„Златен објектив“ за филмскиот режисер Кирил Ценевски - Канал 5

„Златен објектив“ за филмскиот режисер Кирил Ценевски

Режисерот и сценарист Кирил Ценевски е добитник на наградата „Златен објектив“ за 2013 година, која Кинотеката на Македонија ја доделува за исклучителен придонес во македонската кинематографија. Одлуката ја донел одборот за наградата, а беше соопштена на прес-конференција денеска, кога Кинотеката одбележува 37 години постоење, јави МИА.

„Златен објектив“ за филмскиот режисер Кирил Ценевски
Наградата на Ценевски ќе му биде врачена на 27 октомври, на Светскиот ден на аудиовизуелното наследство, кога ќе биде прикажана ретроспектива на негови филмови. Тој е автор со голем број филмски награди, меѓу кои и тие за неговиот најнаградуван филм „Црно семе“ од 1971 година (на фестивалите во Пула, Москва, Авелино, југословенски кандидат за Оскар во 1972 и награда „11 Октомври“). Со „Црно семе“ Ценевски е влезен во листата на УНЕСКО „Спомени на светот“. Ценевски (1943) е режисер и на играните филмови „Јад“, „Оловна бригада“, „Јазол“..., и на документарци, меѓу кои и тие посветени на неколку добитници на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата, како и за самиот поетски фестивал.

- Имаше повеќе предлози за наградата и е многу тешко да се направи дистанца за заслугите, квалитетот и придонесот на секој од предложените филмски автори, но сметам дека одборот направи правилен избор зашто Кирил Ценевски е еден од најреномираните филмски режисери, истакна директорката на Кинотеката Мими Ѓоргоска-Илиевска.

Таа доби повторно мандат за член во Управниот одбор на Меѓународната асоцијација на филмски архиви (ФИАФ - Fédération Internationale des Archives du Film) на конгресот што вчера заврши во Барселона. Идната година домаќин на 70-тиот конгрес на ФИАФ ќе биде Скопје и ќе се одржува 5-ти до 10 мај. Ќе биде посветен на 100 години од почетокот на Првата светска војна. Идејата е да се направи филмографија за војната од зачуваните филмски материјали низ светот.

Се очекува да присуствуваат над 200 делегати од цел свет. Асоцијацијата обединува околу 150 архиви, кинотеки, музи и центри за документација на аудиовизуелното наследство од 77 земји. - Тоа е голема привилегија, но и обврска. Се надевам дека добро ќе ја сработиме, рече Ѓоргоска-Илиевска.

Кинотеката оваа година ќе продолжи со проектот за дигитализација. Завршен е целиот опус на браќата Манаки и ќе биде објавен на ексклузивно ДВД-издание. Дигиталната реставрација ќе продолжи со документарниот филм „Македонија во слики“ на Арсени Јовков од 1923. Кинотеката го продолжува и проектот за снимање/интервјуирање на протерани Македонци од егејскиот дел на Македонија, што го почна пред три години. Досега се направени околу 500 интервјуа во Македонија и во Канада, а ќе продолжи снимање на бегалци во Австралија. Од тоа ќе произлезе нов документарен филм, каков што беше и „Сведоци“.

Од денеска до 2 мај во Кинотеката ќе бидат прикажани четири играни филма на годинашниот лауреат на „Златниот објектив“ Ценевски. Од 15-ти до 21 мај ќе бидат прикажани филмови на Хрватската кинотека, а во рамки на тој циклус и два македонски филма на хрватски режисери: „Македонски дел од пеколот“ во режија на Ватрослав Мимица и „Три Ани“ на Бранко Бауер. Од 23-ти до 27 мај ќе се одржуваат Денови на чешкиот филм, ќе има и специјална програма за 9 мај и победата над фашизмот, како и програми за најмладите - втор дел од циклусот филмови посветени на 200 години од раѓањето на браќата Грим и филмови од програмата на фестивалот Македокс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателката на Европската централна банка: Инфлацијата најверојатно ќе остане висока

Инфлацијата веројатно ќе остане висока во блиска иднина, а Европската централна банка (ЕЦБ) ќе ја разгледа деталната структура на основната инфлација за да ги утврди своите следни чекори во однос на каматните стапки следниот месец.

Претседателката на Европската централна банка: Инфлацијата најверојатно ќе остане висока

Инфлацијата веројатно ќе остане висока во блиска иднина, а Европската централна банка (ЕЦБ) ќе ја разгледа деталната структура на основната инфлација за да ги утврди своите следни чекори во однос на каматните стапки следниот месец, изјави претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард.

Таа рече дека не може со сигурност да каже дали ЕЦБ ќе ги зголеми каматните стапки во декември, но истакна дека ќе бидат потребни значителни промени за ситуацијата да се одвива поинаку од она што таа го очекува.

„Знаеме дека стапките на инфлација ќе останат високи во наредните квартали“, рече Лагард во интервју за јапонскиот весник „Јомиури Шимбун“.

Таа додаде дека колку се повисоки и колку подолго остануваат високи, толку е поголем ризикот за среднорочната цел на ЕЦБ.

„Внимателно ги следиме индикаторите што укажуваат на идните случувања, како што се повеќегодишните договори за плати, очекувањата за плати на компаниите - и досега не гледаме знаци за промена на трендот“, рече Лагард, според „Блумберг“.

