3ВРЕДИ: Автопатот Скопје-Блаце требаше да биде изграден во времето кога семејството Ахмети ја купи „Соравија“! Прашање на приоритети
Веб ТВ„Само Вистина“ со Зоран Димитровски и Љупчо Зиков - 14.04.2026 - 2 делFollow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕврокомесарката за проширување на почетокот на јули доаѓа во посета на Македонија 15:00Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата12:58Мицкоски на пуштање во употреба на Дом за стари лица во Илинден09:19Мицкоски оствари средба со Ергодан: Беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи16:58Николоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје - Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора12:37
Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата12:58
Мицкоски оствари средба со Ергодан: Беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи16:58
Николоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје - Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора12:37
ЗдравјеКако најмалите се справуваат со температурните шокови?Еден ден дваесетина целзиусови степени, следниот над триесет. Од јакна до кратки ракави за само 24 часа. Температурните шокови кои кај возрасните може да предизвикаат колапси и сериозни здравствени состојби, кај децата се манифестираат поинаку. Педијатрите во периодите на нагли скокови на температурата, особено кога има летни денови со многу високи температури и во пролет највеќе се загрижени за дехидрацијата кај децата. Д-р Мира Атанасова советуваат на отворено или за време на викенд кога голем дел од граѓаните одат во соседството на море, клучно е да се заштити кожата на децата и главчето - да носат капче. Д-р Атанасова вели дека најчестата грешка што ја прават родителите кога е променливо времето, е што ги преоблекуваат децата за да не настинат. Реалноста е дека кога на возрасниот му е топло, топло му е и на детето. Педијатрите велат дека родителите треба да бидат свесни дека децата имаат двојно поголема потреба од течности, и за полесна облека за разлика од возрасните. Периодов во ординација најчесто се доаѓа на преглед поради вирусни инфекции, најчесто респираторни, ама и стомачни вирози. Педијатрите алармираат да се внимава и со храната за да се избегне труење, кое кај помалите деца може да биде и опасно ако не се реагира на време. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНеколку дена не работи апликацијата „Мој ДДВ“, УЈП тврди дека станува збор за технички проблемиНаместо успешно скенирана сметка, граѓаните веќе неколку дена при обидот да ги скенираат фискалните сметки, добиваат известување дека апликацијата нема конекција со УЈП.Ова е уште еден во низата проблеми со конектирањето на граѓаните со оваа популарна алатка кај граѓаните. Од Управата за јавни приходи велат дека станува збор за технички проблем, но засега не откриваат што точно го предизвикало прекинот, ниту кога апликацијата повторно ќе биде целосно функционална. -Ве информираме дека апликацијата Мој ДДВ моментално функционира со повремени забавувања. Нашите тимови активно работат на утврдување на причините и на надминување на предизвиците, со цел што поскоро да се обезбеди нејзино непречено функционирање.Ви благодариме за трпението, разбирањето и довербата, се вели во кусото соопштение од УЈП. Проблемите со УЈП не се новина, во изминатиот период имаше и доцнења со исплатата на повратот на данокот што предизвика незадоволство кај корисниците. Иако во јавноста постојано излегуваат информации дека проектот можеби ќе се укине, министерката за финансии и директорката на УЈП секогаш го демантираа тоа, но нагласуваа дека МОЈДДВ според нив, не ги дава очекуваните резултати. Средствата од тековното тромесечје инаку, треба да се исплатат во рок од 60 дена по завршувањето на кварталот кој завршува на крајот на месецов. Од СДСМ реагираат дека блокадата на апликацијата за поврат на ддв не е случајно, туку последица на како што велат, празната државна каса. - Ова не е случајно. Ова е директна последица од празната државна каса. Кога нема пари во буџетот, државата нема ниту намера да им ги врати парите на граѓаните. Со тоа што системот не работи, Владата едноставно нема да исплати дел од ДДВ-то што инаку би требало да им го врати на граѓаните. Ова е уште еден доказ за тоа како функционира оваа власт. Наместо да се грижи за граѓаните и да обезбеди нормално функционирање на институциите, Мицковски и неговата банда ја доведоа државата до ситуација во која дури и основните услуги за враќање на пари на граѓаните се блокирани. Во меѓувреме, додека апликацијата МОЈ ДДВ се соочува со проблеми со функционирањето, од УЈП објавија нова листа на должници. Според податоците кои ги објавија, станува збор за над 5 илјади физички и правни лица кои должат речиси 13 милијарди денари данок. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаШто може да донесе посетата на Марта Кос на Македонија во јули?Претстојната посета на еврокомесарката за проширување Марта Кос во Скопје следниот месец е дел од редовна регионална тура од која не треба да имаме големи очекувања.Претстојната посета на еврокомесарката за проширување Марта Кос во Скопје следниот месец е дел од редовна регионална тура од која не треба да имаме големи очекувања со оглед на тоа дека условот за уставни измени за нас останува, оценува аналитичарот Петар Арсовски. Меѓутоа таа ќе донесе порака од Брисел дека проширувањето на Унијата е жив процес, додава Арсовски. -Преговарачката рамка најверојатно ќе остане фиксна, можеби некаква интерпретација можеме да добиеме или потстрег и мислам дека тоа е главната порака на Комесарката – еден потстрег во рамки на сегашните можности за забрзување на евроинтегративниот процес. - Петар Арсовски, аналитичар Според Арсовски, нон-пејперот на Мерц и Макрон кој се дискутираше во Тиват а според кој земјите кандидатки забрзано би се интегрирале за време на пристапните преговори, може да е тема на дискусија за време на посетата на Кос во Македонија. -Имајте в предвид дека таа идеја за бенефитите, да не се чека крајот на преговарачкиот процес, туку постепено да се реализираат додека трае преговарачкиот процес. Имајте в предвид дека Македонија не е во преговарачкиот процес во моментов. Така што дури и да се прифатат сите идеи на Мерц и Макрон, тоа за на нас ќе важи само доколку ги одблокираме преговорите, носејќи ги уставните измени. Условите и мерит системот за преговорите не може да се смени, но можеме доколку се качиме на овој воз, можеме да почуствуваме дел од бенефитите на новата методологија. - Петар Арсовски, аналитичар Тоа што утре Украина и Молдавија ќе започнат со отварањето на преговарачките поглавја, кај нас ќе создаде поделени чувства, оценува Арсовски. За едни тоа ќе создаде притисок за забрзување на евроинтегративниот процес, додека кај оние кои веќе скептично се однесуваат кон ЕУ, ќе иницира дополнително негодување сметајќи дека ЕУ не ги исполнува своите ветувања, посочува Арсовски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕврокомесарката за проширување на почетокот на јули доаѓа во посета на Македонија 15:00Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата12:58Мицкоски на пуштање во употреба на Дом за стари лица во Илинден09:19Мицкоски оствари средба со Ергодан: Беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи16:58Николоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје - Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора12:37
Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата12:58
Мицкоски оствари средба со Ергодан: Беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи16:58
Николоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје - Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора12:37