„Volkswagen“ би можел да продаде повеќе електрични автомобили од „Tesla“ веќе во 2024 година - Канал 5

„Volkswagen“ би можел да продаде повеќе електрични автомобили од „Tesla“ веќе во 2024 година

Во текот на следните неколку години, двата производители на автомобили ќе се борат за водечка улога во глобалната продажба на електрични возила, оставајќи го остатокот од автомобилската индустрија далеку зад себе, се вели во анализата.

„Volkswagen“ би можел да продаде повеќе електрични автомобили од „Tesla“ веќе во 2024 година

Германскиот производител со години најавува дека еден ден има намера да продаде повеќе електрични автомобили од американската компанија. Тоа, според извештајот објавен од „Bloomberg Intelligence“, конечно би можел да се случи во 2024 година.

Во текот на следните неколку години, двата производители на автомобили ќе се борат за водечка улога во глобалната продажба на електрични возила, оставајќи го остатокот од автомобилската индустрија далеку зад себе, се вели во анализата.

Со десет различни марки под своја контрола – од цена до престиж, од „Volkswagen“ до брендот „Bentley“ – „VW Group“ може да продава широк спектар на електрични модели на пазарите ширум светот, како што се „Audi e-Tron“, „VW ID. 3“, „VW ID.4 SUV“ и „Porsche Taycan“, пренесува „investitor.me“.

Продажбата на сите марки на „VW Group“ се очекува да порасне во следните неколку години. Од друга страна, ограничената линија на модели на Тесла ја прави компанијата инфериорна во однос на понудата и цените на Фолксваген.

Два пазари, Кина и Европа, ќе бидат особено важни во трката меѓу двете компании во следните неколку години. Регулативите на двата од овие пазари во голема мера ги фаворизираат електричните возила.

Според извештајот на „Bloomberg“, до 2025 година се очекува електричните возила да учествуваат со 25% од вкупната продажба на автомобили во Кина и 20% во Европа. „Volkswagen“, со седиште во Германија и неколку фабрики низ Европа, веќе е пред „Tesla“ во продажбата на електрични возила на Стариот континент.

Меѓутоа, во Кина, „Volkswagen“ во моментов е далеку зад „Tesla“ во продажбата на електрични возила, заземајќи само 3,5% од пазарот на електрични возила таму минатата година. „Tesla“ имаше удел од 13% во продажбата на електрични возила во Кина во 2021 година.

Интересно е што дури 55% од продажбата на електрични возила во Кина доаѓа од голем број помали, главно кинески, производители на автомобили.

Моделите на електрични автомобили во моментов сочинуваат само 11% од вкупната продажба на автомобили во Кина, но регулативите ставаат голем товар на производителите на автомобили кои не продаваат електрични возила, додека ги наградуваат оние што продаваат, така што се очекува тој процент брзо да расте.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Десетици китови насукани на плажа: Спасувачите се обидуваат да ги вратат преживеаните во водата

Десетици китови се пронајдени на плажа на Северниот остров во Нов Зеланд, а спасувачите се обидуваат да вратат неколку преживеани во водата, соопшти Министерството за заштита на природата.

Видео: Десетици китови насукани на плажа: Спасувачите се обидуваат да ги вратат преживеаните во водата

Во соопштението се наведува дека најмалку 20 китови се насукале долж брегот кај Нгави, во близина на Кејп Палисер – најјужната точка на Северниот остров.

Досега, два кита се успешно вратени во морето. Како што пренесе „Радио Нов Зеланд“, локалните жители изјавиле дека во текот на ноќта на брегот се насукале околу 50 китови.

Повеќето угинаа од здобиените повреди, а волонтерите се обидуваат да ги одржат во живот останатите и да им помогнат да се хидрираат, користејќи кофи со вода и крпи.

Насукувањето на китови е честа појава долж бреговите на Нов Зеланд и Австралија. Големи популации на китови-пилоти живеат во длабоките океани околу овие островски земји, но сè уште не е познато зошто поединци од овие видови завршуваат насукани на брегот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кендрик Нан испиша историја против Реал Мадрид

Кошаркарот на Панатинаикос, Кендрик Нан имаше неверојатна четврта четвртина и постави нов рекорд.

Кендрик Нан испиша историја против Реал Мадрид

Американскиот бек одигра спектакуларно второ полувреме против Реал во Мадрид и собори импресивен рекорд, кој до синоќа го држеше играчот на Црвена ѕвезда, Џаред Батлер.

Нан постигна 23 поени во четвртата четвртина и, заедно со Матијас Лесор, беше најзаслужен за спектакуларната победа на Панатинаикос над Реал во евролигашкото дерби.

Играчот на Панатинаикос го надмина претходниот рекорд од 22 поени, поставен од Џаред Батлер против Асвел на 23 декември 2025 година.

Неговиот учинок претставува и втор најдобар поентерски резултат во една четвртина во Евролигата во тој период, при што му недостасуваа само три поени за да го израмни рекордот на Карсен Едвардс од 26 поени во една четвртина, остварен во регуларниот дел од сезоната 2024/25.

Нан исто така го израмни својот личен рекорд по број на погодени шутеви за два поена на еден натпревар во Евролигата без ниту едно промашување, реализирајќи совршени 8 од 8 обиди од внатрешноста на линијата за три поени.

На крајот, тој го заврши натпреварот со 33 поени, а за неговата неверојатна партија по натпреварот зборуваше и Жељко Обрадовиќ.

„Не е лесно по неговата повреда, сите мораме да имаме трпение со него. Мораме да бидеме свесни за квалитетот што го поседува тимот. Одигравме одлично во напад, но мораме да го подобриме и сегментот во одбраната.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Финансиска полиција: Кривична пријава за проневера во службата при наплата на јавни давачки од технички прегледи на моторни возила

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против лицето М.Н. во својство на одговорно лице – управител на друштво за вршење технички прегледи на моторни возила.

Финансиска полиција: Кривична пријава за проневера во службата при наплата на јавни давачки од технички прегледи на моторни возила

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против лицето М.Н. во својство на одговорно лице – управител на друштво за вршење технички прегледи на моторни возила поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривичнo делo “Проневера во службата “од член 354 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Според прибраните докази постојат основи на сомнение дека пријавениот во својство на одговорно лице-управител, во периодот од 01.01.2022 до 31.12.2025, искористувајќи го овластувањето на друштвото за вршење технички прегледи на моторни возила, противправно присвоил парични средства наплатени од физички и правни лица при регистрација на моторни возила, наменети за повеќе субјекти по основ на јавни давачки. На овој начин, на правниот субјект му прибавил противправна имотна корист во вкупен износ од 41.518.042 денари, на штета на општините, Министерството за животна средина, Службата за помош и информирање, Црвениот крст на Република Македонија и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Дополнително, со цел прикривање на трагите на кривичното дело, во текот на 2022 и 2024 година, пријавениот извршил противправен отпис на јавни давачки во вкупен износ од 17.090.623 денари, при што во сметководствената евиденција го намалил долгот кон наведените субјекти и прикажал помал износ на обврски по основ на јавни давачки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер