Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
1Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
Свет Трамп работи на промена на режимите во ЕвропаОвој пат, се наведува, во прашање е многу повеќе од тоа кој ќе управува со европските земји, бидејќи сегашната американска администрација сè повеќе ја гледа Европа како политичко бојно поле.EUObserver На 27 мај, американската администрација објави официјален документ со кој се повикува на промена на режимите во европските земји, а европските политичари би требало внимателно да го прочитаат тој документ пред да почнат да смислуваат стратегии за претстојните изборни кампањи, пишува порталот EUObserver. Овој пат, се наведува, во прашање е многу повеќе од тоа кој ќе управува со европските земји, бидејќи сегашната американска администрација сè повеќе ја гледа Европа како политичко бојно поле. Вашингтон верува дека изборите во Европа, неодамна во Романија и Полска, а наскоро и во Холандија, Чешка и, како што некои шпекулираат, во Франција, се можност европските земји да добијат крајно десничарски лидери со Трамповска агенда, додава авторката на колумната „Трамп работи на промена на режимите во Европа“, Каролин де Грујтер. Со овие лидери, Вашингтон сака да создаде „цивилизациски сојуз“, заснован на „заедничка култура, религија, семејни врски, меѓусебна помош во тешки времиња и, пред сè, заедничко западно цивилизациско наследство“. Во исто време, другите европски политички партии треба да бидат обесхрабрени, бидејќи тие, како што е наведено, водат „агресивна кампања против самата западна цивилизација“, која „сè повеќе ја загрозува американската безбедност“. Документот, насловен како „Потребата од цивилизациски сојузници во Европа“, е напишан од Семјуел Самсон, виш советник во Бирото за демократија, човекови права и труд на американскиот Стејт департмент. Тој следува по говорот на американскиот потпретседател Џ.Д. Венс на Минхенската безбедносна конференција минатиот февруари, објавува EUObserver. Ванс тогаш тврдеше дека „повлекувањето на Европа од некои од нејзините најфундаментални вредности“ претставува најголема закана за западните вредности и демократијата“. Меѓутоа, додава авторот, документот на Стејт департментот оди чекор понатаму. Во него се наведува дека „демократското назадување“ на Европа им штети на американската безбедност, економските интереси и слободата на говорот. Ова имплицира дека е време САД да преземат акција: крајнодесничарските сили во Европа мора да ги трансформираат своите политички системи за да може Вашингтон да формира сојуз на цивилизација со „христијански нации како Унгарија“. Според Самсон, не е Америка таа што ја поткопува демократијата со игнорирање на судските одлуки; уништување на јавните институции; блокирање на визите за луѓе кои го критикуваат претседателот Трамп; или собирање мигранти од улиците и нивно префрлање во Ел Салвадор или Либија. Европа е антидемократска, се наведува во документот. Европа е „жариште на дигитална цензура, масовна миграција, ограничувања на верската слобода и бројни други напади врз демократската самоуправа“. Денес, Европа е во голема мера управувана од конзервативни партии кои се значително подесничарски отколку пред 10 години, а некои дури владеат во коалиција со крајнодесничарски партии. Меѓутоа, документот на Стејт департментот ја опишува Европа како плодна почва за ултралевичарски фанатици, Европа „која ги заменува своите духовни и културни корени, која ги третира традиционалните вредности како опасни реликвии и која ја централизира моќта во институции кои не се одговорни пред никого“, наведува бриселскиот портал. Текстот се повикува на Аристотел, Тома Аквински, средновековното христијанство и британското општо право, но не го споменува просветителството, темелот на европските и американските уставни системи со неговите принципи на одвојување на црквата и државата, индивидуални слободи, претставничка влада, владеење на правото и силен акцент на рационализмот и науката. Овој документ е во согласност со ставовите на претседателот Трамп за Европа. Во јасен прекин со европската политика на Вашингтон во изминатите 80 години, Трамп повеќе не ја гледа Европа како центар на американската надворешна политика. Она што денес не му дава мир е подемот на Кина, главниот ривал на САД. Сакајќи да избегне воен конфликт со Кина, Трамп има намера да изгради силен блок против неа, пишува EUObserver. За да го постигне ова, се додава, Трамп сака да ги усогласи сите американски сојузници со американските услови, што значи дека планира да ја сврти Европа и сојузниците како Канада и Мексико во американски вазали. Бидејќи се спротивставуваат, се третираат многу построго отколку автократиите како Русија, Турција, па дури и самата Кина. Со „убаво и услужливо однесување“ кон Индија или Русија, тој се обидува да ги привлече во својот камп и да ги спречи да застанат на страната на Кина. Западниот блок на Трамп не се базира на вредности или демократија. Фокусот