Јанчев: Реконструкцијата на спортската сала во СОУ „Добри Даскалов“ се одвива согласно предвидената динамика
2Јанчев: Реконструкцијата на спортската сала во СОУ „Добри Даскалов“ се одвива согласно предвидената динамика
3ДЗР: Слабости во јавните набавки во ЕСМ, ревизорите чешлале 27 постапки вредни околу 143,6 милиони евра
Поранешен вработен во „Google Deepmind“ вчера стана најновиот истражувач кој предупреди за вештачката интелегенција
2Поранешен вработен во „Google Deepmind“ вчера стана најновиот истражувач кој предупреди за вештачката интелегенција
Шоу биз„Во чие друштво е Бен Афлек“? (видео)Оваа снимка ги изненади луѓето на социјалните мрежи Еден маж ги збунил корисниците на Тикток со својот атрактивен изглед. Повеќето прашале дали ова е снимено од Џенифер Лопез. Познатите личности привлекуваат внимание со својот атрактивен изглед и појава. Многу често повеќето жени сакаат да се поистоветуваат со некоја дама од јавниот живот. На жените им е полесно да го прават тоа „копирајќи“ нечија шминка или стил, додека ретко се случува некој меѓу мажите да потсетува на некоја позната личност. Но, се случуваат и такви ситуации кои ни покажуваат дека, колку и да сме автентични и единствени, сепак наликуваме на некого. Една корисничка на Тикток која објавува снимки со своето момче на Тикток под профилот „Chares y Teresa“, споделила видео од својот партнер кој лежи на креветот и гледа ТВ. Првично, некои помислиле дека станува збор за приватна снимка на популарниот пар Лопез-Афлек. На видеото се гледа атрактивен маж во профил додека лежи на каучот. По ликот тој потсетува на познатиот американски актер Бен Афлек. Обликот на главата, фризурата, очите и брадата се речиси идентични, само што се работи за помлад маж. Видеото ги изненади корисниците на мрежата кои рекле дека сличностите се неверојатни. - Го има истиот став. - Слободно може да се каже дека му е роднина. - Во чие друштво е Афлек? - Твоето момче повеќе личи на Бен Афлек отколку Бен Афлек на самиот себе. - Тој има поубаво лице од Бен. - Многу е згоден, како Афлек на помлади години. - Разликата е во милионите - беа дел од коментарите. Сепак, иако многумина се согласија дека тие двајца се слични, имаше и такви кои нагласија дека ова момче е многу позгодно и поубаво од актерот. Инаку, овој шпански пар на Тикток го следат 203.000 лица. Тие често објавуваат поткасти на различни теми и споделуваат моменти од нивното секојдневие. Освен тоа, сакаат да ги забавуваат своите фанови со интересни дијалози и скечеви кои добро ги играат. @charesconteresa Dicen que mi novio se parece a Ben Affleck 😃 ♬ Monkeys Spinning Monkeys - Kevin MacLeod & Kevin The Monkey Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Милијарда евра дупка во ПИОМ, како што рековме - пари нема!Фондот на ПИОМ веќе не се држи на придонеси. Се држи на буџет.Годишниот трошок за пензии е околу 2,4 милијарди евра. Од вработени влегуваат околу 1,4 милијарди. Дупката е околу една милијарда евра и истата ја полни државата. Во 2023 таа дупка беше околу 510 милиони евра. За три години речиси се удвои. Трансферот од Буџетот кон ПИОМ се искачи кон 60 милијарди денари годишно. Тоа е политиката на оваа криминална власт. Кредит секоја недела. Задолжување на земјата за четири милијарди евра. Само две години им беа потребни да ја задолжат Македонија како никој досега - да земат половина од долгот стар 35 години. На сѐ тоа, Мицкоски купува нов авион. Се купува луксузен мебел. Се плаќа прослава од 5,53 милиони евра. Ние немаме за леб, тој за себе има чоколада. Тоа не е социјална политика. Тоа е систем што пука, а власта го покрива со паролата „трета економија во Европа“. Од другата страна: празни фрижидери и празни паричници. ВМРО-ОКГ повторно рече дека државата е гарант и дека пензиите ќе се исплаќаат на време. Рекоа дека линеарното зголемување било потребно за достоинствен живот. Тоа е половина реченица. Другата половина ја нема. Нема мерки. Нема проекција. Нема извор на пари освен данокот на граѓаните и нови задолжувања. Нема рок до кога ПИОМ ќе престане да го јаде Буџетот. Нема одговор дали мартовското усогласување ќе биде процент, линеарно или импровизација во последен момент. Се споменуваат работни групи за вториот столб. Анализи и решение нема. Покрај ова, најавите за вториот пензиски столб се движат од национализација до „реконструкција“. Луѓе што со години уплаќале може да останат без својата заштеда и без потпора на веќе ниските пензии. Додека Арамија Мицкоски зборува за иднината, роботи и дата-центри, пензискиот фонд тоне. Струјата се раздава на сервери и се увезува на големо. Водата се крие во договори, вода за пиење нема. Пензиите се оставаат на „ќе најдеме“. Провизијата има име. Планот за ПИОМ го нема. Пензионерите бараат фонд што функционира, а не празни приказни и ветувања од Арамија и неговата банда. СДСМ бара јавен план: колку недостига годинава и наредната, од каде точно ќе се покрие, кои мерки го намалуваат дефицитот и до кој датум. Без тоа, уверувањето на криминалната група ВМРО е само покритие за власт што пензиите ги користи како слоган, а дупката ја префрла на сметка на граѓаните. Пензиите не се милостина од Мицкоски. Тие се обврска на државата. Држава што крие план за милијарда евра не гарантира пензии. Гарантира следно задолжување. Скопје, 15.09.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17
МакедонијаЈанчев: Реконструкцијата на спортската сала во СОУ „Добри Даскалов“ се одвива согласно предвидената динамикаПродолжуваат градежните активности во спортската сала на СОУ Гимназија „Добри Даскалов“.Реконструкцијата на спортската сала во СОУ „Добри Даскалов“ се одвива согласно предвидената динамика, со што чекор по чекор создаваме современ и функционален простор за учениците. Во текот на активностите се работи на обновување на салата, со цел поставување нов спортски под, уредување на ѕидните површини, модернизација на осветлувањето, како и подобрување на системите за греење, вентилација и противпожарна заштита. Со инвестицијата од 4.200.000 денари, Општина Кавадарци продолжува со унапредување на спортската инфраструктура во Гимназијата и создавање побезбедни и подобри услови за наставата и спортските активности. Работиме на терен, со јасна цел, современи услови за нашите ученици и подобра спортска инфраструктура за Кавадарци.- објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДЗР: Слабости во јавните набавки во ЕСМ, ревизорите чешлале 27 постапки вредни околу 143,6 милиони евраСериозни слабости во јавните набавки во ЕСМ откри Државниот завод за ревизија.Ревизорите чешлале 27 постапки вредни околу 143,6 милиони евра.Пропусти имало уште при планирањето и утврдувањето на потребите.во само една година биле направени 19 измени на планот за набавки. ДЗР констатирал и ограничена конкуренција и постапки со само една понуда. Особено внимание привлекува набавката на гасен мотор вредна околу 2,48 милиони евра. Моторот бил платен, но не бил ставен во функција и подолг период бил складиран.за адитив биле платени околу 2,29 милиони евра, а најголемиот дел останал неискористен. Ревизорите нотирале и проблеми со договорите, техничките спецификации и контролите. Заводот бара поголема транспарентност и поекономично и поефикасно користење на јавните средства.Тагови: ДЗР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17