Видео: Стогодишен фан ги документира сите голови на Меси - Канал 5

Видео: Стогодишен фан ги документира сите голови на Меси

Најдобриот светски фудбалер Лионел Меси е идол на луѓе од сите возрасти.

 Видео: Стогодишен фан ги документира сите голови на Меси

Капитенот на Барселона и Аргентина предизвика солзи во очите кај еден свој фан на возратс од 100 години. Неговиот најверојатно најверен фан е стогодишниот Аргентинец Хернан Мастранџело.

Дон Ернан е познат по тоа што во својот тефтер го докунетрира секоја гол кој Меси ќе го постигне во дресот на Барселона или Аргентина.

Кога неговиот внук Хулиан Мастранџело го објави овој податок за својот дедо на социјалните мрежи , стогодишникот стана вистинска атракција.

Хулиан објави видео на Тик Ток, видеото стигна и до Лео Меси.

Волшебникот на Барса веднаш воспостави контакт со внукот на Мастранџело и преку видео му го честиташе 100 роденден на дедо Хернан со видео честитка.

-Здраво Хернан. Твојата приказна дојде и до мене.Делува неверојатно да ги забележуваш сите мои голови на тој начин и поради тоа сакам да ти испратам голем поздрав и да ти кажам дека сум ти многу благодарен поради тоа, порачал Меси.

-Не ми зборувај дека тоа е Меси, му рекол дедо Хернан на внукот.

-Да, тоа е Меси. Ти праќа поздрав, договорил Јулиан.

-Каде е тој ? Дома и е ? прашал возбудениот старец.

-Тој ево својот дом во Барселона, но ти испрати видео, истакнал Јулиан.

Додека го гледал видео поздравот од Меси , дедо Хернан почнал да плаче и уште еднаш изјавил дека до крајот на живото ќе го следи Меси и ќе ги запишува неговиот голови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Експлозија и пожар во Албанија: Двајца загинати, голем број повредени (ВИДЕО)

Силна експлозија и пожар што зафати станбена зграда во населбата „Кемал Стафа“ во албанскиот град Елбасан одзеде два живота. 

Експлозија и пожар во Албанија: Двајца загинати, голем број повредени (ВИДЕО)

Хамит Ибро (69) и Хатиџе Бериша (82) загинаа, објави Top-channel.tv.

Телото на 69-годишен маж беше пронајдено по неколкучасовно интензивно пребарување, околу 00:40 часот. Според прелиминарните резултати од истрагата, се сомнева дека експлозијата е предизвикана од прекумерна количина гас во неговиот стан. Десет други жители се повредени, додека зградата претрпе значителна материјална штета.

Албанската полиција објави дека телото на сопственикот на станот каде што избувна пожарот е пронајдено по неколкучасовно пребарување, спроведено од полициски службеници во соработка со вооружените сили, службите за цивилна заштита и пожарникарите.

YouTube video

82-годишната Хатиџе Бериша, исто така, почина на местото на настанот во експлозијата. Десет жители на истата зграда беа повредени, добија медицинска помош и беа пуштени од болница.

„Врз основа на прелиминарните активности на истражните органи на Регионалната полициска управа на Елбасан, во соработка со експерти од инженерските единици на специјалната полициска единица РЕНЕА и под водство на Обвинителството на Елбасан, се сомнева дека експлозијата, а потоа и пожарот, се предизвикани од прекумерна количина гас во станот на 69-годишен маж“, се вели во полициското соопштение.

Специјална истражна група, под водство на обвинителството, продолжува со истрагата на лице место и другите истражни дејствија со цел да се утврдат сите околности и точната причина за експлозијата.