е сосема поинаков: да се спречи Кина да стане премногу моќна, се истакнува во текстот, додавајќи дека Вашингтон затоа ги принудува своите сојузници, особено во Европа, на покорност. Оние кои се спротивставуваат се казнети. Трговските војни на Трамп, обидите да го попречи европскиот дигитален код и барањата Европа да го преземе финансискиот и оперативниот товар на НАТО се само почеток, се додава во него. Трамп ја освои Америка со започнување екстремна културна војна. Сега тој ја извезува таа војна во Европа за да ги менува владите. На секои европски избори, тој агресивно ги поддржува кандидатите на крајната десница, претседателскиот кандидат на ПиС (Право и правда) Карол Навроцки во Полска, лидерката на АфД (Алтернатива за Германија) Алис Вајдел во Германија, како и активистот на крајната десница Ѓорѓе Симион во Романија. Холандскиот политичар на крајната десница Герт Вилдерс, кој ги прикажува мигрантите како криминалци и го нарекува (претседателот на САД Доналд) Трамп „брат по оружје“, исто така ужива целосна поддршка од Белата куќа. На задоволство на Трамп, Вилдерс ги поддржува израелските напади врз Газа, Либан и Иран, како и контроверзниот план „Ривиера“ од Газа, кој вклучува масовно протерување на палестинското население. Со изборите закажани за октомври, Вилдерс агресивно ги следи тактиките на Трамп. Сепак, неодамнешните анкети покажуваат дека мнозинството Европејци (особено на Запад и Југ) се оддалечуваат од Америка на Трамп, вели EUObserver, додавајќи дека сфатиле дека трансатлантскиот сојуз, кој беше основа на мирот и просперитетот во Европа осум децении, повеќе не постои. Сега тие мора да разберат дека Америка не се повлекува од Европа, туку всушност се обидува да ја потчини. Европејците мора многу посериозно да го сфатат мешањето на Трамп во европските демократии и да му се спротивстават. Вистинската закана за Европа не е „вокизмот“ (wokeism) - без разлика дали тоа значи социјална свест или прекумерна политичка коректност, туку Америка, која се обидува да ги прегази сите, се истакнува во текстот. Мешутоа, борбата е можна само ако политичките лидери ја погледнат поголемата, глобална слика и разберат што е во прашање. Таа поширока слика треба да ги води изборните кампањи, бидејќи токму тоа го прават „трампистите“. Наместо да дозволат нивните агенди да бидат одредувани од поларизирачки, вештачки дебати за идентитетот увезени од Америка, кои евтино ги спротивставуваат граѓаните едни против други, политичарите треба да покажат одговорност и мирно да им објаснат на своите гласачи како да спречат Европа да се претвори во копија или колонија на САД, заклучува авторката.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЧетири италијански активистки се уапсени на Западниот брег за време на берба на маслинки Четири италијански активистки беа приведени вчера на Западниот Брег додека ги придружуваа палестинските земјоделци кои береа маслинки. Италијанското Министерство за надворешни работи побара од израелските власти разјаснување за инцидентот, кој се случи во услови на зголемени тензии и зголемување на насилството на доселениците. Инцидентот се случил во селото ал-Бвеиб, јужно од Хеброн. Италијанките се дел од група меѓународни волонтери кои се обидуваат да ги заштитат палестинските берачи на маслинки, пишува Euronews. Италијанската амбасада во Тел Авив и генералниот конзулат во Ерусалим веднаш контактираа со израелските власти по дојавата. „Тие побараа итно разјаснување на околностите на притворањето и информации за состојбата на италијанските жени“, објави Министерството за надворешни работи во Рим. Подоцна потврдија дека жените се во полициската станица. Ова притворање е продолжение на притисокот врз активистите. Само еден ден претходно, во среда, Израелските одбранбени сили (ИДФ) спроведоа голема операција во која беа приведени околу 90 волонтери. Меѓу нив беа двајца Италијанци, Мануел и Алберто Тартароти, кои потоа беа протерани од земјата. Во истата акција беше приведен и Бред Ландер, демократскиот кандидат за Конгресот на САД, кој подоцна беше ослободен со строги ограничувања за движење. Italy's Foreign Ministry is seeking information on the detention of several Italian activists in a West Bank village as they accompanied Palestinian olive farmers. #EuropeNews https://t.co/S66zwqLge7 — euronews (@euronews) October 22, 2026 Објаснување на израелската армија Израелската армија соопшти дека земјоделците и волонтерите не побарале претходно одобрение за бербата. Тие наведуваат дека лицата биле приведени „поради безбедносниот ризик што го претставува несоодветното берење во близина на израелска населба“. Армијата подоцна додаде дека го смета доаѓањето на десетици активисти за „чин чија единствена цел е провокација, што го попречува самиот процес на берба“. Овогодинешната сезона на берба на маслинки е обележана со насилство меѓу израелските доселеници и палестинските селани. Палестинците тврдат дека доселениците ги напаѓаат и се обидуваат да им ги украдат посевите. Во последните недели, имаше нагло зголемување на нападите од екстремни имигрантски групи. Минатиот викенд, фоторепортер на „Вашингтон пост“ беше ранет, а беа нападнати и неколку возила што превезуваа европски дипломати.Тагови: Западниот Брег маслинки Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
