Веб ТВ„Само Вистина“ со Владимир Божиновски и Јован Деспотовски 23.06.2026 2 делFollow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТоплотен бран во Македоија, зголемен бројот на интервенции на итната помошОсвен високи температури преку ден кои се очекува да ја надминат 40-ката на живата на термометарот, синоптичарите предупредуваат дека неделева и ноќите ќе бидат „тропски“.Освен високи температури преку ден кои се очекува да ја надминат 40-ката на живата на термометарот, синоптичарите предупредуваат дека неделева и ноќите ќе бидат „тропски“, бидејќи температурата од четврток и после полноќ во Скопје ќе биде од 20 до 25 степени целзиусови. Истиот ден ќе има услови и за дожд и грмежи кои нема да не разладат со оглед на метеоролошките предвидувања. -Топлиот бран ќе биде најизразен во деновите што следуваат, па се до крајот на оваа седмица. Особено топло ќе биде во деновите од викендот што следува, кога се очекува дневната температура на места да го надмине 40-тиот степен. Особено од четврток ќе имаме високи температури и во текот на ноќта кога температура во воздухот во ноќните часови ќе биде во интервал од 15, 16 па се до 25 степени. После полноќ, од 12 до 3 до 4 наутро во Скопје ќе биде 22, 23 степени Цензиусови. Јулијана Фиданоска Мишкоска – УХМР. Изгор топлото време веќе го зема данокот во здравје, барем ако се суди по зголемениот број на итни интервенции на службата на медицинска помош. Изминатата ноќ интервенирале за четири сообраќајни незгоди на моторциклисти, а ист е бројот и на дневни колапси. Лекарите предупредуваат, во наредните денови, кога и залезот на сонцето нема да направи огромна разлика во температурите да не се напрега телото со силна физичка активност, а адаптацијата од под клима надвор и обратно да биде етапна. Лекарите апелираат дека пиењето вода треба да биде редовно и во поголеми количества, дури и кога не се чувствува директна жед, да се избегнуваат алкохолни пијалаци, или оние со висок процент на шеќер и кофеин, бидејќи дополнително го забрзуваат процесот на дехидратација. Во однос на исхраната да се конзимира полесна храна, главно овошје, зеленчук и супи, а да се избегнуваат помасни оброци. Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСостојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МакедонијаСостојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравствоИако во текот во вчерашниот ден во Гостивар се регистрирани 84 нови прегледи, од Министерството за здравство уверуваат дека епидемиолошката состојба е стабилна. Според ресорното министерство во однос на бројките од пикот на епидемијата, новите податоци покажуваат дека епидемијата се смирува.. -Министерството за здравство информира дека епидемиолошката состојба во Гостивар останува стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции. Во текот на 2 август се регистрирани вкупно 84 први прегледи, што е за 27 повеќе во споредба со претходниот ден, кога беа евидентирани 57 прегледи. И покрај дневното зголемување, бројот на прегледи останува значително понизок во однос на пикот од 18 јули, кога беа регистрирани вкупно 649 прегледи,велат од министерството.. Од кризниот штаб потсетуваат дека водата се уште не е за пиење, но очекуваат состојбата да биде ставена под контрола во текот на следната недела. -Секојдневните анализи покажуваат дека состојбата благо се подобрува, хиперхлорирањето продолжува понатаму но за жал во водата се уште се присутни бактерии кои што ја прават неподобна за пиење. Апелирам до граѓаните на Гостивар, да не ја користат за пиење ниту за готвење водата од градскиот водовод,- -Стојанче Ангелов, директор на дирекција за заштита и спасување. Опозицијата и денеска прозива на одговорност.. Според СДСМ, освен во Гостивар, водата не е исправна во над 50 населени места, а граѓаните, како што тврдат, добиваат, контрадикторни информации од надлежните. -Народот се труе а одговорни нема за тоталниот колапс на институциите. Вчера и официјално беше соопштено дека водата во Гостивар сѐ уште не е за пиење. Продолжува хиперхлорирањето. Во повеќе примероци сѐ уште се пронаоѓаат бактерии. Ова е скандалозно. Хиперхлорираната вода не е наменета за постојана употреба. Додека концентрацијата на хлор е висока, водата не смее да се користи ниту за капење,- -Маја Борозан, Форум на жени на СДСМ. Од ВМРО-ДПМНЕ и денеска повторија дека според микробиолошките анализи гостиварската вода не била за пиење, согласно законски утврдените критериуми, во пет наврати во периодот од 2020 до 2023-та година и прашаа зошто тогаш Филипче молчел.. Инаку, Забраната за пиење и употреба на водата во Гостивар се очекува да се укине кога три последователни анализи ќе го утврдат нејзиниот квалитет – посочуваат од Кризниот штаб. Тагови: вода за пиење Гостивар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотТрамп: „Јапонија отсекогаш била добра кон нас, со исклучок, се разбира, на Перл Харбор“ САД купуваат јапонски јени – прва таква интервенција по повеќе од една деценија.Претседателот Доналд Трамп во неделата го нарече овој потег „знак на пријателство“. На јапонскиот девизен пазар беше спроведена ретка билатерална акција со цел да се зајакне јенот, чија вредност во однос на доларот падна на најниското ниво во последните 40 години, пренесува Си-Ен-Ен. „Јенот е слаб и ним им беше потребна мала помош. Ние секогаш сме тука за Јапонија“, им изјави Трамп на новинарите во авионот „Ер форс 1“. Трамп се огласи откако „Фајненшл тајмс“ во петокот објави дека Федералната резервна банка на Њујорк, во име на Министерството за финансии на САД, продава евра за јени. Весникот се повика на извори запознаени со ситуацијата. Исто така, вреди да се напомене дека Јапонија поседува најголемо количество американски државни обврзници, па затоа во интерес на Америка е јенот да остане стабилен. Трамп во неделата изјави дека поддршката за јенот би била „добра за светската економија“. Како примери за американски интервенции што им помогнале на други економии, тој ги наведе минатогодишниот пакет помош за Аргентина во вредност од 20 милијарди долари и апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро. Трамп рече дека САД исто така би имале финансиска корист од овој потег, но не објасни како. Претходно, Трамп ја опиша конзервативната јапонска премиерка Санае Такаичи како „прекрасна личност“. This is an all timer from Donald pic.twitter.com/9QTuNjnWQx — jbulltard (@jbulltard1) August 3, 2026 „Имаме добри односи со Јапонија. Тие отсекогаш биле многу добри кон нас, со исклучок, се разбира, на Перл Харбор. Таму не беа добри“, се пошегува Трамп.Тагови: Доналд Трамп јапонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook