„Toyota“ астрологија: Кој автомобил му одговара на вашиот хороскопски знак?

Секој хороскопски знак си има свои карактеристики а во зависност од нив на секој му прилега различен тип на автомобил.

Така барем мислат од „Toyota“ каде одлучиле да понудат свој предлог за оптимален избор на автомобил според хороскопските знаци.

Јапонскиот гигант издвои 12 возила од својата гама а меѓу нив е и еден концепт.

1.Овен

Овните се спортисти, љубители на активен живот и сакаат да се натпреваруваат.

Според тоа, идеален автомобил за нив е спортското купе „GR 86“, велат од „Toyota“.

2.Бик

Биковите повеќе ги ценат семејните вредности, како и долготрајните пријателства. Спонтани се, но сакаат да се држат до остварливи планови. Сакаат да патуваат, а најдобро ќе им биде во караван како што е „Corolla Touring Sports Hybrid“.

3.Близнаци

Близнаците се креативци, секогаш посебни, импулсивни и подготвени да се покажат.

Од „Toyota“ сметаат дека за нив најдобар избор е „Aygo“ и тоа во некоја атрактивна комбинација на бои.

4.Рак

Раковите се лојални личности на ои секогаш можете да се потпрете. Постојано го бараат она најдоброто за семејството па нивното возило мора да биде широко и удобно. Затоа за нив е идеален моделот „Highlander“, голем „SUV“ со 7 седишта.

5.Лав

Лавовите сакаат да уживаат а притоа се љубители и на најновите технологии. Од „Toyota“ мислат дека за нив „Yaris “ е најдобар избор, но во спортска „GR“ верзија.

6.Девица

Девиците се контантни и секогаш 100% посветени, дали во пријателството, врската или кариерата. А за таквите кои бараат сигурност и употребливост на врвно ниво единствена опција е „Hilux“, тврдат од јапонскиот произведувач.

7.Вага

Вагите се навистина посебни. Во потрага по хармонија и чесен однос тие се и еколошки најосвестени, па не е чудо што за нив „Toyota“ го намени моделот „bZ4X“. Засега тоа е само концепт за иден електричен „SUV“ модел кој на патиштата ќе пристигне во 2022 година.

8.Шкорпија

Шкорпиите важат за лидери, секогаш подготвени да преземат контрола.

Сакаат да се дружат и се посветени на семејството и пријателите а понекогаш сакаат и малку луксуз и стил.

Кросоверот „C-HR“ во „GR Sport“ издание за нив е идеален избор, веруваат од „Toyota“.

9.Стрелец

Стрелците се спонтани, забавни и сакаат патувања, па така тие во своите авантури најлесно би оделе со „Land Cruiser“.

Тоа е избор кој веројатно би го одбрале поголем дел од оние кои имаат во себе барем малку авантуристички дух.

10.Јарец

Тие што се родени во знакот на Јарец сакаат практичност, ред и дисциплина а во својот избор често се отворени за нови технологии.

На нив им прилега „RAV4“ и тоа во форма на „Plug-in“ хибрид.

11.Водолија

Водолиите се отворени авантуристи кои секогаш одат по својот пат. Ценат човечки врски, но се најсреќни во своето друштво.

Подеднакво им е добро во град и на отворено, а од „Toyota“ се убедени дека возилото коие најмногу им прилега е „Yaris Cross“.

12.Риби

Романтичните Риби се вистински уметнички души. Сакаат природа, но сакаат и нови идеи. За нив прв избор е „Mirai“, модерна лимузина со погон на водород.

Анкета: Поддршката за членството на Полска во ЕУ - најмала во последнава декада

Поддршката за членството на Полска во Европската Унија падна на најниско ниво во повеќе од една деценија, според анкетата објавена денеска.

Според најновата анкета на институтот ЦБОС, и покрај победата на про-ЕУ коалицијата, поддршката за членството на земјата во Унијата падна на 77 отсто, што е најниско ниво од 2013 година.

Поддршката лани беше 85 отсто, а најголема беше во 2022 година, кога изнесуваше 92 проценти.

Про-ЕУ коалицијата дојде на власт во Полска на изборите во октомври по осум години владеење на партијата Право и правда (ПиС), ветувајќи дека ќе ги поништи законите воведени од десницата.

ПиС често беше во судир со западните сојузници на Полска и институциите на ЕУ во Брисел поради нивната загриженост за владеењето на правото во оваа земја. /МИА

Претставник на ОН тврди дека ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Газа

Претставникот на Обединетите нации, Пјер Лодамар денеска изјави дека ќе бидат потребни 14 години да се расчисти огромното количество урнатини, вклучително и неексплодирани експлозивни направи, што ги остави Израел за време на војната во Појасот Газа.

Лодамар, висок офицер во Службата за мини на ОН (УНМАС), на брифинг во Женева рече дека војната оставила околу 37 милиони тони отпад во широко урбанизирана, густо населена област.

Тој истакна дека иако не е можно да се одреди точниот број на неексплодирани убојни средства се смета дека под одредени услови, би можеле да бидат потребни 14 години да се расчистат остатоците, вклучувајќи ги и урнатините од уништените згради.

„Знаеме дека вообичаено има стапка од 10 проценти за неуспех, односно неактивирање на муницијата. Станува збор за 14 години работа со 100 камиони“, рече Лодамар. /МИА

Руски новинар на „Форбс“ е приведен поради наводно ширење лажни информации за армијата

Новинарот на магазинот „Форбс Русија“, Сергеј Мингазов е приведен под сомнение дека ширел лажни информации за руската армија, објави денеска магазинот.

„Форбс Русија“ додава дека досега не успеале да стапат во контакт со Мингазов. Неговиот адвокат Константин Бубон на Фејсбук објави дека новинарот е во притвор во источниот руски град Хабаровск, каде што живее.

Адвокатот рече дека Мингазов бил приведен поради преобјавување публикации за наводни руски воени злосторства во украинскиот град Буча, каде што убиствата на украинските цивили во првите недели од војната беа пријавени од Ројтерс и други новински организации.

Профилот на Мингазов на платформата Телеграм содржи бројни објави за Буча, а засега не е јасно за која од нив новинарот е приведен. /МИА

притисни ентер