Крмов: Зошто невладиниот сектор кој што беше најгласен во минатото, сега на ваква афера молчи и не реагира?
Пренџов: Ова е срам за македонската држава, како може некој за кого има меѓународна потерница да влегува во државата, а се поставува прашањето и каде се парите дадени за илегалните пасоши, за оваа афера треба да падне владата.
Крмов: Владата потфрли во се’, најслаби сме во имунизација, дури и кога ќе ги добиеме вакцините, нема акционен план како да се имунизираат граѓаните.
Пренџов: Здравствените работници работат прекувремено, реалноста во Македонија ја покажуваат бројките и тука е вистината за состојбата со пандемијата, се води „купи ден -продај“ политика.
Пренџов: Не може да добивате државјанство врз изјава на сведоци, ајде да видиме пример како е во другите држави, овој закон каков што е во Собранието нема да помине.
Крмов: Поднесениот закон за државјанство покажува дека Албанците декларативно се за ЕУ, a во пракса е сосема нешто друго.
Повеќе детали погледнете во најновото издание на „Само Вистина".