Видео: Бред Пит својата прва голема улога ја добил во Југославија: Милена Дравиќ ја играла неговата мајка
1Видео: Бред Пит својата прва голема улога ја добил во Југославија: Милена Дравиќ ја играла неговата мајка
3Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница
Метео Сончево со мала до умерена облачност, попладне дожд и грмежи, температури до 34 степени Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност попладне со услови на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Според УХМР времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме со град. Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 33 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе достигне до 31 степен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26Трајановски: Денес поставуваме камен-темелник на најсложениот и најтешкиот автопат11:53 Одбележување на роденденот на Мајка Тереза11:05
Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
ФудбалКамавинга желба на Јунајтед и Челзи Премиерлигашките гиганти, трофејните, Челзи и Манчестер Јунајтед се заинтересирани за ангажман на Французинот, Едуардо Камавинга.Црвените ѓаволи од Манчестер веќе подготвиле понуда од околу 50 милиони евра за играчот од средниот ред на Реал Мадрид. Англискиот клуб бара засилувања во средниот ред, а Камавинга се наметнува како прва опција како се ближи крајот на преодниот рок. Последните денови од преодниот рок во Европа, интерс за Камавинга покажа и тимот на Челзи. Камавинга му се приклучи на Реал Мадрид од Рен во 2021 година за сума од приближно 40 милиони евра и оттогаш со клубот ги освои сите важни трофеи. Французинот може да игра како централен или дефанзивен играч за врска, па дури и како лев бек, што го прави особено привлечен за Јунајтед, клуб кој бара разновиден играч способен да покрие повеќе позиции. Иако останува клучен дел од тимот на Реал, неговата позиција не е сосема недопирлива. Плановите на Реал за летото делумно зависат од можните заминувања, а Манчестер Јунајтед се обидува да ја искористи таа ситуација за да го доведе 23-годишниот Французин на „Олд Трафорд“.Тагови: Манчестер Јунајтед Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСедум милиони мини и утврдување долго 2.700 километриМароко од 1980 до 1987 година, изгради огромен систем на утврдувања низ пустината Западна Сахара, кој стана една од најдолгите воени бариери во светот, но и смртоносно наследство од повеќедеценискиот конфликт.Како наследство од еден од најголемите одбранбени системи во светот, долж границата на Западна Сахара, останати се околу седум милиони противпешадиски мини распоредени долж речиси 3.000 километри. Во периодот меѓу 1980 и 1987 година, Мароко изгради линија од утврдувања во Западна Сахара, која практично ја дели оваа пустинска територија на два дела. Позната како „Песочниот ѕид“ или „Берм“, оваа бариера ги раздвојува областите под контрола на Мароко од територијата контролирана од фронтот Полисарио. Противниците на мароканската влада бариерата ја нарекуваат „ѕид на срамот“, а нејзината изградба е директно поврзана со повеќедеценискиот спор околу Западна Сахара. Конфликтот води потекло од 1975 година, кога Шпанија се повлече од Западна Сахара. Мароко и Мавританија по заминување на Шпанците ја поделија тероторијата на два дела, а жителите на Сахара кои бараа независност, ја продолжија борбата преку фронтот „Полисарио“. Во 1976 година, фронтот „Полисарио“ ја прогласи Сахрависката Арапска Демократска Република, а конфликтот со Мароко прерасна во долготрајна војна. Соочен со герилски напади во огромниот пустински предел, Мароко во 1980 година започна да гради систем на утврдувања. Ѕидот не бил изграден одеднаш, туку бил прошируван во неколку фази, со што мароканската линија на контрола постепено се поместувала кон исток и југ. Изградбата траела со години, а до втората половина на 1980-тите, системот прераснал во бариера долга околу 2.700 километри, пренесе „Сајанспост“ (Sciencepost). „Берм“ не е само насип од песок. Тоа е воен систем составен од повеќе песочни насипи, ровови, бункери, бодликава жица и огромни мински полиња. Според проценките наведени во текстот, околу седум милиони мини се поставени околу ѕидот, поради што оваа област се смета за една од најминираните во светот. Долж линијата се распоредени и воени бази, артилериски позиции и аеродроми, додека радарските системи овозможуваат откривање движења на големи растојанија. Се наведува дека ѕидот го чуваат околу 100.000 марокански војници, иако некои проценки спомнуваат бројка од 120.000. Изградбата на ѕидот му овозможи на Мароко да ја задржи контролата врз повеќе од две третини од Западна Сахара, додека Фронтот Полисарио ја контролира територијата источно од бариерата. Во 1991 година, со посредство на Обединетите нации, бил постигнат прекин на огнот со што завршила војната долга скоро 15 години. Сепак, спорот околу статусот на Западна Сахара не беше решен, а прекинот на огнот беше сериозно прекршен во ноември 2020 година, по што повторно беа забележани судири. Една од најтешките последици од војната останаа минските полиња. Мини поставени за време на изградбата на системот никогаш не беа целосно отстранети и претставуваат опасност, особено за номадското население што се движи низ оваа пустинска област. ж Според податоците наведени во текстот, во периодот меѓу 1975 и 2013 година, најмалку 2.500 луѓе загинале или биле повредени од мини и други експлозивни остатоци од војната, објави „Сајанспост“ (Sciencepost). Операциите за деминирање беа прекинати по избувнувањето на новите судири во 2020 година. Деминирањето беше повторно започнато источно од ѕидот во мај 2023 година, а продолжи и на југот на територијата во почетокот на 2024 година. Така, со децении по изградбата на „Берм“ (одбранбениот ѕид), милиони мини остануваат една од најопасните последици од конфликтот околу Западна Сахара. Извор: Мондо.рсКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26Трајановски: Денес поставуваме камен-темелник на најсложениот и најтешкиот автопат11:53 Одбележување на роденденот на Мајка Тереза11:05
Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
ФудбалПромените во Серија А донесоа речиси пет минути повеќе фудбалВо првите кола сезонава во натпреварите од италијанското Калчо или Серија А, просечното време на ефективна игра се зголеми за речиси пет минути во споредба со минатата година – од 54 минути и 20 секунди на 59 минути и 14 секунди. Промените особено ги израдуваа тренерите, кои со години го критикуваа одолговлекувањето на играта. Џан Пјеро Гасперини од Рома по победата над Фиорентина изјави: „Конечно, играме повеќе – колку убаво“. The Dybala-Malen show! 🎭 #RomaFiorentina pic.twitter.com/1YYmb8Yw0h — Lega Serie A (@SerieA_EN) August 25, 2026 Сеск Фабрегас, тренерот на Комо, изјави дека натпреварите се позабавни поради новите правила. Една од новините се однесува на голманите. Доколку ја задржат топката повеќе од осум секунди при изведување на гол-аут, на противничката екипа ѝ се доделува корнер. Воведени се слични правила и за изведување на аут, со цел да се намали одолговлекувањето на играта. Најдобриот пример за промена досега е виден на натпреварот меѓу Аталанта и Сасуоло, во кој топкатабилса во игра повеќе од 66 минути, односно околу 69 проценти од вкупното времетраење на натпреварот. На крајот од минатата сезона, Серија А беше на последното место меѓу петте најсилни европски лиги според ефективното време на игра. Сега италијанското првенство се доближи до Премиер лигата и Лига 1. По години дискусии за прекини, симулирање, протести и одолговлекување на играта, се чини дека Серија А пронашла едноставно решение – едноставно да се игра повеќе фудбал.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter