„Третата светска војна е во тек“

Советникот во Советот за човекови права на Обединетите нации, Жан Циглер оцени во интервју за виенскиот весник „Курир“ дека третата светска војна е во тек.

Тој укажа дека 54 милиони луѓе минатата година се убиени во војна, починале од глад, загадена вода или од веќе победени епидемии.

Тој нагласува дека живееме под светска диктатура на глобалниот финансиски капитал.

– Олигарсите на 500-те најголеми концерни контролираат 52,8 отсто од светскиот Бруто домашен производ. Тоа е моќ, која ја нема ниту еден крал, цар, папа. Концерните не се под државна контрола и следат само една стратегија – максимизирање на профитот. А денес во САД милијардерите се директно на власт, вели Циглер.

Тој укажа дека и покрај парцијалниот напредок во намалување на жртвите на сиромаштијата и натаму од 7,3 милијарди, една милијарда луѓе перманентно се изложени на глад, што е последица на како што вели „канибалистичкиот светски поредок“.

Во врска со Доналд Трамп и неговите најави за намалување на учеството во меѓународните организации Циглер предупреди дека САД се најголем контрибутор во ОН, со 26 отсто од вкупниот буџет, односно кај мировните мисии учествуваат со обезбедување на 60 отсто од средствата.

– Ако Трамп го намали финансиското учество, ОН ќе бидат парализирани, рече Циглер.

Тој изрази уверување дека Трамп нема да биде четири години на функцијата, оценувајќи дека ќе има или психички проблем или притисокот ќе биде толку голем, што тој повеќе нема да може да владее.

– Поднесувањето оставка, но и изгласувањето недоверба се можните варијанти, смета Циглер

Почина таткото на Тоше Проески

По тешко боледување, почина Никола Проески – татко на легендарниот музичар Тоше Проески.

Тажната вест денеска на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка. Таа со фотографијата на која се Никола и Тоше се прости од својот татко. Според пријатели на семејството, последниве месеци, тој се лечел во приватна болница во Скопје.

Музичарот Тоше Проески загина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска. Неговите родители, по смртта на синот, не се појавуваа во јавноста.

Локални избори во Велика Британија

Во Велика Британија денеска се гласа на локални избори кои се гледаат како последен тест на јавното мислење пред општите избори подоцна оваа година.

Прогнозите покажуваат дека владејачките конзервативци би можеле да изгубат до половина од советничките места што ги бранат и дека партијата очекува „значителни загуби“.

Повеќето места за реизбор последен пат беа оспорени во 2021 година, на врвот на популарноста на Борис Џонсон кога беше воведена вакцината против Ковид-19.

Исто така, се одржуваат вкупно 11 избори за градоначалник, вклучувајќи го и градоначалникот на Лондон меѓу фаворитот, актуелниот лабуристички градоначалник Садик Кан и конзервативната предизвикувачка Сузан Хол.

Прогнозите постојано го ставаат Кан пред Хол, а анкетата објавена во средата од Саванта го води Кан за 10 процентни поени, откако неговата предност се намали за време на кампањата. /МИА

Српската министерка за образование : Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

Ѓукиќ Дејановиќ истакна дека утре пред се семејствата на убиените деца ќе имаат можност достоинствено да ја изразат својата болка, сеќавање и страдање.

Српската министерка за образование Славица Ѓукиќ Дејановиќ денеска изјави дека утре во Белград со програма наречена „Будење“ ќе се одбележи првата годишнина од масовното убиство во ОУ „Владислав Рибникар“ во кое животот го загубија девет ученици и еден работник од училишното обезбедување на 3 мај 2023 година.

Ѓукиќ Дејановиќ истакна дека утре пред се семејствата на убиените деца ќе имаат можност достоинствено да ја изразат својата болка, сеќавање и страдање.

Министерката во изјава за РТС нагласи дека секој 3 мај ќе биде ден на голема тага и сеќавање на жртвите./МИА

притисни ентер