ЖивотМеган Маркл се огласи по пријавата на нејзиниот полубрат дека татко ѝ силувал деца Меган Маркл се огласи откако се појавија сериозни обвинувања против нејзиниот татко, 82-годишниот Томас Маркл постариот, поврзани со неговото наводно поседување материјал што прикажува сексуална злоупотреба на деца. Обвинувањата ги изнесе неговиот син Томас Маркл помладиот, полубрат на војвотката од Сасекс. Британскиот весник „Сан“ вчера ги објави неговите тврдења дека пронашол сомнителен материјал во куќата на неговиот татко во Себу, Филипини, и дека го пријавил откритието на властите, вклучително и на ФБИ. Меган Маркл се огласи за обвинувањата Војвотката од Сасекс (45) ги коментираше обвинувањата во изјава за списанието „Пипл“. „Длабоко сум потресена од вестите што се појавија во последните 24 часа. Моите мисли се со сите деца кои можеби биле жртви“, рече таа. „Уште во 2018 година, писмо беше испратено до лондонската метрополитенска полиција и до Кралското семејство и Службата за дипломатска заштита. Тоа писмо подоцна ми беше проследено. Во него беа изнесени вознемирувачки обвинувања против мојот татко, а ми беше кажано дека случајот се истражува“, продолжи таа. Меган додаде: „Се надевам дека сега е јасно зошто се дистанцирав од татко ми и решив да не му дозволам контакт со нашите деца, и покрај годините медиумско искривување на вистината. Имаше само една причина: да ги заштитам.“ „Верував дека надлежните служби ги штитат другите семејства на ист начин“, изјави таа. „Иако она што сега е откриено е уште пострашно отколку што може да се замисли, искрено се надевам дека правдата ќе биде задоволена. Безбедноста и заштитата на невините деца мора да останат приоритет.“ Меган е единственото дете на Томас Маркл постариот и Дорија Рагланд. Од првиот брак со Рослин Лавлес, Томас има уште две деца, синот Томас помладиот (60) и ќерката Саманта (61). Што тврди Томас Маркл помладиот? Томас помладиот изјави за The Sun дека го пронашол предметниот материјал во четири големи кутии. Според него, тие содржеле „стотици, ако не и илјадници“ фотографии кои, тврди тој, ја прикажуваат сексуалната злоупотреба на деца. Тој наведува дека пронашол и видеа од сексуална злоупотреба на девојчиња под 11 години, како и 15-минутно видео од голи деца на стариот мобилен телефон на таткото. „На неговиот компјутер имало редови од минијатури од фотографии што воделе до најстрашните сцени на злоупотреба на деца што можете да ги замислите. Тоа беше најлошото нешто што некогаш сум го видел“, изјави Томас помладиот за „Сан“. Тој исто така тврди дека пронашол три фотографии од голи девојчиња и изјавил за „Сан“ дека една од нив изгледа е направена во поранешниот дом на неговиот татко во Росарито, Мексико. Според британскиот весник, Томас помладиот пронашол и стари книги кои, како што тврди, биле полни со фотографии од голи девојчиња. Една од нив наводно содржела сцени од сексуална злоупотреба на многу мало дете. „Она што го видов ме разболеше. Сето тоа го пронајдов случајно и не знаев што да правам“, изјавил тој. „Веднаш сфатив дека ова е нелегален материјал и дека би можел да завршам во затвор многу години ако не го направам правилното. Се чувствував предаден, лут и згрозен. Знаев дека морам да го пријавам.“Тагови: Меган Маркл Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаСемејството на единствената жртва на протестите во Франција бара само едно од државата Семејството на 59-годишен маж кој почина во саботата за време на насилните протести во Париз бара обвинителите да ги објават резултатите од обдукцијата „што е можно поскоро“. Обвинителите во Франција започнаа истрага за да се утврди причината за смртта, изјави адвокатот на семејството за АФП, како што објави LeFigaro.fr. „Бараме резултатите од обдукцијата да ни бидат доставени штом ќе бидат готови, со цел да се утврди причината за смртта“, рече Јури Красулија, адвокат на партнерот на починатиот маж, кој беше хонорарен изведувач и, според него, „немал проблеми со срцето“. „Никој не нè информира за тоа што се случува. Никој не сака да ни даде попрецизни информации“, се пожали адвокатот. Обвинителите започнаа истрага за причината за смртта за да се утврдат околностите под кои починал мажот. Според првичните наоди на обвинителите, се претпоставува дека смртта настапила поради ненадеен здравствен проблем во близина на Плоштадот на Републиката. „Еден маж почина на улицата „Шато д'О“, која води од Трг Република, едно од главните жаришта на насилство во саботата. Неговото тело е пренесено во Институтот за судска медицина, соопшти обвинителството.Тагови: протести Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05