„Винотек" од Кавадарци организира меѓународно оценување на вина и ракии - Канал 5

„Винотек" од Кавадарци организира меѓународно оценување на вина и ракии

Меѓународно оценување на вина и ракии организира Здружението „Винотек” од Кавадарци. Како што појаснија денеска од Здружението, свои мостри за оценка може да достават регистрирани винарии и индивидуални производители.

„Винотек" од Кавадарци организира меѓународно оценување на вина и ракии

Активностите се во сорaботка со Локалниот вински музеј за регион Тиквеш – Кавадарци, под покровителство на градоначалникот и општината Кавадарци.

Ќе има повеќе категории за оценување. Бели, розе, црвени вина, посебна категорија на вина од станушина, како и лозова, комова ракија, мастика и овошни ракии.

– За оценување се приложуваат по две шишиња од секоја пријавена мoстра во 0,750l или 1l амбалажа и се плаќа котизација од 300 денари. На секое шише да има налепено за која сорта станува збор, а за „куве", од кои сорти е купажата, година на берба, содржина на шеќер, содржина на алкохол, рекоа од Здружението, кое се залага за промоција на промоција на производи од грозје и вински туризам.

Оценувањето ќе го врши повеќечлена стручна комисија под раководство на проф. др. Михаил Петков, а резултатите ќе се соопштат на верскиот празник „Свети Трифун”, кој се смета за заштитник на лозарите и винариите, на 14 февруари, на свеченоста во Винскиот музеј во Градскиот парк на Кавадарци.

Ќе се доделат награди на најдоброоценетите три вина и три ракии од секоја категорија. За награди можат да учествуваат само тие мoстри, за кои има докази дека се произведени во количина поголема од 200 литри и ракија, 20 литри. Комисија формирана од организаторот, ќе ги исконтролира произведените количини за првите три места.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гаши – Тигањ: Потврдено традиционалното партнерство

Претседателот на Собранието, Африм Гаши оствари средба со амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ. 

Гаши – Тигањ: Потврдено традиционалното партнерство

На средбата беа потврдени блиските пријателски односи и традиционалното партнерство меѓу двете земји, кои претставуваат цврста основа за унапредување на билатералната соработка, но и позитивен пример за градење добрососедски односи и придонес кон стабилноста и просперитетот на регионот.

Соговорниците разменија мислења за актуелните случувања во земјата и во регионот, при што беше истакната силната и недвосмислена политичка и техничка поддршка што Република Хрватска ја обезбедува за европската перспектива на државата и напредокот во евроинтегративен процес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шасивари - Григорјан: Заеднички заложби за подостапна правда и унапредување на бесплатната правна помош

На средбата беа разгледани можностите за подобрување на достапноста и квалитетот на правните услуги, како и за зајакнување на институционалните капацитети.

Шасивари - Григорјан: Заеднички заложби за подостапна правда и унапредување на бесплатната правна помош

Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари средба со постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Армен Григорјан, на која се разговараше за унапредување на бесплатната правна помош и продолжување на меѓусебната соработка.

На средбата беа разгледани можностите за подобрување на достапноста и квалитетот на правните услуги, како и за зајакнување на институционалните капацитети.

Министерот Шасивари ја истакна важноста на еднаквиот пристап до правда како еден од приоритетите на Министерството за правда, нагласувајќи дека правната заштита треба да биде достапна за секој граѓанин.

Соговорниците ја нагласија важноста на партнерството меѓу Министерството за правда и УНДП во спроведувањето на активностите насочени кон унапредување на системот за бесплатна правна помош.

Заедничката определба е преку континуирана соработка и размена на искуства да се придонесе кон поефикасен систем на правна помош и поголема доверба на граѓаните во институциите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски очекува да продолжат добрососедските односи со Србија – телефонски му честитал на Срдановиќ

Продолжение на добрите меѓусоседски односи и на економската соработка- ова се очекувањата на премиерот Христијан Мицкоски по промената на власта во Србија.

Мицкоски очекува да продолжат добрососедските односи со Србија – телефонски му честитал на Срдановиќ

Тој не сака да ги коментира критиките и обвинувањата од опозициската СДСМ дека имал блиски релации со Вучиќ и дека неговиот пораз ќе се одразел и на македонската Влада. Потенцираше дека меѓу првите лично му честитал на носителот на студентската листа Илија Срдановиќ.

-Очекувам нашите добрососедски односи да продолжат и понатаму. / Јас сум навикнат на навредите, на конструкциите и на лагите кои ги слушам за мене, а кои доаѓаат од партиската говорница на таа опозициска партија. Тие би сакале јас да се спуштам на тоа ниво и на ист начин да им одговорам. Се разбира дека тоа нема да се случи. - Христијан Мицкоски – претседател на Влада

Во меѓувреме продолжуваат обвинувањата од СДСМ на адреса на премиерот Мицкоски и владата.. Повикувајќи се на информации од српските медиуми велат дека веднаш по поразот на Вучиќ, Алта банка започнала трансфер на големи суми пари кон Македонија. За овие наводи според партијата треба веднаш да има истрага обвинителството.

-Сè што кажавме се потврдува. Затоа Мицкоски и Трајко Славевски дозволија Алта банка да влезе во Македонија. Банкарот на Вучиќ стана банкар и на Мицкоски во Македонија. Иако Европската централна банка ѝ забрани преземање акции од австриска банка. Иако е под истрага за сомнително потекло на капитал.- Богданка Кузеска – портпарол на СДСМ

Од друга страна ВМРО-ДПМНЕ има контра тези дека токму претходните премиери во земјава од СДСМ имале добри релации лично со Александар Вучиќ. Српскиот свет во Македонија го промовираа Заев, Филипче и Ковачевски, исто како и бугарскиот и рускиот свет, само не македонскиот, велат од владејачката партија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер