„VW“ и „Stellantis“ подобри од „Tesla“

Германскиот концерн и француско-италијанско-американскиот автомобилски гигант ги зазедоа првите две места во Европа за продажба на електрични возила во првата половина на 2022 година.

Кога станува збор за електричните автомобили, групацијата „Volkswagen“ во првите шест месеци од оваа година зад себе остави два големи ривали, „Stellantis“ и „Tesla“. Добар резултат направи и „Stellantis“ со оглед на тоа што многу им се доближи на Германците, а во однос на продажбата ја престигна „Tesla“.

Концернот „Volkswagen“ испорача 116.307 електрични возила на клиентите во Европа во првата половина од годината, додека „Stellantis“ е втор со 105.413 испорачани електрични автомобили.

„Tesla“ е далеку зад, на третата позиција со 78.277 продадени возила, според податоците добиени од „Dataforce“ и објавени од „Automotive News Europe“.

Податоците се однесуваат на 27 земји од ЕУ, плус Велика Британија, Швајцарија, Исланд и Норвешка.

Најпродаваниот електричен автомобил од „Stellantis“ е новиот „Fiat 500“.

Иако „Tesla“ е трета во целина по продажба на електрични возила во Европа, овој производител ги зазема првите две места кога станува збор за индивидуални модели.

Најбараниот електричен автомобил во Европа во првите шест месеци од 2022 година е „Tesla Model Y“ (39.969 продадени возила), додека втор е „Tesla Model 3“ (38.320).

Електричниот „Fiat 500“ е трет (32.315), „Peugeot e-208“ четврти (21.918), а „Enyaq iV“ од Шкода петти (19.951), како најпродаван електричен модел од групацијата „VW“.

МЗ: Во последните три дена 108 новозаболени од ковид, три починати лица

Направени се 976 тестови, а регистрирани се 108 нови случаи на КОВИД-19

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 30.09 до 02.10.2022):

Направени се 976 тестови, а регистрирани се 108 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 83, Прилеп - 5, Штип – 4, Битола, Тетово, Кавадарци, Кичево и Кратово – по 2, Кумнаново, Охрид, Струмица, Гевгелија, Неготино и Македонски Брод – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (108), регистрирани се 30 реинфекции.

Регистрирани сe 135 оздравени пациенти од: Скопје – 90, Прилеп – 7, Охрид – 6, Битола – 5, Тетово – 4, Штип, Кавадарци, Кратово и Куманово – по 3, Кичево, Гевгелија, Неготино и Велес – по 2, Ресен, Крива Паланка и Берово – по 1.

Во текот на изминатите 3 дена (30.09 - 02.10.2022) пријавени се 3 починати лица. Две починати лица од Охрид (81г и 89г) и едно починато лице од Кратово (72г), сите се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, не се пријавени починати лица.

Направени се 976 тестови преку: ИЈЗ-135, ЦЈЗ Скопје-86, ЦЈЗ Битола-18, ЦЈЗ Прилеп-10, ЦЈЗ Тетово-7, ЦЈЗ Куманово-24, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, Институт за микробиологија–48, Жан Митрев (Филип Втори)-7, Авицена-21, Биотек-48, Систина-5, лабораторија Лаор-15, Синлаб-1, Ремедика-12, Плодност-10, Генеа-10, Никоб Лаб-41, ВФВ Медикал-3, Ели Медика Плус-2, Ројал Медика–1, Спектра-ММ-1, Рапид Лаб–2, Жан Митрев Струмица–1, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 466.

Досега во земјата се направени вкупно 2.170.602 тестирање на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.069, бројот на оздравени пациенти е 333.067, на починати е 9.537, а бројот на активни случаи изнесува 465.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје      161537, Активни   307

Куманово    18216, Активни    16

Битола      17940, Активни    33

Прилеп      15495, Активни    20

Тетово      14466, Активни    13

Кавадарци   12082, Активни    12

Велес 10796, Активни    4

Охрид 10308, Активни    8

Гостивар    10274, Активни    1

Струмица    8778, Активни     4

Штип  8758, Активни     14

Кичево      6073, Активни     7

Кочани      5544, Активни     0

Струга      5171, Активни     0

Гевгелија   4878, Активни     2

Неготино    4142, Активни     3

Ресен 3029, Активни     6

Радовиш     2836, Активни     4

Свети Николе      2794, Активни     1

Крива Паланка     2662, Активни     2

Делчево     2183, Активни     0

Берово      1874, Активни     1

Дебар 1812, Активни     0

Валандово   1600, Активни     0

Виница      1478, Активни     1

Пробиштип   1299, Активни     0

Кратово     1128, Активни     4

Богданци    1101, Активни     1

Крушево     1037, Активни     0

Демир Хисар 929, Активни      0

Македонски Брод   799, Активни      1

Демир Капија      628, Активни      0

Македонска Каменица     534, Активни      0

Пехчево     518, Активни      0

Дојран      370, Активни      0

Со почит,

Одделение за односи со јавност

Министерство за здравство

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС очигледно се нервозни, признаа афера на Ковачевски од 26 милиони евра

Во СДС очигледно се нервозни, признаа афера на Ковачевски од 26 милиони евра, па се служат со лаги за Мицкоски, кој ако имаше нешто одамна немаше да шета слободен

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ

Во СДС очигледно се нервозни. Тие признаа дека фирми од опкружувањето на Ковачевски земале државни пари, и сега не знаат како да се исперат пред јавноста.

Лагите против претседателот Христијан Мицкоски се невешт обид за да избегаат од одговори.

Реалноста е дека СДС се власт во Македонија 5 години, и ако имало било што тој немаше да се шета слободен.

Нивната Антикорупциска исто така потврди дека наводите на СДС се лага, и ги осуети сите нивни конструкции.

Ковачевски да не дезертира и да одговори:

1. Дали е основач на фирмата Пиксел груп, која е централен дел од аферата „Броило“?

2. Дали фирмата КМГ ЕОЛ Квазар ма кумот на Ковачевски има добиено скоро 2 милиони евра државни тендери додека СДС е на власт?

3. Дали КМГ ЕОЛ Квазар на кумот на Ковачевски склучила договор од 2 милиони евра со ЕВН?

Одговорот на сите прашања е потврден.

Затоа дезертерот Ковачевски е на чело на соларниот картел од аферата „Броило“ тешка 26 милиони евра.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

МЖСПП ги проверува информациите дека кубен метар дрва се продава за 50 % повисока цена

Ние ја отворивме оваа тема на минатата владина седница. Во правилникот пишува 3000 денари. Зошто се продава со вакви цени во приватниот сектор очекуваме да добиеме информација од Инспекторатот, посочи министерот.

Според регулативата на ЈП „Национални шуми“ цената за еден кубен метар дрва за огрев е 3000 денари, но во последниот период, откако граѓаните почнаа да набавуваат дрва за греење на домовите во зимскиот период, се проширија информации дека тие плаќаат најмалку 50 проценти повисока цена од предвидената, односно над 4500 денари за кубен метар.

На денешниот брифинг, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, наведе дека, откако дознал за ова, на минатата владина седница алармирал за проблемот и, како што нагласи, очекува утре да добие информација од Пазарниот инспекторат и од Државниот инспекторат за шумарство и ловство.

– Ние ја отворивме оваа тема на минатата владина седница. Во правилникот пишува 3000 денари. Зошто се продава со вакви цени во приватниот сектор очекуваме да добиеме информација од Инспекторатот, посочи министерот.

Нуредини исто времено упати апел граѓаните да престаната со нелегалната сеча на шумите.

притисни ентер