Сте виделе ли некогаш олкав стомак? (фото) - Канал 5

Сте виделе ли некогаш олкав стомак? (фото)

 По ултразвучниот преглед уследило изненадување откако виделе колку бебиња носи оваа жена! 

 Сте виделе ли некогаш олкав стомак? (фото)

Линдзи Хеј и нејзиниот партнер отсекогаш сакале да имаат уште едно дете после синот, но работите не тргнале според планираното.

Имено, на Линдзи лекарот ѝ соопштил дека не е во можност да забремени лесно поради состојбата на нејзините јајце клетки, па парот почнал да ја разгледува можноста за вештачко оплодување. На Линдзи ѝ било советувано да прими и посебна инјекција за зголемување на плодноста.

По низата спонтани абортуси, таа конечно останала бремена. По ултразвучниот преглед, таа и нејзиниот партнер доживеале шок откако им откриле дека таа носи 4 бебиња. Шансите за една двојка да добие близнаци се 1:250, а шансите да добие тројка се 1:62.500, а за четворка се 1:15.625.000.

Линдзи на својот профил на Инстаграм редовно објавува новитети од својот живот, па по објавата дека очекува четворка, уследиле низа пофалби. Бременоста напредувала добро, а после 20-тата недела лекарите ѝ нагласиле дека мора да мирува до крајот на бременоста, во нејзиниот случај тоа биле 10 недели. Како сите жени што носат четворки, и таа се породила пред терминот, а наредните 7 недели бебињата ги поминале во инкубатор.

По одделението за интензивната нега, тие се пуштени дома каде го продолжиле своето убаво закрепнување, а родителите и братчето уживаат во секој момент поминат со нив.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зајакот на „Volkswagen“ за 43.000 евра (ФОТО)

Пред повеќе од половина век, „VW Golf“ предизвика вистинска револуција во Европа и практично го дефинираше сегментот на компактни автомобили. Сепак, кога пристигна во САД во средината на 1970-тите, работите не беа толку едноставни.

Зајакот на „Volkswagen“ за 43.000 евра (ФОТО)

Првично увезуван во САД, моделот започна да се произведува локално во 1978 година, во фабриката во Вестморленд. Сепак, таму не се продаваше под името „Golf“, туку под името „Rabbit“.

Оваа одлука беше донесена од маркетиншки причини. Од „VW“ сметаа дека името „Golf“ премногу се поврзува со елитен спорт и со побогатите слоеви на општеството – перцепција што не соодветствуваше со позиционирањето на автомобил наменет за пошироката американска публика.

Името „Rabbit“ не беше ексклузивно само за САД – се појавуваше и во Европа, главно како ознака за одредени „GTI“ верзии или пакети на опрема на одредени пазари – но токму во Америка ова име сега се враќа на сцената.

Новиот „Rabbit“

„Volkswagen Golf GTI Rabbit“ треба да пристигне во средината на 2027 година и ќе послужи како еден вид „освежување“ за „Golf GTI“ во Северна Америка. Оваа специјална изведба е опремена со адаптивна суспензија „DCC“, 19-инчни тркала и летни гуми.

Што се однесува до визуелните промени, моделот се одликува со затемнето лого, црна маска на ладилникот, црн покрив и разни други детали во темни тонови. Единствениот елемент што не е црн е ознаката со зајак („rabbit“), која служи како почит кон оригиналниот модел. Оваа верзија ќе биде достапна исклучиво во САД. Цената сè уште не е објавена, но се очекува да започнува од 43.000 евра па нагоре.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Царински службеници спречија нелегален внес на 2,8 тони нејодирана сол која е забранета за увоз

Царински службеници од Царинска испостава Скопје 3 спречија обид за нелегален внес на 2,8 тони нејодирана сол која е забранета за увоз. 

Царински службеници спречија нелегален внес на 2,8 тони нејодирана сол која е забранета за увоз

Случајот е откриен при контрола на стока декларирана како индустриска сол за која, од страна на увозникот, производител на храна, била обезбедена изјава дека ќе се користи за индустриски цели. При контролата е констатирано дека станува збор за нејодирана сол, а не за индустриска како што било наведено во изјавата и увозната царинска декларација.

Согласно македонската легислатива, солта која се употребува во прехраната треба задолжително да биде јодирана поради штетните последици врз здравјето на граѓаните од консумација на нејодирана сол. Против осомничените е поведена соодветна постапка, а согласно решението добиено од Агенцијата за храна и ветеринарство, солта е уништена на депонијата Дрисла.

Царинската управа потенцира дека откривањето на царински измами со храна е еден од главните приоритети на управата, со цел заштита на здравјето на граѓаните. За оваа цел минатата година со АХВ беше склучен и Меморандум за размена на податоци со што значително се унапреди борбата со криминалот поврзан со храна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Естонија ја затвора границата со Русија на 6 месеци

Од 1 декември, Естонија ќе ги затвори своите гранични премини кон Русија на најмалку шест месеци од безбедносни причини, соопшти во петокот владата на оваа балтичка земја.

Естонија ја затвора границата со Русија на 6 месеци

Претходно оваа недела, Естонија најави затворање на сите гранични премини со Русија, што ќе стапи на сила следниот месец. Ова уследи по сомнителен напад со подметнување пожар во една естонска одбранбена компанија – инцидент за кој Талин ја обвини Москва – иако првично не беше прецизирано колку долго ќе трае затворањето.

Одговор на непријателските активности на Русија

„Оваа одлука е одговор на континуираните непријателски активности на Русија против Естонија и други европски земји“, се наведува во соопштението на владата.

„Компании од естонската одбранбена индустрија беа цел на напади двапати оваа година, а според Естонската служба за внатрешна безбедност, двата напади биле организирани од руските специјални служби“, се додава во соопштението.

Москва постојано ги отфрла обвинувањата од европските власти за нејзина вмешаност во акти на саботажа. Естонија – членка на НАТО и на Европската унија, како и цврст поддржувач на Украина – моментално има пет гранични премини преку кои патниците можат да влезат во Русија или да излезат од неа, истакна владата.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер