„Tesla Roadster“ – како една од ракетите на Маск (видео)

Иако во продажба ќе се појави дури во 2020 година, најстартниот модел на Тесла овие денови повторно е во фокусот на љубителите на спортски автомобили благодарејќи на новата снимка која се појави на социјалните мрежи.

Новата генерација „Tesla Roadster” најавена е уште на крајот на 2017 година, кога е преставен претпродукцискиот автомобил. Американскиот производител уште еднаш не потсети на овој спортски модел и неговите неверојатни перформанси во новата снимка објавена на Инстаграм, на која се гледа како Roadster забрзува.

Како што најави Илон Маск во 2017 година, новиот Roadster од 0 до 60 милји на час (0-96км/ч) забрзува за само 1.9 секунди!

Брзина од 100 милји на час (162км/ч) достигнува за само 4.2 секунди, пред да ги развие максималните 250 милји на час (402 км/ч).

Првиот човек на Тесла пред две години соопшти дека почетната цена на овој автомобил во САД ќе изнесува 200.000 долари, додека возилата од специјалната, ограничената серија (Founder Series) ќе се продаваат за 250.000 долари.

Останува да се види дали Маск ќе го одржи ветувањето за цената кога во 2020 година ќе се појави новиот Roadster во продажните салони.

Тежок маратон во Белград, победникот на маратонот ја мина целта и падна на асфалтот

Кенискиот атлетичар Гилберт Киплинг Чумба победи на Белградскиот маратон, а потоа падна на асфалтот.

Чумба постигна одлично време - 2:11.47, но се чини дека силното темпо и условите во главниот град на Србија оставија трага на неговото тело.

Кога ја мина целта како победник, Чумба колабираше на улица, по што мораа да реагираат медицинските екипикои на носилка го однесао победникот на маратонот во болница на рехабилитација.

Второто место го освои сонародникот на Чумба, Гилберт Шериот Муге со 2:12;20, додека трет беше уште еден Кениец Емануел Кипкогеи, кој се искачи на подиумот со време 2:20;41.

Ема Черуто е победничка на 37. Comtrade Belgrade Marathon, трката ја истрча навреме (2:31.31). Во полумаратонот триумфираше Мохамед Ел Гаузани од Мароко.

Белградскиот маратон, 37-ми по ред, започна во осум часот со традиционалниот почеток пред црквата „Свети Марко“. На делница од 42.195 метри тргнаа 2.000 натпреварувачи.

Ковачки: Се обврзуваме на реконструкција на пругата Велес-Кочани,....

Се обврзуваме на реконструкција на пругата Велес-Кочани, реконструкција на автопатот Катланово-Велес, нова катна гаража, реконструирање на општата болница во Велес и многу други проекти за велешани.

Ќе ги вратиме сите железнички линии во функција, ќе ја реконструираме пругата Велес-Кочани, ќе ја електрифицираме пругата Велес-Битола, ќе го реконструираме автопатот Катланово-Велес, ќе изградиме нова катна гаража во Велес, ќе ја реконструираме општата болница во Велес. Нови 26 милиони евра од проектот 250 милиони евра за општините.

Велес заслужува да се развива, Македонија заслужува да се развива, затоа ве повикувам сите заеднички да го поразиме овој ненароден режим. На 8 мај заеднички сите да излеземе и да го заокружиме бројот 2, за Гордана Силјановска Давкова за претседател и за Христијан Мицкоски за премиер за Македонија.

Драган Ковачки, носител на изборна единица 3

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Абас: Израелската армија ќе го нападне градот Рафа во наредните денови

Претседателот на Палестинската самоуправа (ПА) Махмуд Абас денеска предупреди дека израелската армија во следните неколку дена ќе започне копнена офанзива врз градот Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа.

Рафа моментално е дом на околу 1,45 милиони луѓе, од кои повеќето претходно беа раселени од другите делови на енклавата, додека загриженоста за хуманитарната ситуација во Газа расте. Абас истакна дека САД се единствената земја која може да спречи израелски напад врз Рафа.

Палестинскиот претседател изрази загриженост поради присилното раселување на палестинското население од Западниот Брег под управа на ПА, откако израелската армија ќе „заврши со Газа“.

Тој нагласи дека ПА одбива да прифати етничко чистење на Палестинците од двете територии и додаде дека палестинската самоуправа бара да се прекине конфликтот и да се даде помош на населението.

притисни ентер