Жител на скопски Раштак –наведува дека единствен превоз до центарот на Скопје во изминатите два дена им е автомобилот, бидејќи автобусот кој треба да ја опслужува линијата воопшто не се појавил.
-Веќе два дена, автобусот 65 од Скопје со с. Раштак преку с. Булачани не сообраќа. Сопругата вчера чекаше автобус после 12 часот во транспортен центар и мораше да се откаже и да дојдам јас да ја земам со автомобил, бидејќи двата автобуси кои сообраќаат во работен ден до с. Раштак не возеа, наводно зошто немаа гориво. Истото се случи и денес наутро. – Стои во пораката на Свето Тасев – Жител на С. Раштак до Канал 5.
Дека има недостаток на автобуси се пожалија и граѓаните кои ги затекнавме на постојките каде премрежуваат градските и приградските линии. Некои иако поседувале месечен билет, велат приморани се да се возат со такси, други пак автобус чекале дури 2 часа...
-Слободна имам, 1400 денари ја вадам, сега ако не помине 20ка, јас си одам со такси, и за што сум работела? За ништо. Повеќе даваме за такси и плус за автобус што плаќаме. Нема, ниту други автобуси нема, точно е дека нема.
- Некогаш можеме да чекаме и по 40 минути.
-27ца, 2 часа во Ново Лисиче – ја чекавте? Да, па се качив во 7ца, овде дојдов, па се прекачив таму.
Во меѓувреме, во јавноста се погласни се шпекулациите дека проблемот лежи во наводен голем долг на ЈСП за нафта кон добавувачот, поради што, било редуцирано снабдувањето со гориво, а автобусите неретко порано се повлекувале во депоата. Сомнежи дека нешто се случува има и кај граѓаните...
Гужва е, што значи дека не се толку редовни. Или е рестрикција или нешто има, тоа знаат само надлежните./ Зависи која релација, но не се редовни, кој знае кој жавол е тука што лежи во позадината.
Во однос на наводите, побаравме одговори од Град Скопје кои не упатија за детални информации до ЈСП. Директорот на претпријатието Крсте Петревски пак ги отфрла шпекулациите дека има недостаток на нафта, а линиите уверува дека се редовни со доволно автобуси. – за долгот за нафта, посочи да побараме одговор од понеделник.
-Информациите кои сте ги добиле за недостаток на нафта не се точни, јавното сообраќајно претпријатие троши големи количини на гориво бидејќи секојдневно 300 автобуси излегуваат од базата и тоа е постапка која тековно тече. Ете уште една шпекулација, вчера ЈСП редовно прими нафта, преку 80тина тони, значи испораките на нафта течат вообичаено, ЈСП ги сервисира своите обврски редовно,-- Крсте Петревски – Директор на ЈСП.
Претрпијатието веќе со години работи како загубар, а пред неколку месеци имаше и штрајк на вработените поради неисплатените плати, проблем кој се реши со 11те милиони евра субвенција која ја изгласа советот. Од ЈСП дополнуваат дека веќе три години Владата не ги плаќа своите обврски за бесплатниот превоз на пензионери, ученици и останати граѓани...