„Слеп патник“ е пронајден во авионски тоалет-жената сакала без билет да лета од Њујорк до Париз

Во авион на „Делта ерлајнс“ од Њујорк до Париз, пронајден е слеп патник. Една жена успешно ги заобиколила проверките на идентитетот, се качила на летот за Франција без билет.

Патниците и членовите на екипажот на летот DL264 на Delta Air Lines од аеродромот Џон Ф. Кенеди до Шарл де Гол во вторник на 26 ноември откриле дека во тоалетот на авионот крие жена, која патува без билет, пренесе Авиоатион 24. Поголемиот дел од летот таа се криела во тоалетот бидејќи сите седишта во Боингот 767 биле зафатени.

Постојаната зафатеност на еден од тоалетите на авионот го зголемила сомнежот кај екипажот и патниците дека нешто чудно се случува зад затворени врати. Член на кабинскиот екипаж открил дека жената лета без билет, што веднаш било пријавено кај пилотите, а потоа и во француската полиција.

По слетувањето во Париз, екипажот ги замолил патниците да останат на своите места додека полицајците не влезат во авионот. Полицијата набрзо влегла во авионот на „Делта ерлајнс“ и го привела „чудниот патник“.

Засега не е познато како жената успеала да се качи во авионот без билет. Она што е познато е дека службениците на американската Администрација за транспортна безбедност (TSA) ја прегледале жената пред да влезе во авионот, односно дека поминала контра-диверзантска проверка на аеродромот Џон Кенеди.

Таа сепак избегнала две точки за проверка на идентитетот, потврди ТСА. „Делта ерлајнс“ соопшти дека започнува истрага за да се утврди како жената се качила во авионот.

Студено наутро, преку ден сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска наутро ќе биде студено со појава на магла, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до 0, а максималната ќе достигне од 2 до 8 степени.

Во Скопје наутро студено со услови за појава на магла, преку денот сончево со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 6 степени.

Како што информира УХМР, во следните денови ќе преовладува стабилно време со позитивни дневни температури кои ќе бидат во постепен пораст. Утринските температури насекаде ќе бидат под нула, а наместа ќе се спуштат и под -8 степени. По котлините ќе има појава на магла и во долините со магла дневните температури ќе остануваат пониски. Од понеделник се очекува зголемување на облачноста.

Трамп ги назначи Сталоне, Гибсон и Војтс за свои амбасaдори во Холивуд

 Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп ги назначи актерите Силвестер Сталоне, Мел Гибсон и Џон Војт за специјални амбасадори во Холивуд, а со цел да ја направеле филмската индустрија „посилна од кога било досега“.

Тројцата актери, добитници на 10 номинации за „Оскар“ и три „Оскари“, се издвоија во Холивуд со поддршката на републиканецот Трамп, за разлика од многумина нивни колеги кои традиционално ја подржуваат Демократската партија.

-Голема чест ми е да објавам дека Џон Војт, Мел Гибсон и Силвестер Сталоне ќе бидат специјални амбасадори во големиот, но многу проблематичен Холивуд, во Калифорнија, напиша Трамп синоќа на својата социјална мрежа „Truth Social“.

-Тие ќе бидат мои специјални претставници да го вратат Холивуд, да биде голем, подобар и посилен од кога било, а кој во последните четири години загуби многу бизниси поради странска конкуренција.

Републиканците традиционално не се популарни меѓу претставниците на шоу бизнисот во САД, и многу ѕвезди како Тејлор Свифт и Џорџ Клуни, на претседателските избори во 2024 година ја поддржаа Камала Харис, кандидатка од Демократската партија.

Сепак, премостувајќи ги традиционалните холивудски кругови, кампањата на Трамп успешно се зближи со популарната публика на инфлуенсерите на Јутјуб и ја зајакна својата поддршка.

Премиерот Мицкоски ќе ја пушти во употреба железничката пруга Куманово - Бељаковце

По повод завршување на градежните работи на делницата Куманово - Бељаковце (Коридор 8 Источна делница) премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува и ќе ја пушти во употреба железничката пруга Куманово - Бељаковце.

Пругата Куманово - Бељаковце е со должина од 30,8 километри и на неа се изградени три нови железнички станици (Ново Куманово, реконструирана постоечката железничка станица Куманово, 6 стојалишта, 5 мостови, 1 тунел, пропусти со различен дијаметар, заштита на наклони, одводни канали, пристапни патишта, звучни бариери, потпорни ѕидови, горен строј и сигнализација и телекомуникација. На железничките станици и стојалишта е инсталирана сигнално-телекомуникациска опрема во вредност од 10 000 000 евра, алуминиумски седишта, челични настрешници, дисплеи, лед осветлување.

Како што информирара владината прес-служба, новинарите ќе имаат можност заедно со премиерот Мицкоски и министерот за транспорт Николоски да ја извозат со локомотива новоизградената железничка пруга.

притисни ентер