„Toyota GR Yaris“ со 741 коњски сили

Додека стандардниот „Toyota GR Yaris“ е придвижуван од 1,6-литарски турбо мотор со 268 КС, компанијата „Powertune Australia“ го зголеми таквиот модел на неверојатни 741 КС, пишува „Autoblog“.

Стандардниот турбополнач е заменет со „G30-770“ на „Garrett“, а меѓу другото има интеркулер „Plasmaman“, пумпа за гориво „Elix“r, издувен систем Акрапович и „Motec ECU“.

Исто така, наместо фабричкиот шестстепен мануелен менувач сега има „X-Shift“ шестстепен секвенцијален менувач.

Вработен во „Македонски Шуми“ не може да се оперира од рак, претпријатието не платило придонеси

Корун иако е вработен не може да се лекува во здравствените установи на товар на Фондот.

Околу 80 илјади денари приватно треба да плати Корун Кукуловски од Ресен за ПЕТ скен снимање што е клучно за да се знае дали Корун треба да направи операција откако му било потврдено дека има малиген рак на простата со укажување дека ракот може да се прошири и на други органи. Корун иако е вработен не може да се лекува во здравствените установи на товар на Фондот бидејќи од Јавното претпријатие Македонски Шуми не им испалатиле две плати а со тоа не им исплатиле ниту здравствено и пензиско осигурување. Корун за спас бара помош а ако не ја добие ќе продава тоа што може да се продаде.

Од претпијатието Македонски Шуми за Канал 5 објаснуваат дека сметката е блокирана од Управата за јавни приходи и дека се додека не се плати долгот плата ќе нема. Единствено директорот Гуревски гледа можност доколку од управата дозволат да се плати само здравствено осигурување.

Од синдикатот на Македонски шуми раскажуваат дека не е само Корун единствен случај кому итно треба итна интервенција и колега од Гевгелија чека здраваствено тој на болницата во Веле и должи за направена операција без осигурување.

Во Март годинава околку две илјади вработи од 30 подружници штрајкуваа поради неплатени плати и и придонеси.

.

Претседателот на Уставен суд на средба со амбасадорот на Италија

Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски и судијката Ана Павловска-Данева денеска остварија работна средба со амбасадорот на Република Италија, Адреа Силвестри. 

Централна тема на разговор беше испитување на можностите за остварување на билатерална соработка помеѓу уставните судови на двете држави.

Претседателот д-р Костадиновски го информираше амбасадорот Силвестри за приоритетите во неговиот мандат.

Амбадсадорот Силвестри пројави интерес за прашањата поврзани со обезбедувањето на независноста и самостојноста на Судот, како и за транспарентноста и отвореноста на Уставниот суд.

На средбата беа разменети мислења на теми поврзани со реформирање на правосудниот систем, при што судиите проф. д-р Ана Павловска-Данева и д-р Костадиновски изразија надеж дека реформскиот процес во сферата на правосудството ќе се одвива во согласност со Уставот и во рамките на уставните принципи.

Амбасадорот Силвестри изрази поддршка за најавените приоритети и најави дека лично ќе се заложи за унапредување на билатералните односи во полето на уставното судство и подобрување на севкупната соработка.

Шумски пожар се шири во близина на Лос Анџелес, евакуирани над илјада луѓе

Шумски пожар во јужна Калифорнија во близина на Лос Анџелес се прошири на површина од 60 квадратни километри, ден откако принуди евакуација на најмалку 1.200 луѓе.

Само околу два отсто од пожарот што избувна во саботата беше локализиран до недела навечер, пренесува Асошиејтед прес.

Засега нема извештаи за жртви. Пожарот моментално гори на околу 100 километри северозападно од Лос Анџелес, и постои опасност пожарот да се прошири до градот Кастаик, дом на околу 19.000 луѓе. Националната метеоролошка служба соопшти дека денеска се очекува мала влажност на воздухот и брзина на ветер од 80 километри на час.

притисни ентер