Почитувани гледачи, неуморни сонувачи за подобро и поубаво утре, и денеска ве каниме на тет-а-тет средба пред малите екрани со единствената САМО ВИСТИНА, а за плодна и успешна дебата на репертоарот ви ги нудиме првиот човек на агенцијата „Рејтинг“ Никола Спасов и новинарот Горан Момироски.
Од Луксембург преку Брисел, што ќе ни донесе денешниот Самит на ЕУ – охрабрувачки пораки кои ќе гарантираат дека отворање на преговори наскоро ќе има или ќе добиеме болна „шлаканица“?
Одложувањето на препораката за почеток на преговорите со ЕУ отвори низа дилеми –дали закочената политика на проширување прави Унијата полека да го губи кредибилитетот? Без повторно прецизирање на датумот, имаме ли право да се чувствуваме изиграно од големите европски сили? Дали се најдовме како „маргинален проблем“ во период кога земјите членки не можат да најдат начин како да излезат од длабоките поделености? Како ова ќе влијае на европските аспирации на целиот Западен Балкан?
Ќе го „решиме“ ли СЈО до октомври за да комплетираме уште еден важен реформски сегмент? До кога ќе продолжи праксата на носење закони од областа на правосудството но без реална имплементација? Што ли ќе се „скрчка“ до октомври како уште една потврда дека земјава треба да е дел од европското семејство?
Кои имиња се кријат во предлозите на премиерот за нови министри кои ќе го освежат владиниот состав?
Гледајте САМО ВИСТИНА со Никола Спасов и Горан Момироски, само на Канал 5 Телевизија.