„Само Вистина“ со Љубиша Николовски и Тодор Пендаров.

Во вечерашната „Само Вистина“ дебатираа Љубиша Николовски и Тодор Пендаров.

Пендаров: Во поглед на пораките од првите неколку дена од претседателската кампања, јас не видов тотално ништо. Видете ги пораките и на едниот и на другиот кандидат, тие се типични фолклорни пораки кои одговараат на нашето политичко милје, култура и Балкански менталитет. Настапуваат како професори, но лоши професори.

Николовски: Не очекував ништо повеќе ни помалку. И добиваме толку. Не знам дали некој очекувал повеќе?!По малку и двете партии се плашат од неуспех на изборите и не знам со што би ги стимулирале гласачите, кога се знае дека во Македонија најмногу излезност има на Парламентарни избори.

Пендаров: Ајде малку весела математика. На последната анкета стои дека 80 проценти од гласачите на ДУИ ќе гласаат за Блерим Река во првиот круг и мислам дека истражувањата се точни и Река ќе ги собере сите гласови на ДУИ.

Николовски: Не се сложувам со ова. Во вториот круг ќе излезат сите симпатизери на ДУИ. Ти Пендаров развиваш теза дека поради Албанците нема да успеат изборите односно тие ќе направат како што велиш ти Талат Џафери да е претседател, возврати Николовски.

Николовски: Ние на Балканот сме навикнати големи ветувања големи разочарувања и затоа немало губитници кај нас. Пендаров на ова рече дека поентата на ова било да дојде Американецот и да каже како ќе биде. Николовски возврати дека нема искуство како е и дали некој некому му кажувал или кажува но рече дека на крајот пак граѓаните излегуваат и гласаат и дека моќта е во граѓаните.

Повеќе детали погледнете во најновото издание на „Само Вистина".

Салах до Клоп: Ти посакувам среќа и се надевам дека ќе се сретнеме повторно

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах се обрати до тренерот, Јирген Клоп, кој во неделата за последен пат го предводеше тимот од „Енфилд“.

-Беше одлично да ги споделам сите овие трофеи и искуството од последните седум години со тебе. Ти посакувам среќа во иднина и се надевам дека повторно ќе се сретнеме, напиша Салах на социјалната мрежа.

Клоп во голем стил се прости од Ливерпул. Победи и почна да го скандира името на новиот тренер.

Германецот го презеде Ливерпул во октомври 2015 година. Под негово водство, тимот стана шампион на Англија, а воедно и победник на Лигата на шампионите. Покрај тоа, Ливерпул двапати го освои англискиот Лига куп и стана победник на националниот куп.

Сообраќајна несреќа кај Росоман

Сообраќајна несреќа се случила утрово кај Росоман, помеѓу патничко и товарно моторно возило, информираа од СВР Велес.

- Во 07.40 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека кај клучка Росоман се случила сообраќајна незгода, помеѓу патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(45) од Скопје и товарно возило „ивеко“ со бугарски национални ознаки, управувано од А.З.(59) од Прилеп. Во незгодата, возачот на патничкото возило се здобил со телесни повреди констатирани во болницата во Кавадарци, појаснија од СВР Велес.

Оттаму рекоа дека увидот е во тек, а сообраќајот се одвива нормално и без застој.

СБ на ОН не изгласа предлог-резолуција поднесена од Русија

СБ на ОН не ја изгласа предлог-резолуцијата поднесена од Русија за преземање акција за спречување на распоредувањето оружје во вселената.

Советот за безбедност на Обединетите нации вчера не ја изгласа предлог-резолуцијата поднесена од Русија со која се повикуваат сите земји да преземат итна акција за да го спречат распоредувањето оружје во вселената.

Предлог-резолуцијата доби седум гласа „за“, додека седум земји, вклучително и САД, гласаа против, а Швајцарија беше воздржана. За усвојување на резолуцијата беа потребни девет гласови во советот од 15 нации.

Со оглед на американската резолуција против нуклеарното оружје во вселената која не беше изгласана минатиот месец поради руското вето, американскиот претставник Роберт Вуд ја обвини Москва за манипулативна тактика.

Дебатата во Обединетите нации следи по американските извештаи во февруари за нуклеарните амбиции на Русија во вселената.

притисни ентер