Заев: Средбата во Софија нема да биде клучна за договор

17-ти мај е преоптимистички рок за решение на спорот со Грција.

Премиерот Зоран Заев вели дека средбата со грчкиот колега Ципрас за три дена во Софија сепак не е клучната средба, што неодамна самиот ја најави како тајминг што би значел финален исчекор за затворање на проблемот за името. Заев вели дека најсуштинските прашања се се уште на маса и отина средбата со Ципрас во четврток треба да се направи рекапитулар на веќе среботеното и да се дадат насоки на министрите Димитров и Коѕијас.

- Јас верувам дека пред се треба да бидеме креативни и посветени и јас би сакал некаде пред Самитот на Советот на Европа, а потоа и Европскиот совет, тоа е 25, 26, па 28 и 29 јуни, да се носат одлуките за добивање датум за преговори или не. Дотогаш да имаме некое решение, па дури треба да знаеме дека и да има приближување на она што е останато, во Грција и Македонија мора да направиме внатрешен процес на консултации. Затоа што, како што реков, процесот, ако е тоа можно, да биде поддржан од сите, изјави Зоран Заев, претседател на владата на Р.Македонија.

Во грчките медиуми и денеска нашироко се зборува за наводната нацрт спогодба, според која, на Македонија ќе и се дадат две години во фази да го имплементира договореното. Како што пишуваат грчките медиуми, новото името било договорено да биде за севкупна употреба, кое заедно со сите пропратни елементи треба да се вградат во Уставот на земјава. За возврат, Македонија требало да добие датум за преговори со унијата и силни гаранции од НАТО, за кога ќе се заврши договореното, да стане и членка на алијансата. Заменикот на Коѕијас Јоргос Катругалос ги демантира ваквите информации, не открива детали, но вели дека се работи на договор.

-Договорот ќе биде глобален, треба да ги реши сите недоразбирања и да биде траен. Тој може да има временска рамка за сите прашања, кои нема да можат да се решат до неговото потпишување. Но, во никој случај нема да биде Времена спогодба како претходно, вели Јоргос Катругалос за радио „Реал.фм.“

Во однос на се погласните информации за зголемено парламентарно мнозинство од 180 пратеници кои би биде неопходни за ратификување на евентуалниот договор , Катругалос појаснува дека Уставот такво нешто предвидува само кога станува збор за отстапување на националниот суверенитет, а во конкретниот случај не постоело такво нешто.

Пендаровски: Ако згрешиме на 8ми, следува режим број 2

Ако сега, на осми мај ја згрешиме работата во изборот, понатаму ќе направат режим број два и нема да имаме слобода на избор, години и години нанапред, порача вечерва во Куманово кандидатот за претседател Стево Пендаровски.

Во одговор на прашање на граѓанин, Пендаровски истакна за тоа како ВМРО-ДПМНЕ организираше избори потсетувајќи на изборите од 2008 година кога таа партија убедливо победи, а правеше листи со имиња и презимиња на тогашните носители од опозиција.

„Во десетте години на Груевски ние немавме слободни избори, а народот не беше слободен да ја искаже својата волја. Од 1990 година сите избори кои ги организирала СДСМ како власт, биле фер и слободни, немало фалсификат, со нив, со ВМРО-ДПМНЕ тоа скоро секогаш е правило, освен со еден исклучок, како изборите 2002 година. Тоа се политички измамници, особено кога ќе им дојде крајот на мандатот, а уште немаат докрадено од народот“ порача Пендаровски, соопштуваат од неговиот тим.

Ковачевски: Ги повикувам сите прогресивни граѓани да гласаат ЗА европска иднина на државата

Во обраќање пред присутните граѓани на вечерашниот митинг на СДСМ и Коалицијата во Драчево, општина Кисела Вода, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, порача дека СДСМ е цврста и силна партија.

Во обраќање пред присутните граѓани на вечерашниот митинг на СДСМ и Коалицијата во Драчево, општина Кисела Вода, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, порача дека СДСМ е цврста и силна партија, која ќе се бори за демократските вредности и европската иднина на државата.

„СДСМ не прифаќа условувања и со никого нема да прави политички дилови. Ова е прашање на иднината на државата и со неа, нема тргување. Фокусирани сме на тоа да го постигнеме најдобриот резултат на престојните избори на 8-ми мај и повикуваме на мобилизација на сите демократски и прогресивни сили за да се спречи враќањето на режимот на ВМРО-ДПМНЕ“, посочува Ковачевски.

Ковачевски додава идека СДСМ е единствената политичка партија која никогаш нема да се откаже од својата инклузивност и која во континуитет придонесува за мултиетничкиот карактер на Македонија.

„ Деновиве, за жал, слушам опасни наративи кои може лесно да разгорат меѓуетничка нетрпеливост. Лидерите на ВМРО и на ДУИ и претседателскиот кандидат Давкова се однесуваат во најмала рака неодговорно и кон државата и кон граѓаните. Им порачувам на Мицкоски и на Ахмети и на Давкова – граѓаните се свесни за вредноста на мирот и стабилноста што ги гради СДСМ, граѓаните знаат дека на сите нѝ треба европска иднина, а не враќање 20 години во закопаното минато. Престанете да се препукувате со штетни скандирања и закани, кои никому не му носат добро“, изјави претседателот Ковачевски и порача дека тие како политичари, треба да се грижат за иднината, а не за враќање кон минатото.

„Ние нема да ви дозволиме да си играте со европската иднина на нашите деца! Граѓаните нема да ви дозволат да се коцкате со нивната иднина“, порача од митингот Ковачевски.

Ковачевски додаде дека доколку десничарска партија како ВМРО-ДПМНЕ добие преголема моќ, тоа ќе ги „убие“ ЕУ перспективите на државата.

„Затоа, ги повикувам сите прогресивни граѓани кои ѝ мислат добро на државата, да излезат на изборите на 8-ми мај и да изберат европска иднина со СДСМ и коалицијата, да гласаат ЗА Стево Пендаровски за Претседател и да им кажат одлучно НЕ на деструктивните сили кои заговараат внатрешни конфликти, поделби и надворешни изолации и блокади“, заклучува Ковачевски од митингот во Драчево, се наведува во партиското соопштение.

ДКСК: Вишиот управен суд ја одби жалбата на АСЈО, приемот на нови слушатели во мирување

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) соопшти дека Вишиот управен суд ја потврдил одлуката во врска со приговорот од организатор на изборна кампања за вработувањата во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“. 

- Вишиот Управен суд донесе пресуда со која се одби жалбата на Академијата за судии и јавни обвинители, со што ја потврди пресудата на Управниот суд, и постапката за прием на 130 нови слушатели во почетна обука ја стави во мирување, се до завршување на изборите. Жалбата е одбиена како неоснована, се наведува во соопштението од ДКСК.

Од Државната комисија за спречување на корупцијата посочуваат дека за овој предмет и за сите наредни предмети, постапила и ќе постапува врз основа на пропишаните закони и прописи, во насока на зајакнување на владеење на правото, како врвен приоритет кон кој цели државата.

-Оваа одлука на Вишиот Управен суд не охрабрува и ни дава поттик уште попосветено да ја вршиме работата за која ја добивме довербата, истакнуваат од ДКСК. Пресудата е достапна на следниот линк

Управниот суд на 22 април ја отфрли како неоснована тужбата на Академијата за судии и јавни обвинители против Државната комисија за спречување на корупцијата, откако претходно ДКСК расправаше по втор пат и одлучи да се стави во мирување постапката за прием на 130 слушатели на Академијата до завршување на изборите.

притисни ентер