Случајот е препратен до обвинителството за понатамошно постапување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски за случајот со „Алта банка“: Државата го следи процесот, граѓаните да бидат спокојни, ќе бидат обештетени до последниот цент

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на случајот со „Алта банка“, изјави:

Мицкоски за случајот со „Алта банка“: Државата го следи процесот, граѓаните да бидат спокојни, ќе бидат обештетени до последниот цент

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на случајот со „Алта банка“, изјави:

„Случајот со „Алта банка“ е случај во соседна Србија, кај нас тој случај е увезен и нема ништо слично како што беше случајот со „Еуростандард банка“. „Еуростандард банка“ претходната Влада на СДСМ ја банкротираше откако нивната поранешна министерка за финансии, ден-два пред да ја банкротира, извлече од банката депозити од 250.000 евра. И тоа е факт.

Ние сега имаме увезен проблем којшто се случил во нашето соседство. Јас сум повеќе исплашен за еден друг феномен којшто никој не го поставува како прашање, а тоа е следното: во 2025 година трговијата помеѓу двете земји, помеѓу нас и нашиот северен сосед, изнесуваше некаде околу една милијарда и двесте милиони евра. Неколку компании ми се јавија, македонски, коишто велат: мојот партнер е пред банкрот или е банкротиран во Србија бидејќи му се блокирани средствата во „Алта банка“, што да правиме, ве молиме, како Влада помагајте. Тоа ќе биде многу поголем проблем. Зошто многу поголем проблем? Бидејќи бизниси се затвораат, компании банкротираат, луѓе ќе остануваат без своите работни места — не само во Србија, туку и кај нас. Бидејќи тие милијарда и двесте милиони биле дневен обрт на средства коишто се движеле во текот на целата година. Истото се случува и сега. Тоа повеќе ме загрижува, бидејќи неколку македонски компании ми се јавија и ми го предочија овој проблем. И ако таму за брзо време не се консолидира состојбата, ќе имаме многу поголем ланчен систем. Ме загрижува и состојбата во Албанија, бидејќи и тоа може еден ден да се пренесе кај нас.

Што се однесува до „Алта банка“ и нејзината аквизиција во Македонија, „Стопанска банка Битола“, од тоа што сум јас информиран, врз основа на информациите со коишто располагам, сакам да го кажам следново: банката е купена откако претходно се запазени сите законски процеси коишто се моментално дел од македонското апликативно право. Добиени се позитивни мислења од сите институции, меѓу кои Комисијата за хартии од вредност, Комисијата за заштита на конкуренцијата итн. На јавна аукција, акционерите од банката, коишто се приватни лица — тука Владата нема никаква врска, ниту пак сака да има врска — ги продаваат акциите на сопственикот, во случајот „Алта банка Србија“, и така тие стануваат сопственици на „Стопанска банка Битола“ и потоа ја ребрендираат во „Алта банка Македонија“.

Одиме сега понатаму. Претпоставувам ја следите сега хистеријата којашто ја создаваат од опозицијата со цел не да помогнат — тие најмалку се грижат за штедачите и доверителите на „Стопанска банка Битола“ или „Алта банка Битола“. Тие мислат дека на тој начин ќе остварат политички бенефит и ќе се факторизираат на политичката сцена во Македонија, бидејќи се оптоварени со внатрешни поделби, обвинувања кој колку бил корумпиран во времето на Владата на СДСМ и ДУИ, но тоа е нивен проблем. Ние сме државотворна партија и ние се грижиме за интересите на граѓаните. Затоа сакам да бидам многу јасен, можни се две сценарија. Првото сценарио е да се обезбеди купувач, што ќе биде многу тешко. Зошто? Гледате што прават: држат прес-конференции пред Народната банка и ги одвраќаат потенцијалните можни купувачи коишто ќе ја консолидираат банката. Тоа е едното сценарио.

