Ботовите на „Опен АИ“ навлегле во веб-страници на американски институции, протечени и фотографии од корисници
2Ботовите на „Опен АИ“ навлегле во веб-страници на американски институции, протечени и фотографии од корисници
Шоу биз,,Заглавив со Шер и плачев во тоалет како дете” – Вил Смит за погрешната одлукаХоливудската ѕвезда Вил Смит е во брак со Џејд Пинкет, а поради претходната сопруга плачел во тоалет како мало дете.Вил Смит бил во брак со Шер Зампино , а во моментот кога сфатил дека е со погрешна личност , плачел во тоалет во ресторан како мало дете. ,,Бевме заедно во ресторан во Њујорк и одеднаш сфатив дека таму сум со жена со која не треба да бидам заедно. Отидов во тоалет и се расплакав. Знаев дека Џејда е онаа со која требаше да останам.” , раскажа актерот во емисијата "Red Table Talk". ,,Кога прв пат ја видов Џејда знаев дека би можеле да успееме. Нашите енергии беа магични. “ , се потсети Вил Смит , кој со претходната сопруга го има синот Треј Смит. Тој ја запознал Џејда додека бил во брак со Шер , но немале врска. Дури по разводот во 1995 , почнале со љубовната врска. Вил со Џејда има две деца, синот Џејдан и ќерката Вилоу.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаВо прекин е воздушниот сообраќај на Сицилија- еруптираше ЕтнаВоздушниот сообраќај на аеродромот во Катанија, Сицилија, денеска беше прекинат поради вулканската активност на Етна, проследена со силна емисија на пепел.Воздушниот сообраќај на аеродромот во Катанија, Сицилија, денеска беше прекинат поради вулканската активност на Етна, проследена со силна емисија на пепел, и поради неповолни временски услови, соопшти компанијата што управува со аеродромот. Сите пристигнувања на аеродромот, петтиот најпрометен во Италија според бројот на патници, се прекинати до утре во 10 часот по Гринич. Етна, највисокиот и најактивен вулкан во Европа, често предизвикува прекини во воздушниот сообраќај во Катанија, но емисиите на пепел ова лето беа особено интензивни, погодувајќи илјадници патници за време на врвот на туристичката сезона. Воздушниот сообраќај беше дополнително прекинат поради силна бура што го зафати подрачјето во текот на ноќта. Тагови: Етна сицилија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветБотовите на „Опен АИ“ навлегле во веб-страници на американски институции, протечени и фотографии од корисници„Опен АИ“, компанијата што стои зад Чет Џпт, соопшти дека нејзини агенти за вештачка интелигенција објавиле 53 фотографии од корисници и продреле на веб-страници на американски институции, вклучително и владини агенции.„Опен АИ“ не откри дали станува збор за фотографии од реални лица или за слики генерирани со вештачка интелигенција, ниту кога тие биле објавени. Од компанијата објаснија дека линковите до фотографиите не биле јавно достапни. Моделите на вештачка интелигенција на „Опен АИ“ пристапувале и до податоци на американски владини институции, како Комисијата за хартии од вредност, берзи на САД и Американската статистичка служба. Се појавуваат индикации дека би можеле да следуваат уште многу откритија за самостојни хакерски активности на вештачката интелигенција на Опен АИ. Компанијата соопшти дека информирала „десетици“ организации чии веб-страници биле предмет на непланирани интеракции од софтверот на „Опен АИ“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОпштински комисии ќе проверуваат дали на нивите има останато неоткупено грозјеПривршува бербата на грозјето... Откако откупот формално ќе заврши, на почетокот на октомври ќе се формираат општински комисии кои треба да утврдат дали на нивите има останато неоткупено грозје.. Со последните дождови финишираат и бербите на винското грозје во тиквешијата и во останатите лозарски региони. Проблемите со откупот, слабиот интерес за вранецот и бавната динамика спроед лозарите се причина годинава голем дел од грозјето особено вранецот да остане по нивите необран, чекајки да почне интензивниот откуп за кој винариите тактизираа заради непродадените залихи на црвно вино од лани. Токму заради овие проблеми на лозарите градоначалникот на кавадарци најави дека по завршувањето на откупот некаде на почетокот на октомври владата планира да се формираат општински комисии кои ќе треба да излезат на терен и да утврдат колку точно грозје останало по нивите необрано па да се планира обештетување за овие лозари. Дека состојбата со откупот на винското грозје беше проблематична говори и фактот што се најдоа 12 милиони евра кои на винариите им се дадоа на располагање по брза постапка со камата од 1% и со можност за грејс период од една година наменски да се откупат вранецот и смедеревката од лозарите. Лозарите укажуват дека и со оваа мерка се задоцни и затоа голем дел од вранецот е останат, исушен и необран по нивите заради што бараат од државата да воведе итна помош од 150 илјади денари за хектар за обештетување и спас на лозарството. Според последите податоци од Министерството за земјоделство заклучно со понеделник 21 семптември откупени се 64 милиони килограми на винско грозје од лозарите но и од сопствените насади на винариите и има уште околу 2,7 милиони килограми извоз на винско грозје. Оваа бројка се очекува да се зголеми бидејки интензивно деновиве се откупуваше смедеревката во лозарските региони. Според најавите од следната година треба да почне изградбата на дестилеријата која вишокот на грозје и вино ќе го претвора во алкохол за кој веќе има интерес кај една од најпознатите светски компании за алкохол да го откупува целиот вишок и со тоа да се решат долгорочно проблемите со откупот на грозјето во години како оваа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш12:59Мицкоски на Генералното собрание на ОН: Правилото што важи денес не може да биде поинакво утре09:59Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила18:16Премиерот Мицкоски денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН08:52
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05