Со оглед на тоа што инфлацијата во еврозоната е двојно поголема од целта на ЕЦБ од 2 проценти, а економијата продолжува да расте стабилно, некои функционери сигнализираа можност за уште едно зголемување на стапката за четвртина процентна стапка следниот месец.

Тоа би бил најновиот потег во низата, по два такви потези откако војната со Иран ги зголеми цените на енергијата.

Сепак, клучното прашање е колку монетарно затегнување може да се справи валутниот блок од 21 земја без да го поткопа економскиот раст, објави Блумберг

Уште едно зголемување на каматните стапки би ги турнало трошоците за задолжување до горниот крај од опсегот каде што нивното влијание врз економијата се смета за безопасно.

Холанѓанецот Клас Кнот и Шпанецот Пабло Ернандез де Кос се борат да ја наследат, изјави претседателката на Еврогрупата во петокот.

На прашањето дали планира да се кандидира на претседателските избори во Франција во 2027 година, Лагард одговори дека тоа не е нејзин план, но дека сака да зборува во дебатата и да го изрази своето мислење за кандидатите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ракетен напад на финансискиот центар во Ријад- оштетена е зградата на нафтениот гигант „Армико“ (ВИДЕО)

Финансискиот центар на Ријад, главниот град на Саудиска Арабија, беше погоден од ракетен напад, а инцидентот ја оштети зградата на нафтената компанија Сауди Арамко.

Ракетен напад на финансискиот центар во Ријад- оштетена е зградата на нафтениот гигант „Армико“ (ВИДЕО)

Според информациите што ги објавија странските медиуми, прозорците на зградата биле скршени на неколку ката, додека дел од фасадата е оштетен, објави Лориент.

Нападот се случил денес, откако воената коалиција предводена од Саудиска Арабија објави дека пресретнала ракети лансирани од Јемен, за кои се вели дека им припаѓаат на јеменските бунтовници Хути.

Сведоци потврдија за АФП дека бил погоден деловниот комплекс на Финансискиот округ Крал Абдула (КАФД), во кој се наоѓа и кулата Арамко. Според нив, штетата била видлива на неколку ката од зградата, вклучувајќи скршени прозорци и оштетување на фасадата.

Сепак, првичните извештаи не беа јасни дали зградата била директно погодена од ракета или штетата е предизвикана од остатоци од ракета што претходно била пресретната од воздушната одбрана.

Саудиското Министерство за енергетика подоцна соопшти дека административната зграда на Арамко била цел на обидот за напад, но дека штетата била ограничена на остатоци. Според официјалните информации, немало повредени или смртни случаи во инцидентот.

Воената коалиција соопшти дека воздушната одбрана пресретнала и уништила две крстосувачки ракети насочени кон Ријад и јужните делови на кралството.

Нападот врз финансискиот центар предизвика особена загриженост бидејќи е еден од најпрепознатливите симболи на економските и социјалните реформи на Саудиска Арабија. Комплексот KAFD вклучува бројни канцелариски згради, финансиски институции, станбени згради, продавници и метро станица што ја користат многу луѓе секој ден.

Инцидентот претставува нова ескалација во конфликтот меѓу Саудиска Арабија и Хутите, кои ги интензивираа меѓусебните напади во последните месеци. Тензиите дополнително се зголемија откако Хутите ги обвинија саудиските сили за смртоносни напади врз цивили во Јемен.

Засега нема потврда дека нападот предизвикал прекини во работата на „Арамко“ или на неговите нафтени постројки. Властите продолжуваат да ја проценуваат штетата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АД ЕСМ со демант до СДСМ: Нема доцнење на платите во ЕСМ, компанијата ги осудува обидите за внесување немир кај вработените

Платата за вработените во АД ЕСМ ќе биде исплатена во законскиот рок. 

АД ЕСМ со демант до СДСМ: Нема доцнење на платите во ЕСМ, компанијата ги осудува обидите за внесување немир кај вработените

Тековните административни усогласувања во компанискиот систем за исплата на личниот доход, се должат на едновремените барања од над 140 вработени за ажурирање и промена на нивните лични податоци, што наметна потреба од дополнително време за нивна техничка обработка и верификација до 06.11., со цел да се обезбеди сигурна и точна распределба на средствата.

Работењето на АД ЕСМ, кое изминатите две години минува низ интензивен процес на финансиска и техничко-технолошка консолидација, не треба во ниту еден случај да се поврзува со државниот Буџет, затоа што средствата за плати компанијата самостојно ги обезбедува без субвенции, за разлика од периодот 2021-2024 година.

Компанијата најостро ги осудува обидите на одредени политички партии за саботажа на енергетскиот сектор односно преку тенденциозно и лицемерно користење на вонредните административни прилагодувања - да создаваат лажен наратив и да внесуваат немир помеѓу вработените.

Во контекст на платите и надоместоците за вработените, би сакале да потсетиме дека е почнат процесот за зголемување на платите во АД ЕСМ согласно неодамна потпишаниот Колективен договор со репрезентативните синдикати. Исто така, на почетокот на јули е исплатен регресот за годишен одмор за 2026 година во 100% вредност, а последните две години вработените ја добиваат декемвриската плата пред почетокот на Новогодишните празници.

АД ЕСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер