Се одбележуваат 117 години од загинувањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев - Канал 5

Се одбележуваат 117 години од загинувањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев

Македонија денес се поклонува на Гоце Делчев, визионерот кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар меѓу народите. 

 Се одбележуваат 117 години од загинувањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев

Сепак, одбележувањето на 117 години од неговата смрт повторно доаѓа во чувствително време во односите со Бугарија и жестоката полемика која изминатиот период се води на релација Софија - Скопје околу идентитетот на револуционерот.

По повод годишнината од смртта на Делчев, премиерот Спасовски на социјалната мрежа Фејсбук порача дека тој е лик кој сплотува и обединува, не само во Македонија, туку и пошироко, а Делчев го нарече патоказ кон иднината. Лидерот на СДСМ пак Зоран Заев, револуционерот го нарече обединувачки симбол на македонската независност, а неговото чествување според него, треба да ги обединува сите.

Чествувањето на Гоце Делчев треба да обединува исто како што обединуваше Гоце Делчев како водач на македонското револуционерно дело. Ние денес, се поклонуваме пред моштите на Гоце Делчев во црквата Св. Спас, каде што беа свечено пренесени од Софија, откако неговите другари оставија аманет до следните поколенија „светите мошти да бидат погребани во главниот град на независна Македонија“.- Зоран Заев – Претседател на СДСМ

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак Христијан Мицкоски кој оддаде почит пред гробот на Делчев порача дека доколку Македонија се фокусира на европските процеси, официјален Брисел ќе ги осуди бугарските барања и позиции.

Традиционално и годинава на гробот на Делчев положија цвеќиња повеќе делегации од државно-политичкиот врв, а освен од претседателскиот кабинет, на гробот се поклонија и министрите Шеќеринска и Адеми кои беа дочекани со свирежи и скандирања од група на навивачи.

Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Образованието го завршил во Солун и Софија, а учителствувал во Штип. Како член на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на организацијата. Делчев е убиен од Османлиската војска на денешен ден во 1903 година во селото Баница. Неговите посмртни останки најпрво се чувале во Баница, а потоа во Софија од каде во 1946 година биле пренесени во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

YouTube video

Иранската гарда: Ги погодивме израелскиот воен разузнавачки центар и Мосад

 Иранската Исламска револуционерна гарда соопшти дека при ракетните напади врз Израел погодила центар за воено разузнавање и центар за оперативно планирање на Мосад, пренесува Ал Џезира.

Иранската гарда: Ги погодивме израелскиот воен разузнавачки центар и Мосад

Претходно, израелските медиуми јавија дека ракетен удар во крајбрежниот град Херцлија погодил „чувствителна цел“, термин што обично означува воена или стратешка цел.

Холандија препорачува ограничување на социјалните мрежи за деца под 15 години

Холандската Влада ќе им препорача на родителите да не дозволуваат на децата под 15 години да користат социјални мрежи, а својот прв паметен телефон да го добијат дури по завршувањето на основното училиште.

Холандија препорачува ограничување на социјалните мрежи за деца под 15 години

Овие препораки се дел од новите национални насоки за „Здраво користење на екрани“, кои денеска ги претстави државниот секретар Винсент Кареманс, пренесе НЛ Тајмс.

Препораките, кои се советодавни и не се правно обврзувачки, се однесуваат на апликации како „ТикТок“, „Снепчет“, „Јутјуб“, „Инстаграм“ и „Фејсбук“.

Предлогот следува по притисокот од родители, научници и мнозинството во холандскиот парламент за ограничување на пристапот на децата до паметни телефони и социјални мрежи.

Во март, пратениците Ханеке ван дер Верф и Џеси Сикса Дајкстре предложија минимална старосна граница од 15 години и повикаа на координација со другите европски земји, како на пример Данска и Франција, каде се разгледуваат слични мерки.

Анкетите покажуваат дека четири од пет холандски родители ги поддржуваат ваквите ограничувања, додека експертите предупредуваат на сериозни ризици за физичкото и менталното здравје на децата.

Новите насоки ќе содржат и препораки за времето што предучилишните деца го поминуваат пред екрани.

Околу 2.000 Израелци останаа без своите домови по нападите на Иран

 Околу 2.000 луѓе во Израел останаа без покрив над главата, барем привремено, по ракетните напади на Иран врз централниот дел од земјата и северниот град Хаифа, покажуваат официјалните податоци.

Околу 2.000 Израелци останаа без своите домови по нападите на Иран

По нападите вчера изутрина, во градот Петах Тиква загинаа четири лица при напад врз станбена зграда, а околу 1.300 лица од 400 семејства беа принудени да се евакуираат.

Околу 300 луѓе во Тел Авив останаа без домови откако ракетите погодија два дела на градот, предизвикувајќи голема материјална штета, пренесе Тајмс оф Израел.

Стотици жители беа евакуирани и од Бнеј Брак, каде ракета погоди училиште во станбен кварт, при што беше предизвикана значителна штета, а загина едно лице.

Градските власти во Тел Авив соопштија дека погодените биле сместени во хотели, додека во Хаифа се евакуирани 60 лица поради штети на нивните домови.

Сличен број лица морале да ги напуштат домовите во Рамат Ган, Бат Јам, Тамра, Реховот и други места како резултат на иранските напади во саботата и неделата.

притисни ентер