Поповиќ: Охридско лето високо котира во Европската фестивалска асоцијација

Поповиќ: Високото место во Европската фестивалска асоцијација е доказ за успесите на „Охридско лето“

Директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ ги презентираше успесите на фестивалот на Самитот на уметнички фестивали што се одржа изминативе четири дена во Уседом, Германија.

Според директорката Поповиќ Фестивалот „Охридско лето“ е специфичен и посебен, препознатлив и единствен на нашите простори, како еден од најистакнатите културни настани во Европа и светот, фестивал со вековна отвореност кон културите создавајќи духовна интеракција во размената на светските добра.

„Членството во оваа елитна асоцијација е доказ дека фестивалот „Охридско лето“ е на вистинскиот пат во неговата меѓународна афирмација. Високото место кое „Охридско лето“ го зазема меѓу повеќе од 140 фестивали членки на ЕФА ја потврдува неговата посебност и специфичност“, рече Поповиќ.

Поповиќ во говорот истакнала дека „Охридско лето“ секоја година пречекува над 1000 врвни уметници од целиот свет кои се воодушевени од прекрасната организација благодарение на посветеноста и професионализмот на тимот на Фестивалот.

„Долгогодишното опстојување на оваа манифестација упатува на една голема традиција, која извира од градот Охрид, духовната престолнина на државата, и важи за столб на македонската култура и стожер на нашата традиција. Токму ЕФА е местото од каде се промовира врвната уметност, се негува традицијата, се градат мостови помеѓу културите на различните народи и се создава визија за иднината на светската уметничка сцена “, истакна Поповиќ.

ЕФА асоцијацијата вклучува над 140 фестивали од 40 земји. Фестивалот „Охридско лето“ од 1994 година е значаен партнер на асоцијацијата. Годинава на предлог на директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ во оваа елитна асоцијација влегува и Драмски театар Белград од Р.Србија со кој се затвори минатото фестивалско издание на „Охридско лето“ со изведба на претставата „Лагата“ пред преполното гледалиште на Античкиот театар.

Директорката Поповиќ и во наредните четири години со реизбор останува како делегат на ЕФА. Асоцијацијата годинава доби нов Управен одбор.

Видео: Украински беспилотни летала влегле 1000 км во Русија, прекинати летови на два аеродроми

Русија денеска соопшти дека главниот аеродром во близина на градот Казан, на 1.000 километри од Украина, е привремено затворен откако украинско борбено беспилотно летало летало во регионот, јавува агенцијата Франс прес (Франс прес).

Украинските сили ги ескалираа воздушните напади на руските погранични области во последните неколку недели, но успеаја и да нападнат цели длабоко во руската територија. Според АФП, Министерството за одбрана соопшти дека соборило украинско беспилотно летало над централниот регион на Татарстан, но не прецизираше која била целта.

Два аеродроми во регионот, вклучително и главниот центар Казан, беа привремено затворени во исто време, соопшти Росавијација, руската воздухопловна управа. „Со цел да се обезбеди безбедност на цивилните авиони, воведени се привремени ограничувања на работата на два аеродроми во Татарстан - Казан и Нижнекамск“, соопштија државните новински агенции.

Русија претходно соопшти дека во текот на ноќта неутрализирала 17 украински беспилотни летала кои Киев ги користел за напад на складиште за гориво во јужниот град Ростов, каде што се наоѓа воениот штаб на Москва за нејзината операција во Украина.

Два беспилотни летала предизвикаа експлозии во складиште за гориво во Ростов, без да предизвикаат пожар или повредени, изјави локалниот гувернер Василиј Голубев на „Telegram“, пренесува „AFP“.

Извор: Индекс.хр

Лани 23.545 купопродажби на недвижности во вредност од 910 милиони евра

Во базата на Регистарот на цени и закупнини лани се внесени 32.971 трансакција, од кои 23.545 купопродажби на недвижности и 9.426 закупи на недвижен имот.  

Купопродажбите во Регистарот на цени и закупнини во 2023 година се намалени за четири проценти споредено со тие во 2022 година, а закупите се зголемени за девет проценти покажува Годишниот извештај за работата на Агенцијата за катастар на недвижности во периодот јануари-декември 2023 година.

Вредноста на регистрираните купопродажби со недвижности во 2023 година изнесува 910 милиони евра.

Минатата година најмногу купопродажби се регистрирани во март, 2.464, а најмалку. 1.722 имало во април, покажува Годишниот извештај за работата на Агенцијата за катастар на недвижности.

Регистрирани се 19.093 продажби во вредност од 670 милиони евра, 3712 купопродажби од инвеститор од 226 милиони евра, 683 откупи од страна на државата со вредност од шест милиони евра, како и 54 продажби на лицитација во вредност од 57 милиони евра.

Според типот на недвижностите, лани биле направени купопродажби на 7.518 станови во вредност од 431 милион евра, 2.810 куќи во вредност од 148 милиони евра, 1005 деловни простории од 139 милиони евра. Исто така, регистрирани се 8492 купопродажби на земјоделско земјиште со вредност од 77 милиони евра, 2.490 на градежно земјиште од 70 милиони евра, 78 во индустријата од 11 милиони евра, 708 гаражи со вредност од четири милиони евра...

Месечната закупнина за евидентираните 9426 закупи во 2023 година била во вредност од 4,284 милиони евра.

Лани имало 3011 закупи на станови, 1417 закупи на куќи, 3206 на државни парцели, 1222 на земјоделско земјиште и шуми, 225 на градежно земјиште, 199 закупи на индустриски објекти, 50 закупи на гаражи...

притисни ентер