И второто сценарио е банката да влезе, ако нема купувач, да влезе во стечај. Што значи тоа? Дека ќе ја изгуби лиценцата за работа. Но она коешто сакам да го испратам како порака до граѓаните, до штедачите и до доверителите, е да бидат безбедни и спокојни, да не подлегнуваат на хистеријата и лагите, невистините и шпекулациите коишто доаѓаат од опозициската партија, во случајот СДСМ. Зошто? Затоа што според нашите проверки, 95-96 % од штедачите се со штедни влогови до 30 илјади евра — тие се загарантирани во целосната сума. Да бидат спокојни, до цент ќе им бидат, до денар ќе им бидат вратени. Останатите коишто ќе влезат во стечајната маса, тоа се неколку стотини, исто така да бидат спокојни. Зошто? Затоа што активата на банката е многу поголема отколку што се побарувањата од истата, можеби 2-3 пати е поголема. Така што апелирам до граѓаните: бидете спокојни, ве молам. Немојте да потпаѓате под хистеријата и лагите коишто ги испраќаат од опозицијата. Државата има инструменти, го следи процесот. Нема да остане ниту еден — ако дојде до најлошото сценарио, банката да отиде под стечај — којшто нема да биде обештетен до последниот цент. Секој доверител, дали е тоа штедач или компанија, ќе биде обештетен до последниот цент.

Но она што ние сега го правиме, бидејќи сме државотворна Влада, а не сме опозиција којашто е оптоварена со внатрешни поделби и внатрешни неусогласувања и обвинувања кој колку бил криминален, па сега ова го гледаат како можност да се факторизираат и да создадат улична демократија наместо ова што сме денес — пример за регионот. Гледате секаде што се случува, кај нас сме пример за регионот и затоа доаѓаат овие економски резултати и затоа кога разговарам и молам за инвестиции сега во Германија, тие доаѓаат затоа што велат: овие се фактор на стабилност. И затоа три фабрики коишто ќе се градат ќе ги објавиме во декември. И тоа е лоша вест за нашата опозиција. Но добрата вест за граѓаните, дури и во најлошото сценарио — еве ги гледам в очи преку камерите и ви кажувам — е дека секој граѓанин, секој доверител, до последниот цент ќе биде обештетен. Ве молам немојте да подлегнете на оваа хистерија којашто ја прави опозицијата.

И конечно на крај, сакам да кажам дека редно е и Јавното обвинителство да се позанимава согласно Кривичниот законик со ова кривично дело, саботажа, коешто го прави опозицијата којашто свесно го урива Уставот и државниот поредок ширејќи невистини, немир креирајќи, лаги, и на тој начин ги доведува граѓаните во чувство на несигурност, исплашеност. А ова кривично дело, ќе ги потсетам, се казнува со казна затвор од најмалку три години по оној Кривичен законик којшто тие го сменија во 2023 година.“, рече Мицкоски, соопштуваат од Владата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Расел Бренд е прогласен за виновен за сексуален напад- го ослободија од обвинение за силување

Британскиот комичар и актер Расел Бренд денес беше прогласен за виновен за сексуален напад врз жена.

Расел Бренд е прогласен за виновен за сексуален напад- го ослободија од обвинение за силување

Британскиот комичар и актер Расел Бренд денеска беше прогласен за виновен за сексуален напад врз жена, додека поротата го ослободи од обвинението за две обвиненија за силување, како и од обвинението за обид за непристоен сексуален напад.

Поротата го прогласи Бренд за виновен за сексуален напад врз трета жртва, која наводно ја зграпчил за градите за време на забава во бар во лондонскиот Сохо во летото 2004 година, објави Скај њуз.

Во исто време, тој беше прогласен за невин по обвинението за влечење на истата жена во тоалет и орално силување.

Бренд беше ослободен и од обвинението за силување на првата жртва, кое наводно се случило на есен 1999 година во хотел за време на конференцијата на Лабуристичката партија во Борнмут.

Поротата, исто така, го прогласи за невин по обвинението за обид за извршување непристоен сексуален напад врз втора жртва во 2001 година на телевизиската станица MTV во Лондон, со тоа што ја зграпчил за рака и ја влечел кон машкиот тоалет.

Бренд се соочува со вкупно седум обвиненија во кои се вклучени шест жени и наводни кривични дела извршени помеѓу 1999 и 2009 година. Тој ги негира сите обвиненија.

Поротата денеска ги заврши своите тридневни заседанија и се врати во судницата за да ги објави своите пресуди за обвиненијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер