„Само Вистина“ со д-р Драган Даниловски

Во вечерашната „Само Вистина“ гостуваше д-р Драган Даниловски.

Во врска со денешните масовни патувања за продолжениот викенд сметам дека и не е толкав проблем бидејќи граѓаните вообичаено одат во свои викендички и не се мешаат во гужви, а епидемиолошкиот ризик не е толку голем, рече д-р Даниловски.

Собиранка е собиранка, во затворено епидемиолошкиот ризик е поголем откплку на отворено, рече д-р Даниловски.

Преку т.н. „пренос од пошироката заедница" е кога е невозможно да се детектира изворот на зараза, затоа сметам дека по стивнувањето на овој пик треба да се направи масовен скрининг, рече д-р Даниловски.

Повеќе детали погледнете во најновото издание на „Само Вистина".

До 13 часот во Куманово гласале 22,16 отсто

Во Липково 17,01 отсто и во Старо Нагоричане 20,75 отсто од избирачите.

Според податоците на Државната изборна комисија, во Куманово излезноста до 13 часот e 22,16 отсто, во Липково 17,01, а во Старо Нагоричане 20,75 отсто.

– Право на глас во Куманово имаат 92.167 гласачи, информираше денеска претседателот на ОИК Куманово, Драган Јовановски. Изборите ги спроведуваат 167 избирачки одбори.

Претседателот на ОИК Липково, Лирим Јашари информираше дека во општината право на глас имаат 25.632 гласачи кои ќе гласаат на 36 избирачки места. Претседателот на ОИК Старо Нагоричан, Драган Јовановски информираше дека право на глас имаат 3.322 лица кои гласаат на 36 избирачки места, а процесот ќе го спроведуваат 38 избирачки одбори. /МИА

Потврдени 19 нови случаи на коронавирус во Словенија

Во Словенија се потврдени 19 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заболени од почетокот на епидемијата порасна на 1.878.

Од моментално активните случаи, 16 се хоспитализирани, а во последните 24 часа не е забележан ниту еден смртен случај, пренесе „СТА“.

Иако болеста во изминатите неколку недели главно се пренесуваше на приватни забави, се чини дека домовите за стари лица повторно стануваат потенцијални жаришта на што укажува и податокот дека двајца штитеници и четворица вработени од домови за стари лица во Словенија се заразени.

До 13 часот во Неготино гласале 33,44 отсто, Демир Капија 31,54, Кавадарци 31,9 отсто од избирачите

Неготино е општината од Тиквешијата во која најголем дел од избирачите излегле да гласаат до 13 часот, односно 33,44 проценти од лицата со право на глас кои се појавиле на избирачките места.

Неготино е општината од Тиквешијата во која најголем дел од избирачите излегле да гласаат до 13 часот, односно 33,44 проценти од лицата со право на глас кои се појавиле на избирачките места.

Демир Капија бележи 31,54 отсто излезеност на предвремените парламентарни избори до 13 часот, а Кавадарци 31,9 проценти. Во Росоман, за овој пресек е евидентирано дека 23,36 отсто од избирачите, го оствариле своето право на глас.

Според претседателите на општинските изборни комисии од овие општини, засега гласањето тече без проблеми и со преземени мерки за превенција и заштита од коронавирус./МИА

притисни ентер