„Усје“ ќе мора да плати до 200.000 евра казна и да престане со загревање на мазут - Канал 5

„Усје“ ќе мора да плати до 200.000 евра казна и да престане со загревање на мазут

Цементарница „Титан усје“ ќе мора да плати казна која според законот за животна средина изнесува од 180.000 до 200.000 евра и наместо мазут да користи гас за загревање на деловните простории.

„Усје“ ќе мора да плати до 200.000 евра казна и да престане со загревање на мазут

Цементарница „Титан Усје“ ќе мора да плати казна која според законот за животна средина изнесува од 180.000 до 200.000 евра и наместо мазут да користи гас за загревање на деловните простории, во спротивно фабриката нема да може повеќе да работи и ќе заврши на суд. Ова во изјава за Канал 5 го вели Директорот на Државниот инспекторат за животна средина Сретен Стојковски кој појаснува дека конечната сума на казната за „Усје“ може да биде помала од законски предвидената, а ќе зависи од спогодбата на комисија надлежна за ваквите постапки, која е при Министерството за животна средина. Испекторатот од вонредните проверки констатирал дека котлите на цементарница го загадувале воздухот со азотни оксиди, но загадување над дозволените параметри немало од оџаците на печките за производство.

„Изречен е прекршок од трета категорија кој за големите субјекти изнесува од 180000 до 200.000 евра во денарска противредност. Прекршокот се однесува на емисии, супстанци кои се определени во еколошката дозвола од А категорија кои не се испуштаат со определените гранични вредности во дозволата. Согласно прекршокот од трета категорија предвидена е казна од 10.000 евра во денарска противредност и за управителот. Започнавме постапка за спогодба која е доставена до цементарницата, па сега тие имаат рок од два дена да се изјаснат.

Од државниот инспекторат велат и дека на 26 и 27 декември лани се направило мерење од страна на градските инспектори надвор од кругот на фабриката, на 300 метри воздушна линија од неа, за кое не може да се тврди дека дава показатели исклучиво за загадувањето од цементарницата.

Министерот за животна средина Насер Нуредини пак, не сакаше да ги коментира резултатите од инспекциите, ама кажа дека тој нема да поднесува кривични пријави, но ако има пропусти, секако ќе имало и казни.

Според тврдењата на Арсовска на вчерашната вонредна прес-конференција, „Усје“ загадувала два до три пати повеќе од дозволеното, а градоначалничката посочи два инспекциски надзора направени на 26 и 27 декември лани и 3 и 4 јануари годинава. По прес-конференцијата од УСЈЕ ги демантираа ваквите наводи отфрлајќи ги како неосновани, а објавија и податоци од сопствени мерења, според кои, не се надминуваат дозволените прагови. Дополнително оттаму најавија дека во однос на констатираните недоследности со котелот од страна на Државниот инспекторат, ќе постапат онака како што им е наложено од инспекторите и ќе го променат начинот на греење.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Митева до Спасовски: Твојата конструкција е очигледна и сакаш политичка приказна, а моето име го ставаш во неа само за да ме дискредитираш

Гледам дека Оливер Спасовски денеска од собраниска говорница ми го спомнувал името и правел политички конструкции чија цел е моја политичка дискредитација и ништо друго.

Митева до Спасовски: Твојата конструкција е очигледна и сакаш политичка приказна, а моето име го ставаш во неа само за да ме дискредитираш

Знам дека собраниската говорница носи комоција и немање одговорност за изнесени ставови и ти дава комфор да искажуваш тешки квалификации, но би било храбро да го повториш тоа што го кажа денес надвор од таа говорница, со таков скандалозен наслов како што сте си го објавиле на youtube каналот на СДС. Повтори дека некој фалсификувал документи за да ме спаси мене. Или дека имало намера, насока или било каква интервенција од мене некој да направи нешто спротивно на закон за да ме „спаси“.

Кажи го тоа директно. Со име и презиме. И со доказ.

Затоа што никогаш не сум барала од кого било да ме „спасува“. Твојата конструкција е очигледна и сакаш политичка приказна, а моето име го ставаш во неа само за да ме дискредитираш.

Знаеме сите дека СДС има искуство со вакви конструкции. Долго време бевте на чело на систем во кој политичките приказни, инсинуациите и „оперативните“ конструкции се користеа како средство за пресметка со политички противници.

И кога веќе толку лесно зборуваш за „фалсификување“, редно е да се потсетиме и на времето кога беше министер за внатрешни работи и кога се откри скандалот со група полициски службеници вмешани во издавање 214 пасоши на странски државјани под туѓ идентитет, меѓу кои, имаше и лица поврзани со меѓународни криминални групи.

Затоа, Спасовски, помалку конструкции од говорница со моето име во нив, објави на ФБ Марија Митева, портпарол на Владата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рафаел Надал се враќа на терените

Рафаел Надал ќе се врати на теренот по речиси две години.

Рафаел Надал се враќа на терените

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња се пензионираше во 2024 година, а сега ќе излезе на теренот во својата академија во Мајорка. Причината е десетгодишнината што ќе ја прослави неговата академија, а Надал ќе биде на терен на 3 октомври.

Како што пишуваат шпанските медиуми, Надал ќе одигра неколку егзибициски мечеви против пријатели и ривали, но во нив нема да настапи Новак Ѓоковиќ. Најдобриот тенисер на сите времиња веќе потврди дека ќе игра на АТП 500 турнирот во Пекинг. Сепак, тоа не значи дека Роџер Федерер нема да се појави на изложбата, а познато е дека Надал и Федерер се во многу добри односи. Списокот на играчи кои ќе учествуваат ќе биде објавен подоцна.

Шпанецот го одигра последниот меч во кариерата на завршниот турнир на Дејвис купот 2024 година во Малага и загуби од Ботик ван де Зандшулп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шведска остана без премиер- Кристерсон поднесе оставка по изборниот пораз

Шведскиот премиер Улф Кристерсон поднесе оставка откако конечните резултати од парламентарните избори го потврдија поразот на неговиот десничарски блок.

Шведска остана без премиер- Кристерсон поднесе оставка по изборниот пораз

Четири левоцентристички партии, предводени од социјалдемократите на поранешната премиерка Магдалена Андерсон, ги добија изборите со 50.359 гласови повеќе од десничарскиот блок, покажаа конечните резултати од гласањето минатата недела, објави Ројтерс.

Левичарските партии ќе имаат вкупно 176 места во новиот парламент, додека трипартитната коалиција на Кристерсон, заедно со крајно десничарските Шведски демократи, ќе има 173 места.

Шведските демократи, за кои се очекуваше да формираат влада по изборите, беа дел од десничарскиот политички блок познат како блок Тиде.

Оставката на Кристерсон го отвора патот за разговори за формирање нова влада.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер