„Renault 4“ дефинитивно се враќа но повеќе нема да биде евтин - Канал 5

„Renault 4“ дефинитивно се враќа но повеќе нема да биде евтин

„Renault 4“ некогаш се рекламираше како мал и евтин автомобил со големи можности. Меѓутоа тој во иднина ќе добие сосема друга улога.

„Renault 4“ дефинитивно се враќа но повеќе нема да биде евтин

Новиот „Renault 4“ најверојатно ќе ја носи ознаката „4ever“, а ќе биде претставен во 2025 и секако, ќе има електричен погон.

Ќе ја користи „CMF-BEV“ платформата која ќе ја користи и моделот 5 но ќе има облик на кросовер и многу повисока цена.

Директорот на францускиот произведувач, Лука де Мео, потврди на минхенскиот саем дека „Renault 4“ ќе се врати, но и додаде: Доста научевмо од тоа што први понудивме електричен автомобил во Европа, но беше тоа скапа лекција. Овие автомобили мораат да ни донесат профит“.

Со тоа Мео уште појасно даде до знаење дека неговата компанија повеќе е сака да губи пари на електрични модели, како на „Renault Zoe“ и со 10 нови електрични модели сака до крајот на декадата да се зголеми уделот на електрични модели во продажбата на дури 90 отсто.

Добра работа е дека новата механичка платформа, која ја користи „Renault 5“ ги намалува трошоците за производство за 33% во однос на „Zoe“ кој како модел останува во продажба до 2024 година.

Исто така се очекува дека цената на батериите ќе падне на 80 долари за 1 kWh до 2030.

Оригиналниот „Renault 4“ се произведуваше од 1961 до 1993 година а за тоа време вкупно се продадени над 8 милиони возила.

Наследникот сосема сигурно ќе има ретро дизајн, со елементи на футуристички стил, додека се останато- вклучувајќи ја и цената, ќе биде некоја друга приказна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Приведени четири лица во Хрватска: Подметнати десет пожари

Полицијата приведе четири лица, меѓу кои и 33-годишна државјанка на Полска, под сомнение за намерно подметнување десет пожари во Задарската жупанија.

Приведени четири лица во Хрватска:  Подметнати десет пожари

Полициски службеници од Полициската управа во Задар спроведоа кривична истрага против тројца хрватски државјани на возраст од 46, 45 и 42 години и 33-годишна полска државјанка под сомнение за подметнување пожари на десет локации во Задарската жупанија.

Полицијата се сомнева дека сите четири лица, според претходен план и меѓусебен договор, намерно подметнале пожари на вкупно десет локации во Задар и пошироката Задарска жупанија на 14 и 15 август. Според резултатите од истрагата, тие ги предизвикале пожарите со користење на топлинска енергија од отворен пламен или парчиња запалив материјал со запалка, со цел да го загрозат животот и имотот од голема вредност на штета на голем број од населението на Задарската жупанија.

Врз основа на наредбата на надлежниот истражен судија на Окружниот суд во Задар, извршени се претреси во домовите и другите простории и возила што ги користеле осомничените.

Полициските службеници од 42-годишникот конфискувале полуавтоматска пушка со 44 куршуми, додека од 46-годишникот конфискувале пиштол и неколку мобилни уреди.

По спроведената кривична истрага, осомничените во законскиот рок биле предадени на надзорникот за притвор на Полициската управа Задар.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Жерновски: Како што најавивме, операцијата за медиумски мрак по рецептот на Вучиќ се спроведува и во Македонија

Денеска на прес-конференцијата мораме да кажеме една исклучително важна тема, односно исклучително важна операција што се одвива токму во овој момент додека ја одржуваме оваа прес-конференција. 

Жерновски: Како што најавивме, операцијата за медиумски мрак по рецептот на Вучиќ се спроведува и во Македонија

Како што најавивме, операцијата за медиумскиот мрак кој што ќе се случи во Македонија под покровителство и под директна режија на Вучиќ, веќе е во тек.

Ние ова, го знаат тоа граѓаните, го знаат и почитуваните претставници на медиумите го информиравме на ова укажувавме уште пред два месеца.

Значи токму во моментов додека ја држиме оваа прес- коференција во тек е операција за преземање на медиумскиот простор и медиумите воопшто во Македонија по моделот што Вучиќ веќе го воспоставува во Србија.

Како што можевте да го знаете вчера кај нашиот северен сосед веќе е завршена продажбата на медиумите од Adria News Network на инвестициската група Alpac Capital.

Во оваа медиумска група се Н1, Нова, Радар, Forbes Srbija и Данас.

Ајде да објасниме на граѓаните што всушност се случува.

Кој стои и со кого е поврзан Alpac Capital? Соработник, советник и пријател на кој друг ако не на Виктор Орбан.

Истата Alpac Capital во 2022 година го презеде мнозинскиот удел во Euronews.

Подоцна беше обелоденото дека за 45 милиони евра за таа трансакција дошле од унгарски државен фонд, а уште 12,5 милиони евра биле обезбедени преку компанија поврзана со комуникациските операции на унгарската влада.

Значи ние денеска и воопшто не зборуваме за изолирани и неповрзани бизнис зделки. Зборуваме за еден концепт, зборуваме за еден проект преку којшто треба да се воспостави тотално контрола на медиумскиот простор во нашата земја.

Тој концепт е според нас, според она што го гледаме всушност доградување на режим ко јшто се воспоставува во нашата држава. Истиот модел веќе сега како како што се спроведува во Србија, се спроведува и кај нас. Неслучајно тоа неколку пати го зборувавме унгарската 4iG ја доби дозволата за трет мобилен оператор во Македонија. Ете полека како се воспоставува целиот концепт и целиот проект и целиот модел за којшто зборувавме наназад.

Затоа и предупредувавме дека ова прашање не смее да се гледа како некоја обична тема туку да се гледа многу посериозно. А на големо се реализира и влезот и ширење на медиумите од страна на српскиот свет, блиски до власта на Вучиќ.

Затоа неслучајно во два наврати, две години по ред извештаите од Брисел, кога ќе кажам Брисел мислам на сите институции и Европскиот Парламент и Европската Комисија зборуваат за постоење, функционирање и влијание на српскиот свет во Македонија.

Информациите со кои располагаме укажуваат дека еден од плановите е преку Ало групацијата да се влезе и во телевизискиот простор во Македонија.

Како една од порвите опции се разгледува преземање на сопствеништвото на Наша ТВ.

Во операцијата клучна улога ќе има познатата Ивана Талеска со проектот Euronews кој започна во септември. Ако веќе доаѓаме до тоа име, секако доаѓаме и до Латас кој што е директивен извршител на политиката на Мицкоски.

Значи почитувани граѓани, кога нема резултати, кога нема пари во Буџетот, кога нема подобар живот за граѓаните, кога нема европска перспектива за граѓаните, тогаш единствено што останува на оваа власт е да ги фати медиумите за гуша и да воспостави контрола врз нивното работење и воопшто врз јавниот простор во нашата држава.

Денешната прес-конференција ја држиме токму на оваа тема, затоа што власта воспоставува политичко влијание врз институциите и се разбира како што кажав следна цел јавниот простор.

Некој ќе праша зошто. Зошто власта го прави ова? Многу едноставно власта го прави ова за да нема кој да прашува, да нема кој да постави прашање за криминалите, за тендерите, за немањето реформи, затоа што немаме европска перспектива или со еден збор ако сакате почитувани граѓани се воспоставува контрола за да нема кој да ја каже вистината во оваа земја и тоа е она што се случува.

Целта е јасна граѓаните да добиваат само една вистина. Вистина којашто ќе се сервира како единствена. Сетете се на омилените фрази на премиерот кој што од почеток на мандатот зборуваше за цитирам тоа е првпат некој да спомене во светот такво нешто за вистинската вистина.

За жал не чека медиумски мрак. За жал не чека еден демократски живот во наводници демократски без слободни медиуми, без критика и без вистина. Тука сме ние, тука е СДСМ. Дали е сега јасно зошто радарот Муцунски имаше интервју токму за Euronews ? Јасен е веќе концептот. Да завршам со тоа дека ова не е само прашање кој ќе биде сопственик на некоја телевизија или портал, ова е контрола на јавниот простор во нашата држава.

Прес-конференција на СДСМ, Андреј Жерновски, секретар за меѓународна соработка.

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Родри пристигна во Барселона и испрати порака: „Одиме по сè!“

Најдобриот фудбалер од 23 Мундијал, капитенот на светскиот шампион Шпанија, Родри пристигна во Барселона, каде што наскоро треба и официјално да биде претставен како ново големо засилување на каталонскиот клуб.

Видео: Родри пристигна во Барселона и испрати порака: „Одиме по сè!“

Шпанскиот репрезентативец не ги крие своите амбиции – ги сака сите трофеи, вклучително и оној во Лигата на шампионите.

Искусниот фудбалер пристигна во Барселона синоќа, малку подоцна од првично планираното поради доцнење на летот.

Родри денеска ќе ги мине лекарските прегледи, по што Барселона би требало официјално да го потврди неговиот трансфер.

По пристигнувањето на аеродромот, Шпанецот позираше пред присутните претставници на медиумите и веднаш испрати јасна порака до навивачите.

„Среќен сум. Изминатите неколку дена беа интензивни, но мило ми е што сè е решено. Се разбира, да се игра за Барселона е сон. Едвај чекам да им се придружам на соиграчите, од кои повеќето веќе ги познавам. Дали одиме по титулата во Лигата на шампионите? Да одиме по сè!“, изјави Родри.

Барселона и Манчестер Сити се договорија за трансфер во вредност од вкупно 76,5 милиони евра.

Од таа сума, 60 милиони евра претставуваат фиксен износ, додека преостанатите 16,5 милиони се предвидени преку бонуси и други договорени ставки. Преговорите меѓу двата клуба започнаа пред нешто повеќе од десет дена, а конечниот договор беше постигнат во неделата навечер.

Доколку лекарските прегледи и завршната процедура поминат без проблеми, трансферот ќе биде официјализиран во наредните неколку часа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер