ВМРО–ДПМНЕ повика на предвремени парламентарни избори

„Човекот кој математички прецизно ќе ја демонтира власта на Заев“ – вака Мицкоски беше најавен пред владата да им се обрати на неговите поддржувачи. 

Наредната година опозицискиот лидер очекува предвремени парламентарни избори заедно со претседателските. Пред владата Мицкоски го побара пржинскиот договор – да добијат шеф на Државната изборна комисија и техничка Влада 100 дена пред изборите.

„Излегуваше Зоран Заев и кажуваше дека нема да има промена на Уставот, дека ќе го заштителе идентитетот, дека имал некоја жица од гитарата Македонија се викала. Како поминува времето гледам дека не само ќе ја искине жицата, туку и гитарата сака да ја испогани и искрши на парчиња. Ако Зоран Заев во неговиот извод од матичната книга на родените се напише на пример ЕВРО, неговиот омилен збор од тој момент па натаму сите ќе го викаме Евро Заев“ рече лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Говореше дека власта е криминална, корупирана, со заплашени медиуми, партиско судство. За Мицкоски во животот пропаднала една година, полна со разочарувања. Не изостанаа и апсењата на осомничените од 27 април, кои ги нарече политички терор, тортура. Патриотите во затвор, а криминалците тврди на слобода. На само една година опозиција, а претходно власт, Мицкоски жестоко критикуваше институции, зборуваше за лоши здравсвени услови, катастрофално образование. Власта вели е со лажни ветувања. Се осврна и на економијата, тврди дека има неуспеси – со нула раст, тонење на градежништвото. Мицкоски мисли дека Заев не донел ниту една инвестиција во земјава.

„Како и реален стандар или како што Зоран Заев лажеше, живот. Зоран Заев заборави една работа, дека животот нема реприза и нема втора шанса за времето кое изминува и годините кои се губат. Го гледам како така поднасмеан со лажната скромонст што ја губи, раскажува, како добро се живеело и како почнало се да се подобрува“, рече Мицкоски.

На Мицкоски му е тешко кога станува збор за прашањето на името. На конкурентите од СДСМ им порача дека не им се плаши кога Македонија е во прашање. Најавува програма која ќе ја претставни пред јавноста.

Без посебни транспаренти, демонстрантите го дочекаа претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Мицкоски, тука на како што рече самиот претседател на партијата митингот пред владата. Тој им порача дека на лето ќе има посети низ сите градови, што практично и најавува предизборна кампања.

Поддржувачи на опозицијата стасаа на Илинденска и од други градови. Демонстрантите, негодуваат на промена на името, но за владините политики, не беа прецизни што им недостасува.

На Мицкоски поддршка му дадоа и Унгарскиот премиер Виктор Орбан и лидерот на Европската народна партија Жозеф Дол.

„Пред Вас е голема можност но морате да бидете успешни во една сложена ситуација. Јас сум убеден дека заедницата на ВМРО под раководството на претседателот Мицкоски и неговиот млад тим ќе успее да ги врати Македонците на патот на развојот и да ја врати вербата во иднината“ му порача Орбан на Мицкоски.

„Во Владата или во опозицијата, сите политички сили во земјата мора да ги подвиткаат ракавите и да покажат сериозна желба за напредување по Евро-Атланскиот пат и да ги преземат неопходните мерки“, му порача Дол на Мицкоски.

Заев вчера изјави дека внимателно ќе ги слуша пораките на опозицијата. На прозивките одговори вицепремиерот Анѓушев.

„Пораката за предвремени избори не ја коментирам. Можам само да кажам дека за економијата чести избори не се добри“, изјави Анѓушев.

На бината критики до владата упатуваа земјоделци и пензионери. Во околу 40 минутниот говор, Мицкоски оптимист и од срце верува дека Македонија ќе успее. Антивладиниот протест траеше час и половина. Од камерите не беше забележан поранешниот партиски лидер Груевски. Демонстрациите поминаа без инциденти. Но по секој протест се чини дека изостанува културата. Булеварот беше натрупан со отпушоци, пластични шишиња.

Ваквата слика ја искористи скопскиот градоначаник Шилегов, кој на „Фејсбук“ се пофали дека го исчистиле ѓубрето.

Сончево и топло, попладне локално дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Попладне наместа, особено во северните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град, соопшти УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Во следните денови ќе се задржи топло време, но во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со силен ветер, интензивен пороен дожд и изолирана појава на град.

Дневен хороскоп за 18. мај 2024 година

Дневен хороскоп за сабота, 18. мај 2024 година. 

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ќе се двоумите околу еден приватен однос. ќе ви недостигаат вистински мотиви или самодоверба . Размислете.

Кариера

Ќе се разработи нов канал за заработување пари.Можно е да се работи за нешто хонорарно , но исплатливо.

Здравје и совет

Имате причини и за радост и за тага.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Со партнерот денеска речиси телепатски ќе си разменувате идеи. Ќе биде тоа особено искуство.

Кариера

Че поработите на поврзувањето со деловните партнери од странство. Таквата работа многу ветува.

Здравје и совет

Подобрување.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Оние кои се во врска денеска би можеле да доживеат многу убаво и незаборавно еротско искуство. Осамените ќе бидат многу привлечни.

Кариера

Ќе најдете начин да повлечете пари од други луѓе. Формулата на успехот ќе биде во тоа што ќе им се вовлечете под кожа.

Здравје и совет

Денеска имате влијание врз другите.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Подготвени сте на компромиси и соработка. Тоа е паметно , а ќе ви донесе и подобрување на личните односи.

Кариера

Не се занесувајте со големи дела , иако сте свесни дека работите посериозно од многумина. Такви се и резултатите, успешни.

Здравје и совет

Продолжете понатаму без нервоза.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Денеска би можеле да се ангажирате околу член на вашето семејство . Ќе мора да му обрнете особено внимание.

Кариера

Ќе решавате за тоа како конечно да завршите еден проект или работа. Ќе бидете подготвени да пресечете и да одите на ново место.

Здравје и совет

Можни се мали проблеми со видот.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

На убав начин ќе ја идеализирате саканата личност. Ќе биде задоволна иако тоа нема да биде многу реално.

Кариера

Ќе барате простор за своите идеи. Некои ќе се потпираат на своето стручно знаење со кое ќе си ги отвораат патиштата.

Здравје и совет

Имате сила за двајца.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Некој од вас двајцата ќе се обиде по секоја цена да го наметне своето мислење. Веројатно дека тоа ќе бидете вие.

Кариера

На повидок е судир или недоразбирање со претпоставените. Иако бргу ќе помине , подобро воопшто да не влегувате во расправија.

Здравје и совет

Бидете трпеливи.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе тактизирате за да ја придобиете другата страна. Ќе бидете делумно успешни , но не се занесувајте премногу.

Кариера

Освен што ќе бидете на услуга и таму каде што нема да биде неопходно, ќе сметате дека ви припаѓа повеќе отколку што заработувате.

Здравје и совет

Не споредувајте се со другите.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Во комуникацијата со лицата од спротивниот пол , денеска ќе бидете брутално искрени , но тоа ќе ви помогне некого и да придобиете.

Кариера

Ви претстои впечатливо службено патување или состанок на кој нема да се избираат зборови.На многумина им е преку глава.

Здравје и совет

Вие сте добро.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе ви недостига она зрно на лудост , што го прави волшебен љубовниот однос.Опуштете се и дозволете си мала откаченост.

Кариера

И денеска ќе бидете преокупирани со пари и прашањата на заработувачката. Како да немате мир додека не ја поправите финансиската состојба.

Здравје и совет

Не е се во материјалното.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Сеуште нема цврсто да стоите на земја.Ќе имате успех кај спротивниот пол , но бидете што можете пореални.

Кариера

Ни за што на светот не би пропуштиле добра дискусија . Сепак , овој пат треба да ги одмерувате своите зборови.

Здравје и совет

Бидете јасни и недвосмислени.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Неврзаност, отвореност , потреба за слобода дури и кога може да повредите други- тоа е суштината на вашите односи денеска.

Кариера

Не сте свесни за своите грешки. Потребно е да проверите што сте работеле , како сте ги поставиле работите и каде има пропуст.

Здравје и совет

Бидете објективни.

Побеснет бик фрла жена како да е кукла- ја молеле да не му приоѓа, не ги послушала (ВИДЕО)

На социјалните мрежи кружи застрашувачко видео снимено на плажата Ла Фортуна, во близина на мексиканскиот град Сан Лукас.

Туристка се обидела да ги собере работите, кога бик опасно ѝ се приближил. Луѓето се обиделе да ја предупредат, но таа не послушала.

На почетокот, жената во црн фустан ги собира работите од песокот, додека бикот ги мириса. Слушаме како луѓето ја предупредуваат да побегне.

„Премногу си играте со него. Ве молам, немојте да го правите тоа“, рекол еден маж.

Меѓутоа, жената не се откажала и ја ставила раката на главата на животното, како да го турка.

„Ве молам, не го правете тоа“, продолжил да се моли човекот.

Опасното животно молскавично реагирало и ја удрило жената со рогови. Сведоците на инцидентот почнале да врескаат, пренесува Daily Mail.

Туристката успеала да стане, но бикот повторно ја соборил на песокот. Се кренала прашина, а никој не се осмелил да ѝ пријде и да ѝ помогне на несреќната жена.

„Се обидувавме да ви кажеме“, се слушаат извици.

Останува нејасно од каде дошол бикот на плажата и зошто ѝ пришол на жената. Во исто време не се знае нејзиниот идентитет и со какви повреди се здобила или дали е жива.

притисни ентер