Мицкоски ќе се обрати на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“
2Мицкоски ќе се обрати на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“
Медведев му се извини на повредениот гледач, дисквалификацијата скапо го чинеше- се огласи и Ѓоковиќ (ВИДЕО)
1Медведев му се извини на повредениот гледач, дисквалификацијата скапо го чинеше- се огласи и Ѓоковиќ (ВИДЕО)
Автомобилизам„Volkswagen“ го менува името во САД?Американските медиуму пишуваат дека произведувачот во САД ќе ја носи ознаката „Voltswagen“ за додатно приближување на на бредност до електричната енергија, но и да се дистанцира од дизел скандалот.Одредени медиуми, вклучувајќи го и „USA Today“ дошле до службена објава во која стои дека „Volkswagen“ во Амеика ќе биде комерцијализиран под името „Voltswagen“. И понатаму нема службена потврда дека германскиот произведувач навистина ќе ја направи оваа промена и додатно ќе се приближи до електричната енергија, а ќе се оддалечи од дизел скандалот од 2015. Портпаролот на компанијата, Брендан Брадли, не ги коментирал овие наводи. Личност блиска до „Volkswagen“, која сакала да остане анонимна, изјавила дека станува збор за трајна промена која ќе се однесува на „Volkswagen“ во Америка. Новинарот на „USA Today“ цитирал дел од службената објава во која стои дека „Voltswagen“ е повеќе од промена на име. „Тоа е јавна декларација со која компанијата најавува идни инвестиции во е-мобилноста“, стои меѓу другото во соопштението. Според таа објава, автомобилите со електричен погон ќе го добијат натписот „Voltswagen“, додека останатите ќе си го задржат класичното „VW“ лого. Оваа вест доаѓа во време кога „Volkswagen“ тргнува во комерцијализација на електричниот кросовер „ID.4“, прв кој би можел сериозно да го промени пазарот за електрични возила во САД. Инаку, „Volkswagen“ најави 70 електрични модели до 2029 година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНов случај „Лотарија“: Две вработени уапсени за проневера од 1,3 милиони евраДве вработени во Државна лотарија вчера се приведени под сомнение за проневера на околу 80 милиони денари или околу 1,3 милиони евра.Двете вработени неофицијално биле во секторот финансии, а сомнежите се однесуваат на начинот на кој биле евидентирани и движени парите од уплатните места за игри на среќа. Парите од уплатните места требало да бидат евидентирани и уплатени како дневен промет, но сомнежот е дека дел од средствата фактички ги немало, иако сметководствено состојбите биле затворани. Се истражува дали со фиктивна документација биле прикажувани исплати и добивки, како и дали пари биле префрлани од една на друга сметка за финансиски да се затвораат обврските. Дејствијата што се истражуваат започнале од 1 јануари 2024 година. Повеќе информации од обвинителството се очекуваат во текот на денот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски ќе се обрати на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува и ќе има обраќање на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“.Овој документ на Светска банка се однесува на економските предизвици и можностите за забрзување на економскиот раст, спроведувањето на потребните реформи, со акцент на подобрување на управувањето и конкурентноста, поттикнување на инвестициите, технологијата и иновациите, како и развој на вештините и подобро искористување на работната сила.извештајот вчера беше презентиран пред пратениците во собранието.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литарОд ноќеска на полноќ цените на бензините се намалија за 1,5 денар, а на дизелот за 3 денари. На сила и натаму се мерките за намалување на акцизите на горивата, како и за намалување на ддв-то за дизелот, што според премиерот мицкоски е главна причина за потфрлањето на приходната страна на буџетот за околу 120 милиони евра во однос на проектираното.. Затоа, до крајот на месецот најави втор ребаланс со кој за истиот износ ќе се скратат и дел од планираните расходи.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook