно да ги завршат своите административни обврски. Нашата цел е дигитализацијата да биде достапна за секого и да носи конкретни придобивки во секојдневниот живот“, истакна Андоновски.

Преку новиот центар, граѓаните ќе имаат пристап до електронските услуги достапни на Националниот портал uslugi.gov.mk, меѓу кои се издавање извод од матичната книга на родените, документи од казнената и кривичната евиденција, како и услуги од Агенцијата за катастар на недвижности, Фондот на ПИОМ и други институции.

Министерот им се заблагодари на градоначалникот Грозданов и на Советот на Општина Кочани за поддршката и соработката во реализацијата на проектот, нагласувајќи дека заедничкиот ангажман на централната и локалната власт е значаен за подобрување на услугите за граѓаните.

„По бесплатните Wi-Fi зони што ги доби Кочани, денес реализираме уште едно ветување кон граѓаните. Благодарност до градоначалникот и до Советот на Општината што ја препознаа важноста на овој проект и придонесоа за неговата реализација. Со ваква соработка создаваме услови граѓаните побрзо и поедноставно да доаѓаат до услугите што им се потребни“, посочи Андоновски.

Градоначалникот Влатко Грозданов му се заблагодари на министерот Андоновски за соработката и за исполнувањето на ветувањата кон граѓаните на Општина Кочани, истакнувајќи го значењето на новиот центар за жителите на општината и околината.

Во рамки на работната посета, предвидено е министерот Андоновски да оствари средби и со претставници на компании од ИТ-секторот, како и со членовите на СТЕМ-клубот за роботика од Кочани.

Стефан Андоновски,

Министер за дигитална трансформација

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Со обвинувањата дека ВМРО-ДПМНЕ е виновно и за состојбата во СДС, Филипче и талогот на СДС се на добар пат да се самоуништат

Паниката и хистеријата која ја шират Венко Филипче и талогот од СДС очигледно се резултат на состојбата во која е оваа опозициска партија.

Петрушевски: Со обвинувањата дека ВМРО-ДПМНЕ е виновно и за состојбата во СДС, Филипче и талогот на СДС се на добар пат да се самоуништат

Дополнително, во целата оваа ситуација е и тоа што Филипче не може реално да расудува.

На Филипче ништо не му чини, ниту еден проект, не сака да види било каков напредок во државата, не се согласува со ниту една идеја која има за цел подобрување на состојбата во државата и стандардот на граѓаните.

На Филипче ВМРО-ДПМНЕ му е виновно за се, дури и за случувањата во неговата партијата.

Ако на Филипче му е единствен начин на делување хистеријата што ја шири, ако се определил само за критика и напад кон се и сешто, дури и кон некогашни сопартијци, членови и носители во минатото на функции, тогаш навистина е на лош пат.

ВМРО-ДПМНЕ како партија која сега ја предводи Владата може само да продолжи со грижа за граѓаните, а Филипче добронамерно го советуваме - очајот и нападите да ги остави на страна. На Македонија и треба силна опозиција, а не како што е сега СДС, партија на која ВМРО-ДПМНЕ ѝ е виновна за сѐ, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер